Хепатит

воспаление на црниот дроб

Хепатит — оштетување на црниот дроб, предизвикано од инфламаторни(воспалителни) клетки во ткивото на црниот дроб. Како причини за овој инфламаторен(воспалителен) процес најчесто се регистрираат вирусите и тоа најчести се хепатит вирусите: А, Б, Ц, Д, Е; потоа Herpes simplex, Cytomegalovirus, Epstein-Barr, adenoviruses. Како втора по ред причина се регистрира злоупотребата на алкохолот и овој тип на хепатит се нарекува алкохолен хепатит. Други причини за хепатит се некои лекови, автоимуни заболувања, метаболни заболувања итн.

Поделба

Хепатитот се дели на акутен, хроничен и фулминантен. Акутниот трае помалку од 6 месеци. Најчесто овој тип е предизвикан од Hepatitis A,(повеќе од 95 %, и оваа инфекција се појавува кај децата и често поминува незабележана и без поголеми последици). Кај возрасните најчесто е последица на алкохолот и другите вируси. Се одликуваат со разноврстна клиничка слика, од незабележлив тек, до такво оштетување на црниот дроб за кое е потребно пресадување. Симптомите се често неспецифични, карактеристични за сите други вирусни инфекции: малаксаност, главоболка, гадење, покачена температура. Од поспецифичните симптоми се: Губење на апетит, потемнување на бојата на урината, пожолтување(најпрво на очите па по целата кожа), болка во горниот десен дел од стомакот, исип, појава на модри шари по телото, асцит(оток во стомакот), крварење

Кај хроничниот облик симптомите траат подолго од 6 месеци. Тука често доаѓа до големо оштетување на ткивото и текот е значително потежок. Како најчести причини се хепатит вирусите Б, Ц, автоимуни процеси, алкохол, лекови

Фулминантен хепатит е форма на акутниот, каде состојбата се влошува толку многу и толку нагло, што најчесто завршува со смрт.

Компликации

Како најтешка компликација од хепатитот е настанување на хронична црнодробна инсуфициенција која води до цироза. Цирозата претставува состојба од која нема опоравување на црнодробното ткиво, и води до сигурна смрт доколку не се изврши пресадување на црн дроб. Настанува и оштетување на белите дробови, бубрегот, мозокот и другите органи.

Начин на заразување, видови и тек на болеста

Хепатит А

Хепатит А вирусот е пикорна вирус со големина од 28 nm во пречник.Геномот содржи 7,48 kb РНА. Вирусот не поседуваобвивка, но има 32 компримирани капсиди, од коисекоја има 4 големи полипептиди од VP1-VP4. Од овој вирус сеопишуваат четири генотипа иако има еден серотип.
Предизвикува акутен хепатит и најчесто поминува без последици. Се пренесува како резултат на недоволна хигиена најчесто од човек на човек со нечисти раце, прибор за јадење и пиење, потоа преку контаминирана храна(школки), вода, нечисти тоалети. Инокулацијата се случува уште во детството и во нашите простори до 70 % од луѓ ето дошле во допир со овој вирус.

Хепатит Б

Вирусологија. Вирусот на ХБВ е член на фамилијатаHepadnaviridae вируси. Геномот е составен оддвојно искривена циркуларна ДНК со околу 3.200базни пара. Во геномот се поважни 4 региони, и тоа:

  • С(S) генот: одговара на површината на вирусот

или белковинската обвивка;

  • Ц(C) генот: одговара на т. н. core регионот, или

регион на јадрото, составен од нуклеокапсиднибелковини кои содржат вирусна ДНК;

  • X-генот: составен е од двае белковини кои

функционираат како активатори на транскрипцијата(препишувањето) и може да игра улога воХБВ карциногенезата;

  • П(P) генот: одговара на вирусната полимераза

која исто така учествува во реверзната транскриптивнаактивност есенцијална за ХБВ репликацијатаДвата С и Ц гените имаат спротиводен регионпознат како preS (1+2) i preC наизменично. Во зависност од која страна е стартот на транскрипцијата,може да се продуцираат различни белковини. Например, С генот може да продуцира три различнибелковини за обвивката, познати како голем, средени мал, започнувајќи од транскрипцијата со pre S1,preS2 или S генот самиот, наизменично. pre S1 иpre S2 региони се најимуногените белковини од површните (или HBsAg) белковини. РекомбинантотHBsAg всушност е вакцина која сега се користи заимунизација за да се постигне заштита против ХБВ.Во циркулацијата од страна на хепатоцититекои се инфицирани со ХБВ, може да се исфрлаат ипартикли без да содржат ДНК. Поради тоа во крвтаможе да се сретнат HBsAg, но не ХБВ ДНК.Производите од генот S, познат како core антиген– HBsAg (јадро) играат огромна улога во патогенезатана ХБВ инфекцијата како пептидни фрагментиод оваа белковина кои можат да предизвикаатпотентен клеточен имун одговор кога ќе дојдат наповршината на хепатоцитите. Изменетиотбелковински производ од овој ген може да се најде воциркулацијата по излачувањето од страна на хепатоцитоти е познат како е антиген или HBeAg. Овасугерира дека HBeAg може да предизвика т.н. толерогенакт кој е поврзан со HBcAg, дозволувајќи да сеслучи репликација надвор од големиот цитотокси-чен одговор. HBeAg во серумот е маркер за активностана вирусната репликација и за релативновисока инфективност, и пациентите со овој маркеристо така во циркулацијата ќе имаат присутен ХБВДНК.
Кај околу 15 % се развива хроничен облик за кој е потребен интензивен третман. Кај другите поминува без компликации како акутен, или без симптоми. Се пренесува преку: крв(преку трансфузија-1 на 2,500,000; и правење заби, при користење на исти игли, шприцеви- кај наркомани), полов однос(ризична група се хомосексуалците и промискуитетните), плунка(доколку дојде во контакт со крв), од мајка на дете при породување(кај помалку од 15 % од инфицираните мајки). Денес има заразено повеќе од 350 милиони луѓе или кај 0,5-20 %(во зависност од степенот на развој на државата) од светската популација има знаци за присутност на вирусот во крвта, а кај дел од нив постои и зголемен ризик за премин на болеста во цироза или карцином(25 % од хронично болните), уште пострашен податок е што е 50-100 пати позаразен од ХИВ.

Хепатит Ц

Вирусологија. Овој вирус спаѓа во фамилијатаflaviviradae и е составен од единствена вретенестаРНА. Вирусната обвивка е составена од 9.400 базнигеноми енкодирани во три структурни белковини,нуклеокапсид (енкодиран од Е1, Е2 и С регион вогеномот), многубројни неструктурни белковиникако оние од типот s100 мембрански асоциранибелковини, хеликази, протеази и РНА полимеразаМногу се важни Е1 и Е2 (подоцна познатикако NS1) региони кои се хиперваријабилни иможе да дадат квазиспециеси и да се добијат мутантикои може да го нарушат имуниот систем. Откривањетово крвта на болниот на антитела одтипот s22 и s100 белковини, може да се користи засеролошка дијагноза на оваа инфекција.Како и сите РНА вируси, и вирусот на С хепатитима варијабилен геном, при што се случуваатгрешки во инкорпорацијата на нуклеотидите завреме на вирусната репликација, со што се подлож-ни да мутираат. Докажано е дека ензимот полимеразана ХЦВ поддржува мутации на вирусниот геномеден на 1.000&10.000 нуклеотиди во секој репликационенциклус, што е за 100 пати почесто одоштокај ДНК вирусите, пример ХБВ.Вирусот на хепатит С во различни земјиима различни геноми. Така, овој вирус има нештопомалку од 72 хомологни секвенции, т.е. познатикако генотипови. Исто така, откриено е постоењеповеќе генотипови кај едно лице, познато под иметоквазиспециеси кои личат еден на друг и се хомологниво повеќе од 86%. Според тоа, ХЦВ мутантитеможат да содржат во себе меѓу 72 и 85% хомолози,правејќи различни генотипови, но сепак сеопишани 6 мајорни генотипови. Во Западна Европаи Северна Америка најприсутен е генотипот 1а. ВоЈужна и Источна Европа, Северна Америка, Јапонијаи на Далечниот Исток го има генотипот 1б.Во Европа и Северна Америка го има генотипот1s. Во Европа, Северна Америка, Западна Африкаи Јапонија ги има генотиповите 2а и 2б. Во Европа,Северна Америка и Непал ги има 3а и 3б. Во Севернаи Источна Африка и на Средниот Исток гоима генотипот 4а. Во Јужна Африка откриен е генотипот5а и во Јужна Азија генотипот 6а.
Порано наречен не А не Б вирус. Кај околу 85 % од заразените се развива хроничен хепатит. Карактеристично е што кај дел од пациентите инфекцијата може да не се забележува до 20 години за да на крај премине во тежок облик на болеста доведувајќи до цироза и терминална фаза. Патот на трансмисија е сличен како кај хепатит Б вирусот, но значително поизразен преку крв и крвни производи. Ризична група се пациентите на дијализа и на оние на кои им е потребно пресадување. Кај околу 1,6 % од светската популација се забележува виремија со овој вирус, кај околу 40 % од заболените преминуваат во терминална фаза за што е потребно пресадување на црн дроб. Во САД се забележуваат повеќе од 10000 смртни случаи годишно, директно последица од Хепатит Ц.

Хепатит Д

Хепатит Д исто така наречен и хепатит делта вирус, ХДВ е уникатен РНК вирус, кој е репликациски дефектен, предизвикувајќи инфекција само кога е инкапсулиран од страна на ХБсАг. Делта хепатитот се јавува во два услови: акутно коинфицирање по изложувањето кон серум и суперинфекција на хроничен носител на ХБВ со нов инокулум на ХДВ. Кај повеќето случаи, постои забрзување на хепатитот, кое напредува кон потежок хроничен хепатит во рок од четири до седум години подоцна. Инфицирањето со ХДВ е распространето во светски рамки, со стапки на преваленција кои се движат во обем од осум проценти во Јужна Италија до четиринаесет проценти во Африка. Инфекцијата со ХДВ не е вообичаена појава во Југоисточна Азија и Кина. РНК на ХДВ И ХДВ антигенот се претпознатливи во крвта и во црниот дроб пред и во раните денови на акутното симптоматско заболување. ИГМ анти ХДВ антителото е најсигурниот индикатор на скорашна изложеност кон ХДВ, но неговата појава е минлива. На акутно коинфицирање со ХДВ и ХБВ најдобро укажува откривањето на ИгМ против ХДВ и ХБц антигените. При хроничниот делта хепатит, кој потекнува од суперинфекција со ХДВ, ХБсАг се присутни во серумот а анти ХДВ антителата (ИгМ и ИгГ) истрајуваат во низок титар со текот на месеците и подолго.

Алкохолен хепатит

Настанува како резултат на долгогодишна злоупотреба на етанол. Значи не е битно кој алкохол се употребува, важна е само количината на етанолот и временскиот период. Исто така важна е и генетската склоност, па затоа кај секој алкохоличар не се развива тежок облик на оваа заболување(25-30 % од тешките алкохоличари заболуваат од алкохолен хепатит; во сад има околу 2 милиони со алкохолен хепатит). Како и другите хепатити доведува до истите компликации, хронично откажување на функцијата на црниот дроб и цироза. Така кај 60 % со тежок степен на оваа заболување настанува смрт, а сето оваа може да се одбегне само со навремено прекинување на пиењето алкохол.

Други хепатити

Во причините за хепатит се и:

  • Различните лекови,
  • Метаболни синдроми,
  • Други токсини,
  • Автоимуни заболувања и др.

Превенција

Најбитно од се е превенцијата. Највнимателни треба да бидат ризичните групи: здравствените работници да внимаваат при работењето со крв, да се стерилизираат уредно инструментите, кај болните на дијализа да се внимава со заразените апарати, наркоманите да користат различен прибор, а сексуално активните да користат соодветна заштита.

Третман

Третманот е долготраен, не делотворен кај секој, скап и недостапен за сите во неразвиените земји каде е со највисока преваленција, а последиците се тешки и заканувачки по живот.

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица