Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.762 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Одржлива енергијаенергија произведена и искористена на таков начин што „ги задоволува денешните потреби, без да ја наруши способноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“. Поимот „одржлива енергија“ често се користи обострано со терминот обновлива енергија. Општо земено, обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерната и хидроелектричната енергија, се сметаат за одржливи. Сепак, одредени проекти за обновлива енергија, како што е расчистување на шумите за производство на биогорива, може да доведе до слична или полоша штета кон животната средина, во споредба со употребата на енергија од фосилните горива. Јадрената енергија е безбеден извор на незагадувачка енергија, но нејзината одржливост е предмет на расправа поради производството на јадрен отпад и ограничените извори на ураниум.

Енергетското преминување за исполнување на светските потреби за електрична енергија, греење, ладење и енергија за превоз на одржлив начин се смета за еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во XXI век. На светско ниво, скоро милијарда луѓе немаат пристап до електрична енергија, а околу 3 милијарди луѓе се потпираат на горива што испуштаат многу чад како дрво, јаглен или животински измет за готвење храна. Овие и фосилните горива се најголем придонесувач за загадувањето на воздухот, што предизвикува околу 7 милиони смртни случаи годишно. Производството и потрошувачката на енергија емитува над 70% од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Каситеритски бипирамиди (SnO2) од Сечуан, Кина.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Белскиот даб
Белскиот даб
На денешен ден…

Денес е 14 јуни 2024 г.

Настани:

1777 Знамето на САД со 13 црвено-бели ленти и 13 ѕвезди на сино поле во горниот лев агол е усвоено од Конгресот на САД.
1789 Виски дестилирано од пченка за првпат е произведено од американскиот свештеник Елаја Крејг. Го нарекле Бурбон по местото на настанување: областа Бурбон во Кентаки.
1800 Наполеон Бонапарт на чело на француската војска ги победи австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освои Италија.
1940 Група од 728 полски политчки затвореници од Тарнув стануваат првите жители на концентрациониот логор Аушвиц.
1941 СССР извршил масовна депортација и убиства на Естонци, Литванци и Летонци од нивните домови.
1962 Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената, подоцна преименувана во Европска вселенска агенција.
1982 Германија, Франција, Белгија, Холандија и Луксембург го склучиле Шенгенскиот договор.
1985 Фолкландската војна завршила со безусловно предавање на аргентинските сили на британците.
1993 Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција.
1996 Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар.

Родени:

1736 Шарл Огистен де Кулон — француски физичар.
1811 Хариет Бичер Стоу — американски аболиционист и писателка.
1832 Николаус Ото — германски инженер и пронаоѓач.
1856 Андреј Марков — руски математичар.
1925 Далтон Тревизан — бразилски писател.
1928 Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна (Че Гевара) — јужноамерикански револуционер и борец за слобода.
1930 Бора Костиќ — српски и југословенски фудбалер.
1931 Васко Липовац — хрватски сликар.
1933 Јежи Кошињски — американски писател.
1946 Доналд Трамп — американски стопанственик и политичар.
1951 Александар Сокуров — руски филмски режисер.
1961 Бој Џорџ — англиски поп-пејач.
1961 Сем Перкинс — американски кошаркар.
1961 Душан Коиќ — српски рок-музичар, член на групите „Шарло акробата“ и „Дисциплина кичме“.
1963 Тони Савевски — македонски фудбалер.
1963 Рамбо Амадеус — црногорски рок-музичар.
1968 Тони Смит — американски кошаркар.
1969 Штефи Граф — германска тенисерка.
1969 Џексон Ричардсон — француски ракометар.
1973 Пламен Константинов — бугарски одбојкар.
1974 Винченцо Монтела — италијански фудбалер.
1976 Масимо Одо — италијански фудбалер.
1983 Матија Гаваци — италијански велосипедист.
1996 Гејб Винсент — нигериско-американски кошаркар.

Починале:

847 Методиј Iцариградски патријарх.
1837 Џакомо Леопардииталијански поет.
1904 Јован Јовановиќ - Змај — српски писател.
1934 Симеон Кавракиров — македонски револуционер.
1943 Веселин Маслеша — босански писател и партизан.
1968 Салваторе Квазимодо — италијански поет.
1986 Хорхе Луис Борхес — аргентински писател.
1994 Хенри Мансини — американски филмски композитор.
1995 Рори Галагер — ирски блуз и рок-музичар.
2009 Боре Ангеловски — македонски глумец.
2018 Станислав Говорухин — руски филмски режисер и глумец.

Празници:

Ден на знамето (САД).
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич