Прејди на содржината

Илинка Митрева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илинка Митрева
Министер за надворешни работи на Македонија
На должноста
13 мај 2001 – 23 ноември 2001
ПретседателБорис Трајковски
ПремиерЉубчо Георгиевски
ПретходникСрѓан Керим
НаследникСлободан Чашуле
На должноста
1 ноември 2002 – 28 август 2006
ПретседателБорис Трајковски
Љупчо Јордановски
Бранко Црвенковски
ПремиерБранко Црвенковски
Хари Костов
Владо Бучковски
ПретходникСлободан Чашуле
НаследникАнтонио Милошески
Лични податоци
Роден(а)11 февруари 1950(1950-02-11)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Починал(а)1 август 2022(2022-08-01) (возр. 72)[1]
Скопје, Македонија[се бара извор]
ДржавјанствоМакедонка
ПартијаСДСМ

Илинка Митрева (11 февруари 1950 во Скопје1 август 2022 во Скопје)[1] — македонска политичарка и универзитетска професорка, поранешна министерка за надворешни работи на Македонија и пратеничка од редовите на СДСМ.

По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје - група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје.

Од 1974 до 2001 работела како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Митрева била професорка по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Таа била авторка на повеќе стручни и научни трудови.

Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршувала од 1994 до 2001 година. Митрева била претседателка на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно европската иницијатива, шеф на собраниската Група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО.

Од 13 мај до 23 ноември 2001 била министерка за надворешни работи на Република Македонија. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година.

Наводиуреди извор

Политички функции
Претходник
Слободан Чашуле
Министер за надворешни работи на Македонија
2002-2006
Наследник
Антонио Милошоски


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица