28 април

датум
<<април>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
282930
2024

28 април — 118-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (119-и во престапна година). Остануваат 247 денови до крајот на годината.

Настани:

518 Катастрофален земјотрес го разрушил Скупи, претходникот на денешно Скопје.
1945 Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петаки се погубени од стрелачки вод составен од членови на италијанското движење на отпорот.
1964 Излегло првото издание на „Битолски весник“.
1969 Претседателот на Франција, Шарл де Гол поднесе оставка на функцијата по 11 години владеење. Тој се повлече од функцијата по референдумот за регионализација на државата и укинување на Сенатот, на кој, мнозинство од гласачите се изјаснија против неговите идеи.
1980 Американскиот државен секретар Сајрус Венс поднесе оставка на функцијата по неуспешната мисија на командосите за спасување на американските заложници во Иран.
2001 Кај Вејце, Тетовско, на ѕверски начин се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на т.н. ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја.
2001 Милионерот Денис Тито станал првиот вселенски турист во светот. Платил 20 милиони УСД за да лета на Руската ракета Сојуз ТМ-32 и минал скоро 8 дена во вселената.
2004 Кандидадот на СДСМ Бранко Црвенковски е избран за Претседател на Република Македонија со убедлива победа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев.

Родени:

1924 Кенет Каунда — замбиски државник, прв претседател на Замбија.
1937 Садам Хусеинирачки претседател.
1942 Ен Маргарет — шведско-американска глумица.
1956 Ханка Палдум — босанска фолк-пејачка.
1958 Ким Гордон — американска рок-музичарка, членка на групата „Соник јут“ (Sonic Youth).
1960 Валтер Ѕенга — италијански фудбалер.
1973 Паулета — португалски фудбалер.
1981 Џесика Алба — американска глумица.
1984 Димитриј Торбински — руски фудбалер.
1988 Хуан Мата — шпански фудбалер.
1994 Милош Дегенек — австралиски фудбалер.

Починале:

1858 Јоханес Петер Милер — германски физиолог, анатом, ихтиолог и херпетолог.
1918 Гаврило Принципатентаторот на Франц Фердинанд.
1945 Бенито Мусолини — италијански фашистички диктатор.
1992 Френсис Бејкон — британски сликар.
2009 Екатерина Максимова — руска и советска балерина.
2022 Зоран Сретеновиќ — српски и југословенски кошаркар и тренер.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица