Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.787 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Одржлива енергијаенергија произведена и искористена на таков начин што „ги задоволува денешните потреби, без да ја наруши способноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“. Поимот „одржлива енергија“ често се користи обострано со терминот обновлива енергија. Општо земено, обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерната и хидроелектричната енергија, се сметаат за одржливи. Сепак, одредени проекти за обновлива енергија, како што е расчистување на шумите за производство на биогорива, може да доведе до слична или полоша штета кон животната средина, во споредба со употребата на енергија од фосилните горива. Јадрената енергија е безбеден извор на незагадувачка енергија, но нејзината одржливост е предмет на расправа поради производството на јадрен отпад и ограничените извори на ураниум.

Енергетското преминување за исполнување на светските потреби за електрична енергија, греење, ладење и енергија за превоз на одржлив начин се смета за еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во XXI век. На светско ниво, скоро милијарда луѓе немаат пристап до електрична енергија, а околу 3 милијарди луѓе се потпираат на горива што испуштаат многу чад како дрво, јаглен или животински измет за готвење храна. Овие и фосилните горива се најголем придонесувач за загадувањето на воздухот, што предизвикува околу 7 милиони смртни случаи годишно. Производството и потрошувачката на енергија емитува над 70% од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Таваница на барокната црква „Успение на пресв. Богородица“ во Кирххаслах, Германија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Белскиот даб
Белскиот даб
На денешен ден…

Денес е 15 јуни 2024 г.

Настани:

1752 Бенџамин Френклин, го докажа односот меѓу молњата и електричното празнење со пуштање на детско летало за време на бура. На овој ден е пронајден громобранот.
1919 Во директен лет од Њуфаундленд, Северна Америка до Ирска, британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетаа Атлантикот. Летот траеше 10 часа и 12 минути.
1920 На Конгресот во Хаг е основана Светската конференција на трудот.
1967 Жорж Помпиду е избран за претседател на Франција.
1994 Израел и Ватикан воспоставиле целосни дипломатски односи по историскиот договор за меѓусебно признавање и помирување, и формално окончувајќи го вековното несогласување меѓу Евреите и Римокатолиците.
1994 Република Македонија и Република Боливија воспоставиле дипломатски односи. Република Боливија е прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Република Македонија воспостави дипломатски односи.

Родени:

1330 Едвард Црниот Принц — син на англискиот крал Едвард III.
1479 Лиза дел Џокондо — позната како Мона Лиза.
1519 Хенри Фицрој — незаконски син на Хенри VIII.
1843 Едвард Григ — норвешки композитор.
1882 Јон Антонеску — премиер на Романија.
1882 Павел Шатев — македонски револуционер.
1899 Федерико Гарсија Лорка — шпански писател.
1922 Јусуф Реџепи — македонски лекар.
1923 Ерланд Јозефсон — шведски глумец.
1923 Ерол Гарнер — американски џез-музичар.
1930 Фахри Каја — македонски поет.
1943 Џони Халидеј — француски пејач и глумец.
1946 Бранко Балетиќ — црногорски и југословенски филмски режисер.
1953 Мери Цетиниќ — хрватска и југословенска поп-пејачка.
1953 Славољуб Муслин — српски фудбалер.
1953 Си Ѓинпингпретседател на НР Кина.
1964 Кортни Кокс — американска глумица.
1964 Михаел Лаудруп — дански фудбалер.
1969 Оливер Кан — германски фудбалер.
1969 Ајс Кјуб — американски рапер, музички продуцент и глумец.
1970 Жан Табак — хрватски кошаркар.
1980 Икер Ромеро — шпански ракометар.
1992 Мохамед Салах — египетски фудбалер.
1995 Егор Клјука — руски одбојкар.

Починале:

1389 Мурат Iотомански султан.
1889 Михај Еминеску — романски поет.
1889 Еухенио Камбасерес — аргентински писател и политичар.
1927 Христо Делчев — македонски револуционер.
1970 Алмада Негреирош — португалски сликар.
1986 Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј — поглавар на Македонската православна црква.
1990 Џорџ Накашима — јапонско-американски столар.
1993 Џејмс Хант — британски автомобилист, светски првак во трките на „Формула 1“ во 1976 година.
1995 Џон Винсент Атанасов — американски компјутерски инженер.
1996 Ела Фицџералд — американска џез-пејачка.
2010 Беким Фехмиу — југословенски глумец.
2019 Франко Зефирели — италијански режисер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич