30 април

датум
<<април>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
282930
2024

30 април — 120-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (121-и во престапна година). Остануваат 245 денови до крајот на годината.

Настани:

1900 Хаваи станале составен дел на САД.
1916 Летното сметање на времето за првпат во светот се применува во Обединетото Кралство.
1944 Во селото Стајовце, Кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание.
1975 Американците го напуштија Сајгон, со што заврши 20-годишната интервенција на САД во Јужен Виетнам.
1992 Во Скопје, редакцијата на весникот „Нова Македонија“ и новинската агенцијата Франс-Прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на општите услуги на агенцијата.
2013 Крунисан холандскиот крал Вилем-Александар, по абдикацијата на неговата мајка, кралицата Беатриса.

Родени:

1245 Филип III Храбриот — крал на Франција.
1504 Франческо Приматичо — италијански маниристички сликар, активен на дворот на Франсоа I.
1662 Марија II — кралица на Англија.
1723 Матирен Жак Брисон — француски природонаучник.
1777 Карл Фридрих Гаус — германски математичар, физичар и астроном.
1870 Франц Лехар — австриски композитор.
1883 Јарослав Хашек — чешки писател.
1893 Јоаким фон Рибентроп — германски политичар од НСДАП.
1902 Теодор Шулц — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1979 година.
1916 Клод Шенон — американски математичар и компјутерски инженер, „татко“ на информациската теорија.
2021 Бранка Станковска — македонска телевизиска и радио водителка.
1951 Марко Брецељ — словенечки глумец, продуцент и музичар.
1954 Џејн Кампион — новозеландска режисерка.
1956 Ларс фон Трир — дански режисер и сценарист.
1978 Бобан Јанчевски — македонски фудбалер.
1980 Луис Скола — аргентински кошаркар.
1983 Оливје Кесен — белгиски велосипедист.
1984 Иван Сантаромита — италијански велосипедист.
1985 Михаел Меркев — дански велосипедист.
1987 Стојанче Стоилов — македонски ракометар.
1992 Марк-Андре тер Штеген — германски фудбалски голман.

Починале:

1555 Марцел II — римски папа.
1883 Едуар Мане — француски сликар, непосреден претходник на импресионистите.
1903 Јордан Поп Јорданов - Орцето — еден од организаторите на Солунските атентати.
1945 Адолф Хитлер — водач на Третиот Рајх.
1945 Ева Браун — сопруга на Адолф Хитлер.
1983 Мади Вотерс — американски блуз-музичар.
1989 Серџо Леоне — италијански режисер.
2011 Ернесто Сабато — аргентински писател.
2015 Бен Е. Кинг — американски соул-пејач.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица