29 април

датум
<<април>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
282930
2024

29 април — 119-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (120-и во престапна година). Остануваат 246 денови до крајот на годината.

Настани:

1429 Јованка Орлеанка на чело на неколку стотици Французи ги победила англиските освојувачи и го зазела градот Орлеан.
1672 Кралот Луј XIV извршил инвазија на Холандија.
1861 По предлог на епископот Јосип Јурај Штросмајер, Собранието на Хрватска донело одлука за основање на Југословенска академија на науките и уметностите како матична културно-научна установа на сите Јужни Словени.
1945 Втора светска војна: германските окупациски сили во Италија безусловно капитулирале пред Сојузниците.
1968 Мјузиклот „Коса“ — претставително дело на хипи-движењето и пацифизмот бил премиерно прикажан на Бродвеј во Њујорк, САД.
1997 Во Луксембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишале спогодбата за соработка.
1999 При бомбардирањето на НАТО на СР Југославија била урната највисоката зграда во земјата — телевизиската кула (203 м) на планината Авала, близу Белград.
2005 Сирија целосно се повлекла од Либан, окончувајќи ја 29-годишната окупација.
2011 Британскиот принц Вилијам се венчал со неговата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон.

Родени:

1519 Тинторето — италијански сликар.
1769 Артур Велсли Велингтон — британски генералисимус од Наполеоновите војни.
1818 Александар II Николаевич Романовруски цар.
1854 Жил Анри Поанкаре — француски математичар, физичар и филозоф.
1863 Константин Кавафи — грчки поет.
1899 Алдо Нади — италијански мечувалец.
1899 Дјук Елингтон — американски џез пијанист, композитор и водач на оркестар.
1901 Хирохито — јапонски цар.
1907 Фред Синеман — американски филмски режисер.
1925 Ивао Такамото — американски аниматор на цртани филмови.
1933 Вили Нелсон — американски пејач, глумец и писател.
1936 Зубин Мехта — индиски диригент.
1940 Питер Дајмонд — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
1947 Владимир Милчин — македонски театарски режисер.
1947 Иван Јевтиќ — српски композитор и член на САНУ.
1948 Михаел Кароли — германски рок-музичар.
1964 Џеј Рамадановски — српски фолк-пејач.
1970 Андре Агаси — американски тенисер.
1984 Михал Голаш — полски велосипедист.
1989 Александар Маренич — руски фудбалер.
1989 Домагој Вида — хрватски фудбалер.

Починале:

1898 Илија Марков Малешевски — македонски ајдутски војвода.
1916 Јорген Грам — дански математичар.
1933 Константин Кавафи — грчки поет.
1947 Ирвинг Фишер — американски економист.
1951 Лудвиг Витгенштајн — австриско-британски филозоф.
1967 Ентони Ман — американски филмски глумец и режисер.
1980 Алфред Хичкок — британски филмски режисер.
1993 Мик Ронсон — англиски рок-гитарист.
2006 Џон Кенет Галбрајт — канадско-американски економист.
2017 Џонатан Дем — американски филмски режисер.
2019 Џон Синглтон — американски филмски режисер.
2020 Ирфан Кан — индиски глумец.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица