Авионска несреќа кај Смоленск

Авионската несреќа кај Смоленск се случила на 10 април 2010 во 8:51 по месно време до локалниот аеродром во близина на градот Смоленск (Смоленска област, западна Русија). Авионот бил од типот Ту-154 и бил користен од полската влада.

Авионската несреќа кај Смоленск
Туполев Ту-154М на Сиднејскиот аеродром in 2007
Сумирани податоци за Accident
Датум10 април 2010[1]
ВидПод истрага[1]
Место1.5 kм (0.9 ми) Смоленска база[2]
54°49′31.19″N 32°3′10.28″E / 54.8253306° СГШ; 32.0528556° ИГД / 54.8253306; 32.0528556
Патници89
Екипаж7
Жртви96 (сите)[3][4]
Тип на авионотТуполев Ту-154М
Оператор36 SPLT, Полски Авиотранспорт
Регистрација101
Полетал одАеродром Фредерик Шопен,
Варшава, Полска
ДестинацијаСмоленска аеробаза
Смоленск, Русија
Авионот Ту-154 на полската влада

Во авионот во моментот на несреќата се наоѓале 96 патници, меѓу кои и полскиот претседател Лех Качињски заедно со неговата сопруга и други видни полски државници и политичари, партиски и воени раководители.

Несреќата

Претседателот Лех Качињски требало да го посети Смоленск по повод 70 години од Катинскиот масакар, односно од убиството на 22.000 полски офицери и интелектуалци во 1940 година од советските агенти во Катинската шума, во близина на Смоленск.[5] Летот започнал од престолнината Варшава, од аеродромот Фредерик Шопен.[6] Според последните податоци на полските власти, во авионот се наоѓале најмалку 88 патници.[5], а според Гувернерот на руската Смоленска област Сергеј Антуфиев, 132 патници.[7] Според неофицијални податоци засега, сите патници загинале во несреќата.[8][9] Несреќата се случила во услови на магла (500 метри видливост без Instrument Landing System) .

Во составот на полската делегација имало повеќе високи функционери - началникот на претседателскиот кабинет Владислав Сташак, началникот на генерал-штабот на полските вооружени сили Фратишек Гонгор, поранешниот министер за одбрана Јежи Шмајџински и гувернерот на Централната банка Славомир Шкрзипек. Пилотот трипати неуспешно се обидел да слета, а четвртиот обид бил кобен. Авионот Ту-154, кој бил управуван од екипаж на претседателскиот авионски тим, се урнал при слетувањето на аеродромот во Смоленск, на околу 400 километри западно од Москва. Несреќата се случила поради условите на густа магла. Се претпоставува дека авионот удрил во дрво на околу 300 до 400 метри од пистата на воениот аеродром, по што избувнал пожар.

Истрага

Повеќето експерти веруваат дека причина за падот на авионот е преголемата самоувереност на пилотите, кои по секоја цена сакале да слетаат во Смоленск и да му ја исполнат желбата на својот претседател Качински да се поклони пред масакрираните сограѓани во шумата Катин.[10] Сепак дел од експертите не согласувале со ваквата верзија, тврдејќи дека пилотите владиниот авиони биле професионалци од највисока класа. Поранешниот полски претседател Лех Валенса јавно се посомневал дека пилотите можеби работеле по нечии инструкции.

Црните кутии биле пронајдени следниот ден по несреќата и испратени на анализа. Според првичните неофицијални резултати, пилотот на авионот на Качински игнорирал три предупредувања од Контролата на летот авионот да не слетува во Смоленск, туку да тргне кон Москва или кон Минск. Пилотот, сепак, решил да слетува потпирајќи се на визуелниот контакт со пистата и летал прениско, поради што авионот со трупот закачил дрвја и силно удрил на земја, само 1,5 километар од пистата.[11]

Последици

Во рок од неколку часа по паѓањето на авионот, Претседателот на Русија Дмитриј Медведев, најавил дека ќе биде основана специјалната комисија за истрага на авионска несреќа. Комисијата ќе биде надгледувана од страна на премиерот на Русија, Владимир Путин.[12][13][14]

Според Уставот на Полска, Функцијата претседател ја презема претседателот на Долниот дом на Парламентот, Бронислав Коморовски, кој во рок од 14 дена треба да објави кога ќе се избира нов шеф на државата.[15]

Список на дел од патниците

Лех Качињски
Марија Качинска

According to the flight manifest on-board were:[16][17]

  • Лех Качињски, претседател на Полска
  • Марија Качинска , првата дама
  • Ричард Качзоровски, последниот полски претседател во прогонство
  • Јержи Шмајдзински, заменик-претседател на Собранието на Полска[18]
  • Владислав Сташак, началник на претседателскиот кабинет
  • Кшиштоф Путра, заменик-претседател на Собранието на Полска
  • Кристина Бохенек, заменик-претседател на Собранието на Полска
  • Јержи Бар, полски амбасадор во Русија[19]
  • Владислав Стасак, потпарол на претседателот
  • Александар Штигло, раководител на
  • Фратишек Гонгор, началник на генерал-штабот на полските вооружени сили[20],
  • Збигњев Васерман, пратеник
  • Вислав Вода, пратеник
  • Едвард Војтас, пратеник
  • Гражинја Генсицка, пратеник
  • Едвард Војтас, пратеник
  • Пшемислав Госевски, пратеник
  • Лешек Дептула, пратеник
  • Гжегож Долнак, пратеник
  • Себастијан Карпинук, пратеник
  • Александра Натали, пратеник
  • Аркадиуш Рибицки, пратеник
  • Јоланта Шиманек, пратеник
  • Изабела Јаруга, пратеник
  • Јанина Фетлињскаја, пратеник
  • Станислав Заец, пратеник
  • Славомир Скшипек, гувернер[21]
  • Јануш Кохановски
  • Пётр Нуровски, претседател на Олимпискиот комитет на Полска[22].

Реакции

Меѓународни изјави

Државници од многу земји и челниците на многу организации изразија сочувство до полскиот народ поради несреќата.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица