Фудбалска репрезентација на Фарски Острови

Фудбалска репрезентација на Фарски Острови (фарски: Føroyska fótbóltsmanslandsliðið; дански: Færøernes fodboldlandshold), ги претставува Фарските острови во фудбалот и е контролирана Фудбалската асоцијација на Фарски Острови. Фарските острови станале членка на ФИФА во 1988 година и УЕФА во 1990 година и е четврта најмала земја на УЕФА по население.[1]

Фудбалска репрезентација на Фарски Острови
Прекари(и)Landsliðið (Ландслитит; Репрезентацијата)
СојузФотболсамбанд Фороја
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторНакан Ериксон
КапитенГунар Нилсен
Најмногу настапиФроти Бенјаминсен (94)
Најдобар стрелецРогви Јакобсен (10)
Домашен стадионТорсволур
Домашни бои
Гостински бои
Репрезентацијата на Фарски Острови во март 2013
Фарски Острови против Италија на 2 септември 2011. Натпреварот завршил со пораз од 1:0.

Фарските острови никогаш не учествувале на завршницата на Светското првенство или Европското првенство. Тие учествувале на Островските игри во 1989 и 1991 година и ги освоиле двата турнира. Тие, исто така, учествувале на Нордиското фудбалско првенство за првпат во периодот 2000/01 година, последен пат кога се играло натпреварувањето. На Фарските острови, репрезентацијата е позната како „Ланслитит“. Домашните натпревари ги играат на Стадионот Торсволур.

Историја

Рани години (1930-1988)

Од 1930 до 1988 година, пред меѓународното членство, Фарските острови играле само репрезентативни натпревари против Исланд, Шетланд, Оркниски Острови, Гренланд и Данска под 21 година. Ниту еден од овие натпревари не бил сметан за службен ниту од ФИФА, ниту од Фудбалската асоцијација на Фарски Острови.[2]

Фарските острови се најуспешниот состав на пријателскиот турнир познат како Гренландски Куп, со две победи во купот во 1983 и 1984 година.[3][4]

Времето на Хакан Ериксон (2019-)

На 16 декември 2019 година, Фудбалската асоцијација на Фарски Острови објавила дека потпишале четиригодишен договор со шведскиот селектор Хакан Ериксон.[5]

Успеси

Островски игри:

  • Освојувачи: 1989, 1991

Гренландски куп:

  • Освојувачи: 1983, 1984

Стадиони

Помеѓу 1999 и 2011 година, Фарските острови ги играле своите домашни натпревари на два различни стадиони, менувајќи ги Торсволур и Свангаскарт. Нивниот последен натпревар на Свангаскарт била победа од 2:0 во квалификацискиот натпревар на Европското првенство 2012 над Естонија на 7 јуни 2011 година.[6] Оттогаш било направено сеопфатно реновирање помеѓу натпреварите на Торсволур, кој го претворил стадионот во повеќефункционално место за концерти и спортови воопшто. Иако, меѓународниот фудбал е воглавен за користење. Рефлектори биле воведени во 2011 година, а поставени биле и 6,000 нови седишта под покрив, површината била заменета со вештачка трева и стадионот сега ги исполнува сите барања на УЕФА и ФИФА.[7]

Историја на ФИФА ранкингот

Извор:[8]

199319941995199619971998199920002001200220032004200520062007200820092010201120122013201420152016201720182019
11513312013511712511211711711412613113218119418411713611615317010497839594110

Поддржувачи

Скансин, фарски фудбалски поддржувачи на натпреварот Фарски Острови-Грција на Торсволур во 2015 година.

Фарските острови имаат главна трибина за своите приврзаници на Торсволур, кои се познати како „Скансин“, што значи тврдина на македонски јазик. Скансин биле формиран во 2014 година, по нивната 1-0 гостинска победа против Грција во Пиреја и отворањето на нивниот ново реновиран стадион. Заклучно со април 2016 година, Скансин имале 400 членови на домашен терен, а трибините биле распродадени на секој натпревар на домашен терен. После победата на Северна Ирска со 3:1 против Фарски Острови за време на квалификациите за Евро 2016 на 4 септември 2015 година, напаѓачот на Северна Ирска, Кајл Лафрети изјавил дека е особено импресиониран од фарските приврзаници, бидејќи тие навивале за своите играчи во текот на целиот натпревар, дури и кога Фаровјаните потклекнале при веројатен резултат од 1-1. Тапаните и трубите се суштински дел од нивната поддршка.[9]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица