Европско првенство во фудбал 2016


Европското првенство во фудбал 2016 (УЕФА Евро 2016) — 15-тото Европско фудбалско првенство. Натпреварувањето се одржало од 10 јуни до 10 јули 2016 година, а домаќинот Франција бил избран на 28 мај 2010 година. На ова првенство по првпат бројот на учесници бил проширен од 16 на 24 репрезентации.

Европско првенство во фудбал 2016
Европско првенство во фудбал 2016
Европско првенство во фудбал 2016
Општо за првенството
Домаќин(и)Франција Франција
      градови10
      стадиони10
Период на одржување10 јуни10 јули 2016
Број на учесници24
Распределба на медалите
Шампион Португалија
Второ место Франција
Трето место Германија
 Велс
Статистички податоци за првенството
Посетеност2.427.303  (47.594 по натпревар)
Одиграно натпревари51
Дадено голови108  (2.12 по натпревар)
Најдобар стрелецФранција Антоан Гризман (6 гола)
Најдобар играчФранција Антоан Гризман[1]
2012
2020

Првенството го освоила Португалија, која во финалето го победила домаќинот Франција по продолженија.

Изборот на домаќин

Кандидати за домаќини на ЕП 2016:
  Франција
  Италија
  Турција

Пред истекот на рокот на 9 март 2009 година за избор на домаќин на Европското првенство во фудбал 2016, кандитатура за домаќини поднеле Франција, Турција и Италија како и Норвешка и Шведска кои пријавиле заедничка кандидатура.[2] Во декември истата година Норвешка и Шведска ја повлекле својата кандитатура.[3]

Одлуката за домаќин на Европското првенство била донесена на 28 мај 2010.[4]

Резултати од гласањето
ДржаваРунда[5]
1. (бодови)2. (гласови)
Франција437
Турција386
Италија23
Вкупно10413

Квалификции

Квалификациски групи
Група АГрупа БГрупа Ц
 Чешка  Белгија  Шпанија
 Исланд  Велс  Словачка
 Турција БиХ  Украина
 Холандија  Израел  Белорусија
 Казахстан  Кипар  Луксембург
 Латвија  Андора  Македонија
Група ДГрупа ЕГрупа Ф
 Германија  Англија  Северна Ирска
 Полска  Швајцарија  Романија
 Ирска  Словенија  Унгарија
 Шкотска  Естонија  Финска
 Грузија  Литванија  Фарски Острови
 Гибралтар  Сан Марино  Грција
Група ГГрупа ХГрупа И
 Австрија  Италија  Португалија
 Русија  Хрватска  Албанија
 Шведска  Норвешка  Данска
 Црна Гора  Бугарија  Србија
 Лихтенштајн  Азербејџан  Ерменија
 Молдавија  Малта

Со проширувањето на 24 екипи, среднорангираните репрезентации имале поголема шанса да се квалификуваат за завршницата на Европското првенство. Дотогашниот квалификациски формат од 9 групи со по шест и пет репрезентации останал ист, а екипите се поделени по групи според коефициентот на УЕФА. Вкупно 53 репрезентации пробале да се изборат за 23-те места кој воделе во завршницата на првенството и така да му се приклучат на домаќинот Франција, која била единствената репрезентација која се пласирала директно без да игра квалификации. Репрезентацијата на Гибралтар за првпат настапила во квалификациите за Европско првенство, откако официјално во 2013 година била призната како членка на УЕФА.

Квалификациските групи биле извлечени на 23 февруари 2014 во Ница.[6] По завршувањето на натпреварувањето по групи, првопласираните и второпласираните репрезентации од секоја група се пласирале директно на завршниот турнир, заедно со најдобрата третопласирана репрезентација (не земајќи во обѕир натпреварите со одиграни со репрезентациите кои биле на 6 место во групите), која на крајот била Турција. Останатите репрезентации кои завршиле на трето место во групите играле бараж-двобои, при што четирите победници исто така се квалификувале за првенството.[7][8][9]

Квалификувани репрезентации

Вкупно 13 од 16 репрезентации (вклучувајќи го и домаќинот Франција) кои настапиле на првенството во 2012 успеале да се квалификуваат и за овој турнир. Меѓу нив е и Англија, која станала само шестата репрезентација со максимално остварување во квалификациите (10 победи во 10 натпревари);[10] бранителот на титулата Шпанија; и светскиот првак Германија, која се квалификувала за своето 12-то едноподруго европско првенство.[11] Романија, Турција, Австрија и Швајцарија се вратиле во завршницата на европските првенства откако го пропуштиле првенството во 2012, со тоа што Австријците се квалификувале само за своето второ европско првенство, после она во 2008 кога биле домаќини.[12] Меѓу репрезентациите кој се вратиле на првенството по подолго време се вбројува Белгија, која се пласирала на Евро по првпат кога биле домаќини на првенството во 2000 и Унгарија која настапила по првпат после 44 години и првенството во 1972 и 30 години после нивниот последен настап на некое големо натпреварување (Светското првенство 1986 во Мексико).

Пет репрезентации се квалификувале на своето прво Европско првенство во фудбал: Албанија, Исланд, Северна Ирска, Словачка и Велс.[12] Освен тоа, репрезентациите на Албанија и Исланд никогаш претходно не играле на ниту едно големо натпреварување.[12] Исто така, Австрија и Украина по првпат успешно се квалификувале за едно ЕП, со оглед на тоа дека претходно настапувале само како домаќини во (2008 и 2012). Шкотска била единствената британска нација која не успеала да се квалификува за завршницата,[13] а вредно за споменување е и разочарувачкото последно место во квалификациската група за шампионот од 2004 Грција. Исто така, уште два поранешни победници не се квалификувале: победникот од 1988, Холандија и шампионот од 1992, Данска; Холанѓаните не се квалификувале за првпат од првенството 1984 (исто така одржано во Франција) и само 16 месеци по освојувањето на третото место на Светското првенство 2014 во Бразил[14], а за Данците ова е второ пропуштено првенство во последните 32 години откако во дополнителните квалификации биле поразени од Шведска.

ЕкипаНачин на квалификувањеДата на квалификувањеПретходни првенства1 2
 
 ФранцијаКако домаќин
28 мај 2010
(8) (1960, 1984, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
 АнглијаПобедник во групата Е
5 септември 2015
(8) (1968, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2012)
 ЧешкаПобедник во групата А
6 септември 2015
(5) (1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
 ИсландВторопласирани во групата А
6 септември 2015
(0) (дебитант)
 АвстријаПобедник во групата Г
8 септември 2015
(1) (2008)
 Северна ИрскаПобедник во групата Ф
8 октомври 2015
(0) (дебитант)
 ПортугалијаПобедник во групата И
8 октомври 2015
(6) (1984, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
 ШпанијаПобедник во групата Ц
9 октомври 2015
(9) (1964, 1980, 1984, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
 ШвајцаријаВторопласирани во групата Е
9 октомври 2015
(3) (1996, 2004, 2008)
 ИталијаПобедник во групата Х
10 октомври 2015
(8) (1968, 1980, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
 БелгијаПобедник во групата Б
10 октомври 2015
(4) (1972, 1980, 1984, 2000)
 ВелсВторопласирани во групата Б
10 октомври 2015
(0) (дебитант)
 РоманијаВторопласирани во групата Ф
11 октомври 2015
(4) (1984, 1996, 2000, 2008)
 АлбанијаВторопласирани во групата И
11 октомври 2015
(0) (дебитант)
 ГерманијаПобедник во групата Д
11 октомври 2015
(11) (1972, 1976, 1980, 1984, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
 ПолскаВторопласирани во групата Д
11 октомври 2015
(2) (2008, 2012)
 РусијаВторопласирани во групата Г
12 октомври 2015
(4) (1996, 2004, 2008, 2012)
 СловачкаВторопласирани во групата Ц
12 октомври 2015
(0) (дебитант)
 ХрватскаВторопласирани во групата Х
13 октомври 2015
(4) (1996, 2004, 2008, 2012)
 ТурцијаНајдобра третопласирана екипа
13 октомври 2015
(3) (1996, 2000, 2008)
 УнгаријаПобедник во баражот
15 ноември 2015
(2) (1964, 1972)
 ИрскаПобедник во баражот
16 ноември 2015
(2) (1988, 2012)
 ШведскаПобедник во баражот
17 ноември 2015
(5) (1992, 2000, 2004, 2008, 2012)
 УкраинаПобедник во баражот
17 ноември 2015
(1) (2012)
1 Задебелениот текст го означува шампионот на тоа првенство.
2 Закосениот текст го означува домаќинот на тоа првенство.


Стадиони

Во почетокот, дванаесет стадиони биле претставени во кандидатурата на Франција која е избрана на 28 мај 2010 за домаќин на Европското првенство. До мај 2011, тој број се смалил на девет. Меѓутоа, во јуни било предложено бројот на стадионите да се прошири на единаесет.[15] Сепак, Фудбалскиот сојуз на Франција одбрал девет стадиони за одигрување на натпреварите на првенството.

Изборот за првите седум стадиони бил неприкосновен - националниот стадион во Франција, Стад де Франс, четирите новоизградени стадиони во Лил, Лион, Ница и Бордо, како и стадионите во Париз и Марсеј. Последните две преостанати места, откако Стразбур се откажал од финансиски причини,[16] избрани биле Ленс и Нанси во првиот круг на гласање, наместо Сент-Етјен и Тулуза кои биле оставени како алтернатива.

Во јуни 2011 година, бројот на стадионите бил зголемен на единаесет поради новиот формат на турнирот кој вклучува 24 екипи, наместо дотогашните 16.[17][18] Одлуката значела дека градовите резерви, Тулуза и Сент-Етјен, се придружиле на пописот градови домаќини. Меѓутоа, во декември 2011 година, градот Нанси најавил повлекување од турнирот, поради неуспешниот обид за реновирање на стадионот, што значело дека првенството ќе се игра на десет стадиони.[19]

Стад де ла Божоар во Нант и Стад де ла Мосон во Монпелје (стадиони кој биле користени за време на Светското првенство 1998) не биле избрани. Конечниот список од десет стадиони бил потврден од извршниот комитет на УЕФА на 25 јанауари 2013 година.[20]

Сен Дени 2 5Марсеј 1 2 3 4Лион 1 2 4 5Лил
Стад де ФрансВелодормСтад де ЛумиерСтад Пјер-Моруа
48°55′28″N 2°21′36″E / 48.92444° СГШ; 2.36000° ИГД / 48.92444; 2.36000 (Stade de France)43°16′11″N 5°23′45″E / 43.26972° СГШ; 5.39583° ИГД / 43.26972; 5.39583 (Stade Vélodrome)45°45′56″N 4°58′52″E / 45.76556° СГШ; 4.98111° ИГД / 45.76556; 4.98111 (Stade des Lumières)50°36′43″N 3°07′50″E / 50.61194° СГШ; 3.13056° ИГД / 50.61194; 3.13056 (Stade Pierre-Mauroy)
Капацитет: 81.338Капацитет: 67.394
(реновиран)
Капацитет: 59.286
(нов стадион)
Капацитет: 50.186
(нов стадион)
Париз 1 2 3 4
Парк на принцовите
48°50′29″N 2°15′11″E / 48.84139° СГШ; 2.25306° ИГД / 48.84139; 2.25306 (Парк на принцовите)
Капацитет: 47.000
(реновиран)
Бордо 1 2
Нов стадион во Бордо
44°53′50″N 0°33′43″W / 44.89722° СГШ; 0.56194° ЗГД / 44.89722; -0.56194 (Bordeaux)
Капацитет: 42.115
(нов стадион)
Сент-Етјен 2 4 5НицаЛенс 2 4Тулуза 1 2
Стад Жофроа-ГишарАлијанц РивиераСтад Болар-ДелелисСтадион Мунисипал
45°27′39″N 4°23′24″E / 45.46083° СГШ; 4.39000° ИГД / 45.46083; 4.39000 (Сент-Етјен)43°42′25″N 7°11′40″E / 43.70694° СГШ; 7.19444° ИГД / 43.70694; 7.19444 (Ница)50°25′58.26″N 2°48′53.47″E / 50.4328500° СГШ; 2.8148528° ИГД / 50.4328500; 2.8148528 (Ленс)43°34′59″N 1°26′3″E / 43.58306° СГШ; 1.43417° ИГД / 43.58306; 1.43417 (Тулуза)
Капацитет: 41.965
(реновиран)
Капацитет: 35.624
(нов стадион)
Капацитет: 38.223
(реновиран)
Капацитет: 33.300
(реновиран)

Формат на натпреварување

За да се опфати проширувањето од 16 на 24 репрезентации, променет е форматот на натпреварување кој се користел на претходното првенство со додавање на уште две дополнителни групи во групната фаза на натпреварување, како и еден додатен круг во нокаут-фазата. Во шесте групи (A до Ф) се наоѓаат по четири репрезентации, со тоа што двете првопласирани од секоја група поминуваат понатаму во нокаут фазата. Исто така, ним ќе им се приклучат и четирите најдобри третопласирани селекции. Ваквиот начин на натпреварување е веќе применуван на Светските првенства 1986, 1990 и 1994 со исклучок на играње на натпревар за трето место. Ваквиот формат на натпреварување носи одигрување на вкупно 51 натпревар за разлика од претходниот турнир на кој е одигран 31 натпревар, кои се играле во период од 31 ден.[21]

Состави

Резултати

Правила на натпреварувањето

Доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови по завршувањето на групната фаза на натпреварување, ќе се применуваат следниве критериуми:[22]

  1. Поголем број на освоени бодови во одиграните натпревари измеѓу екипите кој се во прашање;
  2. Подобра гол-разлика која произлегува од одиграните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
  3. Поголем број на постигнати двобои во одиграните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
  4. Ако и понатаму, и после применувањето на критериумите од 1 до 3, екипите се изедначени, критериумите од 1 до 3 ќе се повторат исклучиво за натпреварите помеѓу екипите кои се во прашање како би се утврдила конечната ранг листа. Ако оваа постапка не доведе до одлука, тогаш ќе се применуваат критериумите од 5 до 9:
  5. Подобра гол-разлика вклучувајќи ги сите натпревари во групата;
  6. Поголем број постигнати голови вклучувајќи ги сите натпревари во групата;
  7. Ако само две екипи имаат ист број на бодови, а тие се изедначени според критериумите 1-6 откако ќе се сретнат во последното коло од групната фаза, нивното рангирање ќе се одреди со изведување на пенали. (Овој критериум не се користи ако повеќе од две екипи имаат ист број на бодови.)
  8. „Фер-плеј“ однесувањето (1 бод за еден жолт картон, 3 бода за црвен картон како последица на два жолти картони, 3 бода за директен црвен картон, 4 бода за жолт картон по кој следи директен црвен картон);
  9. Позиција на Ранг списокот на УЕФА.

Четирите најдобри третопласирани екипи се одредуваат според следните критериуми:[22]

  1. Поголем број освоени бодови;
  2. Подобра гол-разлика;
  3. Поголем број на постигнати голови;
  4. „Фер-плеј“;
  5. Позиција на Ранг списокот на УЕФА.

Групна фаза

Распоредот на натпреварување во групната фаза УЕФА го објавила на 25 април 2014 година.[23][24] Времето на одигрување на натпреварите е прикажано по месно време, CEST (UTC+2).Победниците на групите, второпласираните екипи и четирите најдобри третопласирани екипи ќе обезбедат учество во нокаут-фазата на турнирот.

Група A

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Франција7321041+3
2.  Швајцарија5312021+1
3.  Албанија3310213-2
4.  Романија1301224-2
v  Романија
v  Швајцарија

v  Швајцарија
v  Албанија

v  Франција
v  Албанија

Група Б

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Велс6320163+3
2.  Англија5312032+1
3.  Словачка43111330
4.  Русија1301226-4
v  Словачка
v  Русија

v  Словачка
v  Велс

v  Англија
v  Велс

Група Ц

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Германија7321030+3
2.  Полска7321020+2
3.  Северна Ирска33102220
4.  Украина0300305-5
v  Северна Ирска
v  Украина

v  Северна Ирска
v  Полска

v  Полска
v  Германија

Група Д

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Хрватска7321053+2
2.  Шпанија6320152+3
3.  Турција3310224-2
4.  Чешка1301225-3
v  Хрватска
v  Чешка

v  Хрватска
v  Турција

v  Шпанија
v  Турција

Група E

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Италија6320131+2
2.  Белгија6320142+2
3.  Ирска3311124-2
4.  Шведска1301213-2
v  Шведска
v  Италија

v  Шведска
v  Ирска

v  Белгија
v  Ирска

Група Ф

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Унгарија5312064+2
2.  Исланд5312043+1
3.  Португалија33030440
4.  Австрија1301214-3
v  Унгарија
v  Исланд

v  Унгарија
v  Австрија

v  Австрија
v  Португалија

Поредок на третопласираните екипи во групите

Поз.ГрупаРепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.Б  Словачка43111330
2.Е  Ирска4311124-2
3.Ф  Португалија33030440
4.Ц  Северна Ирска33102220
5.Д  Турција3310224-2
6.А  Албанија3310213-2

Нокаут фаза

ОсминафиналеЧетвртфиналеПолуфиналеФинале
              
25 јуни – Сент-Етјен      
   Швајцарија 1 (4)
30 јуни – Марсеј
   Полска (п) 1 (5) 
   Полска 1 (3)
25 јуни – Ленс
    Португалија (п) 1 (5) 
   Хрватска 0
6 јули – Лион
   Португалија (прод.) 1 
   Португалија 2
25 јуни – Париз
    Велс 0 
   Велс 1
1 јули – Лил
   Северна Ирска 0 
   Велс 3
26 јуни – Тулуза
    Белгија 1 
   Унгарија 0
10 јули – Сен Дени
   Белгија 4 
   Португалија (прод.) 1
26 јуни – Лил
    Франција 0
   Германија 3
2 јули – Бордо
   Словачка 0 
   Германија (п) 1 (6)
27 јуни – Сен Дени
    Италија 1 (5) 
   Италија 2
7 јули – Велодорм
   Шпанија 0 
   Германија 0
26 јуни – Лион
    Франција 2 
   Франција 2
3 јули – Сен Дени
   Ирска 1 
   Франција 5
27 јуни – Ница
    Исланд 2 
   Англија 1
   Исланд 2 

Осминафинале

v  Полска

v  Северна Ирска

v  Португалија

v  Ирска

v  Словачка

v  Белгија

v  Шпанија

v  Исланд

Четвртфинале


v  Белгија


v  Исланд

Полуфинале

v  Велс

v  Франција

Финале

v  Франција

Победник

Победник на Европското првенство во фудбал 2016


Португалија
1. титула

Награди

Тим на турнирот

ПозицијаИграч
Голман Руи Патрисио
Одбрана Џошуа Кимих
Жером Боатенг
Пепе
Рафаел Гереиро
Среден ред Антоан Гризман
Арон Рамзи
Џо Алан
Тони Крос
Димитри Паје
Напад Кристијано Роналдо

Симболи на првенството

Beau Jeu, официјалната топка на првеснтвото.

Маскота

Официјална маскота на првенството е „Супер Виктор“, дете-суперјунак, објавен на 18 ноември 2014.[78] Се работи за дете во националниот дрес на француската фудбалска репрезентација со црвена наметка, така што се присутни сите три бои на француското знаме. Познато е дека наметката, копачките и топката се неговите супермоќи. Маскотата за првпат се појавила на 18 ноември 2014 на натпреварот помеѓу Франција и Шведска на Стадионот Велодром во Марсеј. Нејзиното име е откриено на 30 ноември 2014 откако добила околу 50 000 гласови на официјалната страна на УЕФА, повеќе од другите две кандидатски имиња „Дриблу“ и „Гоаликс“.[79] Името се темели на идејата за обедување и упатува на супермоќите на детето кога ги пронашол волшебната наметка, копачки и топка.[80]

Лого и мото

Официјалниот логотип на првенството е објавен на 26 јуни 2013, за време на церемонијата “Павијон Камбон Капицин“ (Pavillon Cambon Capucines) во Париз.[81] Него го смислила португалската агенција Брандија Сентрал, која исто така и го создала визуелниот идентитет за претходните Европски фудбалски првенства. Дизајнот се темели на темата "прослава на уметноста на фудбалот". Логото го прикажува трофејот на Европското првенство со сина, бела и црвена боја на француското знаме, окружен со мешавина од облици и линии кои претставуваат различни уметнички движења и фудбалски елементи.[82]

На 17 октомври 2013 УЕФА го објавила официјалното мото на првенството: „Ле рандеву“ (Le Rendez-Vous). Кога бил запрашан за неговото значење, претседателот на Организацискиот одбор на ЕП 2016, Жак Ламбер, одговорил дека мотото „многу повеќе од потсетник на датуми (...) и игралишта“. Понатаму, објаснил дека „УЕФА праќа порака до сите фудбалски навивачи ширум светот и љубители на големи настани, покана за делење на емоции на еден елитен турнир.“[83]

Официјална топка

Официјална топка на првенството е „Убава игра“ (Beau Jeu) на Адидас, која била претставена на 12 ноември 2015 од поранешниот француски репрезентативец Зинедин Зидан.[84]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица