23 ноември

датум
<<ноември>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
2024

23 ноември — 327-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(328-и во престапна година). Остануваат 38 денови до крајот на годината.

Настани:

1831 Штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаска монархија во Франција.
1944 По одлука на АСНОМ, формирана е Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
1971 Народна Република Кина го зазеде своето место во ООН откако САД, по две децении спротивставување, се откажа од натамошното поддржување на режимот на Чанг Кај Шек, како претставник на цела Кина.
1995 Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа трите главни странки на преговорите во Дејтон, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ.
2003 Грузискиот претседател Едуард Шеварнаѕе поднесува оставка по неколку недели масовни протести поради изборна измама

Родени:

1760 Франсоа Бабеф — француски револуционер.
1860 Јалмар Брантинг — шведски социјалдемократ и премиер.
1876 Мануел де Фаља — шпански композитор.
1877 Никола Карев — истакнат македонски социјалист и револуционер.
1887 Борис Карлоф — англиски глумец.
1888 Харпо Маркс — американски глумец.
1890 Ел Лисицки — руски сликар и архитект.
1899 Мануел дос Реис Машадо — мајстор по афробразилската боречка вештина.
1933 Кшиштоф Пендерецки — полски композитор.
1937 Радован Павловски — македонски поет и академик.
1941 Франко Неро — италијански глумец.
1943 Петар Сканси — хрватски и југословенски кошаркар и тренер.
1979 Ивица Костелиќ — хрватски скијач.
1982 Асафа Пауел — јамајски атлетичар.
1988 Ендру Талански — американски велосипедист.
1988 Јенс Кекелејре — белгиски велосипедист.
1991 Вилијан Жозе — бразилски фудбалер.
1992 Мајли Сајрус — американска пејачка и глумица.
1996 Џејмс Медисон — англиски фудбалер.
2001 Бојан Димоски — македонски фудбалер.

Починале:

1922 Едуард Зелер — германски антролопог, етноисторичар и јазичар.
1966 Григор Витез — хрватски писател и преведувач.
1976 Андре Малро — француски писател есеист, теоретичар и историчар на уметноста.
1991 Клаус Кински — германски глумец.
2015 Синтија Робинсон — американска соул и фанк-музичарка, членка на групата „Слај енд д фемили Стоун (Sly and the Family Stone)“.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица