По завршувањето на основното образование во родното село и Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, се запишува во Военото училиште во Софија, заедно со Гоце Делчев, и учествува во социјалистичка група. По завршувањето на училиштето (1893) е испратен на офицерска служба во Белогратчик и потоа во Софија (1894). Преку неговиот солунски учител Трајко Китанчев, влегува во македонското движење, собира и обучува чета. Во т.н Мелничко востание го напаѓа градот Мелник. Се запишува како вонреден студент на Генералштабната воена академија во Санкт Петербург (септември 1895), но по 4 месеци се враќа во Софија.
Често патува по Европа и Русија, со негова поддршка се издаваат весниците на Симеон Радев во Женева (L’Effort) и во Париз (Le Mouvement Macédonien), го помагал Македонскиот клуб од Белград, а потоа и Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Целиот европски печат ја пренесува неговата изјава (1902): Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци. Текстов подоцна станува насловно мото и на сите изданија на Македонската колонија во Санкт Петербург. Тој ги помага и солунските гемиџии.
Во јануари 1903 година, Сарафов влегува со чета во Македонија и на Смилевскиот конгрес е избран за еден од тројцата рамноправни членови на Главниот штаб на востанието. По Илинденското востание дејствува во Битолскиот револуционерен округ. На Рилскиот конгрес (1905) е обвинуван за злоупотреби, испраќање на сарафистички чети, примање на пари од српската и бугарската влада, но е амнестиран. Во ВМОРО настанува расцеп.н Сарафов и Иван Гарванов се задгранични претставници. Осудени од Серскиот револуционерен округ, тие се и убиени во Софија. (Дознајте повеќе...)
... дека според преданието, средновековниот утврден град Женско во Кукушко бил така наречен бидејќи имал толку силни кули и бедеми, што можеле да го бранат жени?
... дека разбојот на Жозеф Мари Жакар од 1805 г. работел на програми со дупчени картички и послужил како основа за развојот на сметачите?
Се одвива Битката кај Цедиња во близина на истоимениот град во Полска, во која полските сили ја забележуваат својата прва победа во историјата на војувањето.
Македонска делегација во состав: Методија Андонов - Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев на Вис се среќаваат со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, на средбата делегацијата го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.
Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.