Бетелгез

ѕвезда во соѕвездието Орион

Бетелгез (α Ori, α Orionis, Alpha Orionis, народно: Орач) — полупроменлива ѕвезда сместена на приближно 600 светлосни години од Земјата.[1][2] Таа е втора по сјајност ѕвезда во соѕвездието Орион и деветта ѕвезда по сјајност на ноќното небо.

Бетелгез, Алфа Ори
Betelgeuse, Alpha Ori

Бетелгез е ѕвезда во горниот лев агол (розова стрелка) во триаголникот на сјајни звезди од Орион.
Податоци од набљудување
Епоха J2000,0      Рамноденица J2000,0
СоѕвездиеОрион
Ректасцензија05ч 55м &1000000000010305300000010,3053с[1]
Деклинација+07° 24′ &1000000000002542600000025,426″[1]
Прив. величина (V)0.58[1] (0.3 to 1.2)
Особености
Спектрален типM2Iab[1]
U−B Боен показател2.06[1]
B−V Боен показател1.85[1]
Променлив типSR c[1] (полупроменлива)
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)+21.0[1] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: 24.95 ± 0.08[2] млс/г
Дек.: 9.56 ± 0.15[2] млс/г
Паралакса (π)5.07 ± 1.10[2] млс
Оддалеченостприб. 600 сг
(приб. 200 пс)
Апсолутна величина (MV)−5.14
Податоци
Маса20[3] M
Полупречник950-1000<[3] R
Површ. грав. (log g)-0.5[4]
Сјајност135,000[3] L
Температура3,500[4] K
Вртење17 years (14.6 км/s)[5]
Старост1.0 × 107 години
Други ознаки
Alpha Orionis, 58 Ori, HR 2061, BD+7°1055, HD 39801, SAO 113271, FK5 224, HIP 27989.[1]

Иако Бетелгез има ѕвездена ознака алфа, Ригел (бета Орион) обично е посветла. Тоа е затоа што Бетелгез е променлива ѕвезда. Ѕвездата има вертекс на зимскиот триаголник. Астрономите веруваат дека Бетелгез е стара само неколку милиони години, но дека брзо еволуира поради големата маса.[6]

Бетелгез е црвен суперџин и релативно светла ѕвезда, и се наоѓа на списокот на најголемите познати ѕвезди. За споредба, да се наоѓа во центарот на нашиот Сончев Систем (наместо нашето Сонце), ќе се протега сè до орбитите меѓу Марс и Јупитер, односно потполно ќе го заземе просторот во кој се наоѓаат планетите Меркур, Венера, Земја и Марс. Аголната големина на Бетелгез првпат е измерен во 1920-1921 година од страна на Алберт Абрахам Мичелсон и Френсис Пез со помош на астрономски интерферометар и телескоп од 2,5 метри поставен во опсерваторија на планината Вилсон.

Потекло на поимот

Името доаѓа од арапското يد الجوزاء yad al-jawzā, раката на главниот. Арапите порано соѕвездието Близнаци го нарекувале Jauza („главниот“) но подоцна со тоа име го нарекувале Орион. Се појавила грешка при транслитерација на името на латински од страна на Европејците во среден век, што довело до испуштање на буквата y (, со две точки долу) која била прочитана како b (, само со една точка долу). Во текот на ренесансата името на оваа ѕвезда било запишано како Bait al-Jauza со значење пазувата на главниот. Натаму се дошло до модерната верзија на името Бетелгез,[7] а во 1899 година Ричард Хинкли Ален повторно по грешка, оригиналното име го запишал како Ibţ al Jauzah).[8] На германски, името на оваа ѕвезда е уште повеќе грешно: Beteigeuze, поради тоа што буквата л е погрешно препишана како и.

Поради црвената боја на оваа ѕвезда, наречена е и „воинствена ѕвезда“, а во астрологијата Бетелгез носи воени и цивилни почести. Оваа сјајна ѕвезда има многу други имиња:

Во Кина, Бетелгез е позната како 参宿四 (Shēnsùsì, Четврата Ѕвезда од Соѕвездието на Трите Ѕвезди), бидејќи соѕвездието на Трите Ѕвезди било име само за трите ѕвезди од појасот на Орион.

Bo јапонски, Бетелгез е позната како 平家星 (Heikebosì, Ѕвездата на Heike клан).[9][10],

Набљудувања

Променливоста на Бетелгез во сјајноста првпат е опишана од страна на Сер Џон Хершел во 1836 година кога ги објавил своите набљудувања на ѕвездата во Каток преглед на астрономијата, забележувајќи дека променливоста расте меѓу 1836-1840 година, а потоа повтроно опаѓа. Во 1849 година забележал краток круг на променливост кој ослабел во 1852 година. Записите на американското Здружение за набљудување на променливи ѕвезди покажуваат максимална сјајност на магнитудата 0,2 во 1933 и 1942, со минимална под магнитудата 1,2 во 1927 и 1941.[11]

Во 1919 година, Алберт Мичелсон и Френсис Пез поставиле 6 метарски интерферометар пред телескоп од два и пол метри во опсерваторијата на планината Вилсон. Со помош на Џон А. Андерсон, во декември 1920 година го измериле аголната големина на Бетелгез како 0,047  секунди. Со додавање на тогашната вредност на паралаксата од 0,018 секунди, добиле просечна вредност на полупречникот од 3,84 × 108 км.[12][13] Последните мерења на Бетелгез покажуваат пречник кој варира меѓу 0,0568 и 0,0592 арксекунди.

Судбината на Бетелгез

Податотека:Betelgeuse star (Hubble).jpg
Бетелгез сликана во ултравиолетова светлина од телескопот Хебл Спејс, а потоа зголемена од НАСА. Светлата бела точка е најверојатно еден од половите.[14][15]

Многу е веројатно дека Бетелгез ќе се претвори во супернова.[3][16] Имајќи ја предвид неговата големина и очигледната младост од само 8,5 милиони години, може да експлодира во текот на наредните илјада години, или веќе експлодирала.[16] Бидејќи неговата оска на вртење не е кон Земјата, Бетелгез како супернова нема да предизвика експлозија на гама-зраци во правец на Земјата кои би го загрозиле нашиот екосистем, иако е релативно блиску, околу 640 светлосни години од нас.[16] Како и да е, Бетелгез како супернова може да ја засени Месечината на ноќното небо.[16]

Народни верувања во Македонија

Бетелгез кај народот во Македонија е позната под името Орач, Терач (с. Сопотница и Суво Грло) или Рале (с. Пештани). За оваа ѕвезда се знае во речиси сите села и е дел од основните „белези“ на небото. Соѕвездието Орион во кое се наоѓа, кај народот се нарекува Ралици, сликовито претставено како рало со волови, при што орачот се наоѓа малку подалеку од ралото.[17]

Бетелгез во литературата

  • Ликовите Форд Префект и Запход Библброкс, од книгата „Водич низ галаксијата за автостопери“ на Даглас Адамс, потекнуваат од „малечка планета некаде од околината на Бетелгез“.
  • Во трилогијата на Френк Херберт „Универзумот Дина“, се споменува планетарен систем со име Бел Тегез, што е веројатно извртено име за Бетелгез.
  • Во новелата „Сирените на Титан“ од 1959 година, на Курт Вонегат, ликот Винстон Нилс Ремфурд и неговото куче Казак постојат како „брановиден феномен“, кој започнува на Сонцето и завршува на Бетелгез.

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица