А (кирилица)

А или во мала форма а (стара кирилица: Аа, глаголица: Ⰰⰰ) — првата буква во старата кирилицата и во скоро сите денешни кирилски азбуки. Формата на буквата потекнува од формата на грчката буква алфа. Во старословенскиот јазик оваа буква се нарекувала аз (азъ) и имала бројна вредност 1. Кирилската буква а има иста вредност, име и значење со глаголската буква ⰰ. Буквата се користи во сите кирилски азбуки, како на пример во македонската азбука, руската азбука, српската азбука, украинската азбука, белоруската азбука и монголската азбука. Според МФА, буквата има фонетска вредност /a/, додека кај некои несловенски јазици кои користат кирилица, буквата има вредност /ɑ/ (отворена а) или /ə/ (темен глас). Низ вековите можела да се сретне во повеќе форми сè додека не го добила денешниот изглед кој е ист со латинската буква A.

Аа
Бројна вредност:1
Кирилица
Словенски букви
АБВГҐДЃЂ
ЕЀЁЄЖЗЅИ
ЍІЇЙЈКЛЉ
МНЊОПРСТ
ЌЋУЎФХЦЧ
ЏШЩЪЫЬЭЮ
Я
Несловенски букви
ӐӒӘӚӔҒҔӺ
ӶԀԂӖӁҖӜ
ԄҘӞԐӠԆӢҊ
ӤҚӃҠҞҜԞԚ
ӅԒԠԈԔӍӉҢ
ӇҤԢԊӦӨӪҨ
ԤҦҎԖҪԌҬԎ
ӮӰӲҮҰҲӼӾ
ҺԦҴҶӴӋҸ
ҼҾӸҌӬԘԜӀ
Словенски букви
вон употреба
ҀѺѸѠѾѢѤ
ѦѪѨѬѮѰѲѴ
Ѷ

Буквата А во македонскиот јазик

Буквата А е првата буква од македонската азбука. Самогласката а се пишува во оние зборови што во некои наши говори се изговараат со темна самогласка, о или у, на пример: маж, рака (не: мож, рока, муж, рука и сл.). Така, со а се изговараат и пишуваат и:

внатре, газер, гасеница, гнаса, гнасен, гради, гулаб, даб, длабок, длабочина, драг, желад, заб, забец и слично.

Покрај овие зборови, со букавата а се пишуваат и:

јагне, јаганца, јајце, јаловица, јаготка, јаре, јарем, јасен, пријател, појас, обичај, случај, кочан, началник, печали, чаша, кошара, грамада (не грмада), страна и слично.

Во нашите дијалекти различно се изговараат придавките со наставка - ар, па така имаме итар, итор или итер. Во литературниот јазик се употребува само формата - ар.[1]

Кодна положба

Код на знакотГолеминаДециналаХексидецималаОкталнаБинарна
УникодГолема104004100020200000010000010000
Мала107204300020600000010000110000
ISO 8859-5Голема176b02600010110000
Мала208d03200011010000
KOI 8Голема225e13410011100001
Мала193c13010011000001
Windows 1251Голема192c03000011000000
Мала224e03400011100000

Наводи

Поврзано


Македонска азбука
АаБбВвГгДдЃѓЕеЖжЗзЅѕИиЈјКкЛлЉљ
МмНнЊњОоПпРрСсТтЌќУуФфХхЦцЧчЏџ
Шш                            
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица