24 јуни

датум

24 јуни — 175-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар(176-ти во престапна година).Остануваат 190 дена до крајот на годината.

01
02030405060708
09101112131415
16171819202122
23242526272829
30 

Настани

972 Се одвива Битката кај Цедиња во близина на истоимениот град во Полска, во која полските сили ја забележуваат својата прва победа во историјата на војувањето.
1441 Формиран е Колеџот Итон.
1497 Џон Кабот стапнува на северноамериканско тло кај Њуфаундленд, Канада - прво европско откритие на регионот по Викинзите.
1509 Хенри VIII после женидбата со Катерина, вдовицата на својот брат, бил крунисан во Вестминстерската капела за крал.
1793 Усвоен првиот републикански устав во Франција.
1859 Пиемонт и Франција ја поразуваат Австрија кај Солферино, Северна Италија. Битката кај Солферино ќе го поттикне Анри Динан да го основа Црвениот крст.
1861 Од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат „Зборникот народни умотворби“ на браќата Миладиновци.
1894 Бил извршен атентат на францускиот претседател Сади Карно, кој се борел за ограничување на синдикалните права.
1901 Првата изложба на Пабло Пикасо во Париз.
1910 Јапонија ја освојува Кореја.
1918 Гигантскиот топ Големата Берта започнува со бомбардирање на Париз.
1940 Франција и Италија потпишуваат примирје.
1944 Македонска делегација во состав: Методија Андонов - Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев на Вис се среќаваат со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, на средбата делегацијата го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.
1945 Одржана парадата на победата над фашизмот во Москва.
1947 Прв познат случај на средба со НЛО. Кенет Арнолд, летајќи над Вашингтон, забележува девет светлечки дискови во форма на чинии.
1983 Јасер Арафат протеран од Дамаск.
1990 Основана е Работничката партија, левичарска политичка партија во Република Македонија.
1991 Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.
1996 Мајкл Џонсон го надминува светскиот рекорд на 200 метри, со време од 19,66 секунди.
1999 Гитарата на Ерик Клептон со која е снимена „Лејла“ е продадена на аукција за 497.500 долари.


Родени

1842 Емброуз Бирс — американски писател.
1869 Георги — грчки принц.
1895 Џек Демпси — американски боксер.
1911 Ернесто Сабато — аргентински писател.
1911 Хуан Мануел Фанџо — аргентински возач во „Формула 1“.
1928 Бранко Хорват — хрватски и југословенски економист.
1930 Иван Сламниг — хрватски писател.
1930 Клод Шаброл — француски режисер, сценарист и глумец.
1944 Џеф Бек — англиски рок-гитарист.
1959 Дерек Симпсон — јамајски реге-пејач.
1950 Мајда Тушар — македонска театарска и филмска глумица.
1951 Чарлс Стариџанглиски сценарист.
1968 Борис Гелфанд — израелски шахист.
1977 Франсин Жордишвајцарска пејачка.
1985 Крунослав Симон — хрватски кошаркар.
1991 Мутаз Еса Баршим — катарски атлетичар.
1992 Давид Алаба — австриски фудбалер.
1999 Дарвин Нуњес — уругвајски фудбалер.
1999 Бојан Миовски — македонски фудбалер.


Починале

1322 Матео I Висконти — владетел на Милано.
1519 Лукреција Борџија — ќерка на Родриго Борџија.
1894 Мари Франсоа Сади-Карно — претседател на Франција.
1993 Масимо Урбани — италијански џез-музичар.
2000 Вера Еткинс — британска шпионка од романско потекло.
2002 Пјер Вернер — премиер на Луксембург.
2011 Томислав Ивиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.

Празници

24 јуни (празници)

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица