16 декември

датум

16 декември — 350-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (351-и во престапна година). Остануваат 15 денови до крајот на годината.

Настани:

1946 Започнува со работа обновениот Филозофски факултет во Скопје, наследник на истоимениот факултет отворен во 1920 г. Оваа година станува првиот факултет во Македонија на македонски јазик и првата високошколска установа на идниот Скопски универзитет.
1993 Со размена на официјални документи, во Скопје, шест земји членки на ЕУВелика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска - воспоставиле целосни дипломатски односи со Република Македонија.
1945 Во Костур, Егејска Македонија, започна судскиот процес против 106 Македонци од гратчето Хрупишта, Костурско, обвинети за соработка со окупаторот и покрај тоа што повеќето од нив беа борци на ЕЛАС. Некои од нив беа осудени на казна доживотен затвор, а други на временски казни.

Родени:

1485 Катерина Арагонскакралица на Англија
1770 Лудвиг ван Бетовен — германски композитор.
1775 Џејн Остин — англиска писателка.
1790 Леополд I — крал на Белгија.
1834 Леон Валрас — француски економист.
1866 Василиј Кандински — руски сликар.
1869 Д-р Христо Татарчев — основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација.
1888 Александар I Караѓорѓевиќ — крал на Србија.
1902 Рафаел Алберти — шпански поет, драматург, сликар, графичар.
1908 Ремедиос Варо — шпанско-мексиканска сликарка.
1912 Коле Неделковски — македонски поет и револуционер.
1917 Артур Кларк — британски писател и пронаоѓач.
1928 Филип Дик — американски писател.
1932 Родион Шчедрин — руски композитор и пијанист.
1938 Лив Улман — норвешка глумица.
1944 Џон Аберкромби — американски џез-музичар.
1945 Жељко Бебек — југословенски и хрватски рок-пејач.
1949 Били Гибонс — американски рок-музичар, член на групата „ЗЗ Топ“ (ZZ Top).
1959 Драган Здравковиќ — српски и југословенски атлетичар.
1964 Хајке Дрехслер — германска атлетичарка.
1967 Донован Бејли — канадски атлетичар.
1979 Даниел Нарсис — француски ракометар.
1983 Франческо Фаили — италијански велосипедист.
1988 Матс Хумелс — германски фудбалер.
1988 Алексеј Швед — германски кошаркар.
1996 Серхио Регилон — шпански фудбалер.

Починале:

882 Јован VIII — римски папа.
1072 Алп Арслансултан на Селџуците.
1859 Вилхелм Грим — германски филолог и писател, еден од браќата Грим.
1914 Иван Зајц — хрватски композитор.
1933 Јанаки Паскалев — македонски револуционер.
1949 Трајчо Костов — бугарски комунист.
1965 Вилијам Сомерсет Мом — англиски писател.
1969 Васил Хаџиманов — македонски етномузиколог и педагог.
1965 Вилијам Сомерсет Мом — англиски писател.
1974 Костас Варналис — грчки писател.
2001 Стјуарт Адамсон — шкотски рок-музичар, член на групите „Скидс“ и „Биг кантри“.
2009 Егор Гајдар — руски економист и политичар.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица