Портал:Архитектура

Портал:Архитектура
ПОРТАЛ:АРХИТЕКТУРА

Архитектура е вештина на изработување нацрти и обликување на градби која стои и како уметност и како наука. Самиот производ, градбите, вклучувајќи ја и внатрешноста на градбите, исто така претставуваат архитектура. Бидејќи под архитектура може да се подразбере секоја градба, група на градби или дел од градбата, видокругот на архитектурата е широк и вклучува нацрти и обликување на мебел, внатрешна архитектура, на згради, архитектура, на дворови, паркови и предели, пределна архитектура, на градови, урбанистичко планирање, и региони, просторно планирање.

Зборот архитектура потекнува од старогрчкиот збор архитектон (αρχιτεκτων) што значи главен мајстор (αρχι=главен и τεκτων=мајстор, градежник).Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана статија

Четири книги за архитектурата — дело издадено во 1570, во четири тома, чиј автор е Андреја Паладио (1508-1580), кој е творецот на архитектонскиот правец наречен паладијанска архитектура.

Четири книги за архитектурата е трактат на тема архитектура. Тука Паладио ги изложува своите нацрти кои зборуваат за чистината и едноставноста на класичната архитектура, илустрирана од самиот архитект. на англиски книгата за прв пат е издадена во Лондон во 1715. Јаснотијата на книгите инспирирале многу патрони и други архитекти. Паладијанската архитектура станала мошне популарна ширум Европа и до XVIII век се проширила и во Северна Америка. Томас Џеферсон, тогашен претседател на САД, бил обожавател на Паладио и еднаш рекол за книгата дека е „Библија“. Четирите книги му послужиле за сопственото дело како архитект на Монтичело при Вирџинискиот универзитет. Прочитајте повеќе
уреди   

Избрана градба

Голестански дворец — некогашен кралски комплекс на династијата Каџари во главниот град на Иран, Техеран.

Како еден од најстарите споменици на културата во Техеран, Голестанскиот дворец (прев. Дворец на цвеќињата) припаѓа на група кралски зданија кои некогаш биле окружени со старата техеранска тврдина (Арг).

Самиот Арг бил изграден во времето на Тахмасп I (вл. 1524-1576) од династијата Сефевиди (1502-1736), а подоцна бил обновен од Карим-хан (вл. 1750-1779). Мухамед-хан Каџар (1742-1797) решил Техеран да стане престолнина на државата. Самата династија ја сместил во Аргот. Дворот на Голестанскиот дворец станал официјална резиденција на кралското семејство Каџари. Дворецот го добил сегашниот изглед во 1865, и е дело на Хаџи Абол-хасан Мимар Наваи. Прочитајте повеќе
уреди   

Категории

уреди   

Избрана слика

уреди   

Избрана биографија

Коџа Мимар Синан Ага (1489 — 1588) — главен отомански архитект за султаните Селим I, Сулејман I, Селим II и Мурат III. Неговото најголемо ремек-дело е Селимовата џамија во Едрене, иако неговото најпознато дело е Сулејмановата џамија во Истанбул. Синан исто така бил еден од првите противземјотресни инженери во светот.Синан се родил како христијанин во Анадолија во малото гратче Ааринас близу градот Кајсери, а неговото потекло е или грчко или ермененско (не може точно да се знае бидејќи во отоманските пописи се запишувала само верата).Прочитајте повеќе
уреди   

Дали сте знаеле...


уреди   

Работи кои може да ги направиш

NaodW29-nowiki286369b71e7b327900000001

Еве неколку работи кои се потребни: :
уреди   

Награди за архитектура

уреди   

Клучни статии

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Архитектура на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица