Fedora (Linux дистрибуција)

Fedora Core е RPM заснована ГНУ/Линукс дистрибуција развивана од Fedora Заедницата, а е спонзорирана од Red Hat. Таа се стреми да е целосен, сенаменски Оперативен Систем составен само од Слободен Софтвер.Fedora Core е изведена од оригиналниот Red Hat Linux Оперативен Систем, со цел да се исклучи користењето на Red Hat Linux кај домашните корисници. Поддршка за Fedora Core е достапна но, Red Hat не нуди поддршка за Fedora Core; Иако, повеќето од развивачите на Fedora Core се вработени во Red Hat. Fedora Core, сега, го формира централниот систем на Red Hat Linux дистрибуцијата.

Fedora 9 со GNOME

Историја

Fedora проектот беше почнат во доцна 2003 година, од каде Red Hat објави дека Red Hat Linux нема повеќе да биде развиван од Red Hat со предлог за сите корисници на Red Hat Linux да користат RHEL (Red Hat Enterprise Linux), а за тие што сакаат да користат Red Hat Linux или RHEL за домашна употреба да ја користат новосоздадената Fedora.

Почнувањето на Fedora проектот направи еден тренд помеѓу комерцијалните ГНУ/Линукс дистрибутери и развивачи да при секоја комерцијална верзија на една ГНУ/Линукс Дистрибуција да се пушти и една некомерцијална верзија на таа дистрибуција, која, при своето градење автоматски ќе го гради комерцијалниот ГНУ/Линукс систем.

Именување

Шапка „федора“

Името Fedora доаѓа од доброволниот проект наречен Fedora Linux кој обезбедувал додатни пакети за Red Hat Linux дистрибуцијата.

Патем, Fedora e англиско име за еден вид на шапка - „федора“ која е направена од мек материјал, која напред и позади има остар облик.

Пакување

Федора доаѓа на 5 CD-а или на 1 DVD. За основна инсталација потребни се само првото и второто CD. Таа доаѓа со инсталационата алатка Anaconda која може да инсталира графички или со текст. Инсталационите дискови ги содржат само најосновните пакети, и најстабилните пакети, иако, во складиштата на пакети има над 7,000 пакети.

Постојат три официјални складишта на пакети:

  • Fedora Core (со пакети потребни за целиот систем)
  • Fedora Updates (со пакети за ажурирање на системот)
  • Fedora Extras (со пакети за додатен екстра софтвер)

Едни од попопуларните складишта на пакети кои не се одржувани од Fedora е Livna.

Излегувања

Fedora излегува на околу 5 - 6 месеци. Досега се излезени 6 стабилни верзии. Пред секое ново излегување на еден Fedora систем се прават три тест излегувања, при што, корисниците ќе можат да пријавуваат грешки и да го надградуваат системот.

Излезени верзии

ВерзијаИмеИзлезено на/Ќе излезеСтатус
7Непознато27 Мај, 2007Во развој
6Zod24 Октомври, 2006Се одржува
5Boredaux20 Март, 2006Се одржува
4Stentz13 Јуни, 2005Не се одржува
3Heilderberg8 Ноември, 2004Не се одржува
2Tettnang18 Мај, 2004Не се одржува
1Yarrow6 Ноември, 2003Не се одржува

Тест Верзии на Fedora Core 7

ИзлегуваДата
F7 Тест 11 Февруари, 2007
F7 Тест 21 Март, 2007
F7 Тест 327 Март, 2007
F7 Тест 424 Април, 2007

Додатни информации

Fedora кај Red Hat Архивирано на 31 јули 2005 г.

Fedora, мрежно место на заедницата

Помош околу Fedora

Fedora ЧПП (Често Поставувани Прашања)

Fedora Solved Архивирано на 18 јуни 2017 г.

Fedora форуми Архивирано на 7 јануари 2007 г.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица