Ширли Темпл

Ширли Темпл (англиски: Shirley Jane Temple) (23 април 1928, Санта Моника, Калифорнија, САД10 февруари 2014, Вудсајд, Калифорнија, САД) — американска филмска глумица.

Ширли Темпл во 1965 г.

Животопис

Потписот на Ширли Темпл.

Ширли Темпл е родена на 23 април 1928 година во Санта Моника, Калифорнија. Кон крајот на 1960-тите, Темпл влегла во американската политика и била републикански кандидат за Конгресот, а подоцна станала дипломат. Темпл починала од природна смрт на 10 февруари 2014 година, во својот дом во Вудсајд, Калифорнија.[1]

Темпл во филмот „Малата принцеза“ од 1939 г.

Филмска кариера

Ш. темпл во 1944 г.

Ширли Темпл се прославила во 1930-тите, како дете-глумица во Холивуд, а првата улога ја одиграла на тригодишна возраст. Со филмовите „Стани и навивај“, „Сјајни очи“ и „Малиот полковник“, таа станала голема ѕвезда, а веќе на шестгодишна возраст добила специјален „Оскар“ и до ден-денес, таа е најмладата добинтичка на оваа награда. Во текот на својата кариера, таа снимила 43 филма, но подоцна имала големи проблеми да ја одржи својата кариера и на возраст од 22 години се повлекла од филмската индустрија.

Ш. Темпл во 1990 г.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица