Анасон

вид растение

Анасон (науч. Pimpinella anisum) — растение од семејството на штитоцветните (Apiaceae). Расте од 0,5 до 1 метар во височина. Расте во областите околу Средоземјето.

Анасон
Илустрација од 1897 г.[1]
Научна класификација [ у ]
Царство:Растенија
клад:Скриеносеменици
клад:Евдикоти
клад:Астериди
Ред:Штитовидни
Семејство:Штитоцветни
Род:Бедренка
Вид:Анасон
Научен назив
Pimpinella anisum
L.
Синоними

Особини

  • Има гранулести, меки, снегулести влакна покриени со шупливо стебло. Стеблето почнува да се разгранува на 2/3 од височината.
  • Цветовите се бели, распоредени во штитасти цветови. Лутуците му се прекриени со ситни влакненца. Растат во китките во облик на извртен чадор. Содржат ароматично масло, така што имаат пријатен мирис.
  • Листовите се на дното и се состојат од 3 округлести врежани листови, средни прстенасти листови, а горните крпасто разделени.
  • Плодот е во облик на јајце, спрема врвот сушен, а од страна малку стиснат, долгнавест од 3 до 6 милиметри. Бојата на плодовите е светлозелена. Плодот (семе) се употребува и како зачин и како лек.
  • Коренот е тенок и вретенест.

Лековитиот дел на билкесиот плод, односно зрелото семе се собира само по суво време.

Лековито делување

Анасоновото семе делува против смирување на грчеви, го зајакнува желудникот, подобрува варењето и отстранува штетните сокови од организмот. Исто така ја чисти крвта и ги зајакнува живците. Ги чисти белите дробови, желудникот и бубрезите, ги зајакнува пробавните органи, ја поправа неуредната менструација и помага при несоница.

Исто така се користи во производство на колачи и слатки, козметика производство на ликери, како и алкохолни пијалаци, како што е Мастика, Узо, Анасонова ракија итн.

Правиот анасон данес се употребуава во незначителни количини, бидејќи е потиснат од ѕвездестиот анасон кој има мирис и вкус на анасон, ама ботанички не е во никаква врска со него. Со сличен мирис е и лофантот.

Одгледување

Семето на билките се сади во април, плодот се собира кон крајот на август. Плодот сам отпаѓа, а созрева нерамномерно. Приносот е околу 1-{t/ha}-.[2]

Историја на одгледувањеПрвпат анасонот се спомнува на египетскиот папирус кој датира од околу 1500 година п.н.е.

Поврзано

Наводи

Литература

  • Ashurst, Philip R. (1999). Food Flavorings. Springer. стр. 33. ISBN 978-0-8342-1621-1.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица