R Златна Рипка

променлива ѕвезда, црвен џин-мирида во соѕвездието Златна Рипка

R Златна Рипка (лат. R Doradus) или HD 29712променлив црвен џин од типот мирида во далечното јужно соѕвездието Златна Рипка, иако навидум изгледа како да е поблиска до соѕвездието Мрежичка. Оддалечена е 178 ± 10 сг (55 ± 3,1 пс) од Земјата.[1] Има рамномерен дисков пречник од 0,057 ± 0,005 лсек,[8] и се смета за ѕвезда со најголема привидна величина гледана од Земјата веднаш по нашето Сонце (кое, сепак, е неспоредливо поблиску до нас). Се проценува дека R Златна Рипка има пречник од 515 ± 70 милиони километри (3,46 ае) или 370 ± 50[7] пати поголем од оној на Сонцето. Доколку ја ставиме оваа ѕвезда во средината на нашиот Сончев Систем, во неа би се содржела орбитата на Марс и најголемиот дел од главниот астероиден појас.

R Златна Рипка

Инфрацрвена слика на ѕвездата
Автор: ESO
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
СоѕвездиеЗлатна Рипка
Ректасцензија04ч 36м &1000000000000004559127045,59.127с[1]
Деклинација−62° 04′ &1000000000000003779740037,7.974″[1]
Прив. величина (V)4,8 - 6,6[2]
5.40[3]
Особености
Спектрален типM8IIIe
Привидна ѕвездена величина (J)-2,6[4]
Привидна величина (K)-4,2[4]
U−B Боен показател+0,86[1]
B−V Боен показател+1,58[1]
Променлив типмирида
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)+26,1[5] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: -69,36[1] млс/г
Дек.: -75,78[1] млс/г
Паралакса (π)18.31 ± 0.99[1] млс
Оддалеченост178 ± 10 сг
(55 ± 3 пс)
Податоци
Маса1,2[6] M
Полупречник370 ± 50[7] R
Сјајност6.500 ± 1400[7] L
Температура2.740 ± 190[7] K
Вртење340 дена
Други ознаки
P Dor, R Dor, CD-62 175, HD 29712, HIP 21479, HR 1492, GSC 08880-01071, SAO 249066.
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Видливата величина на R Златна Рипка изнесува 4,8 до 6,6, што значи дека е одвај забележлива со голо око, но гледана преку инфрацрвена светлина претставува една од најсјајните ѕвезди на нашето небо, со вкупна сјајност 6500 ± 1400 пати поголема од онаа на Сонцето.[9] Со величина од −2.6 во речиси инфрацрвениот појас J,[4] единствена посјајна ѕвезда од неа е Бетелгез со −2,9.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица