Вернер фон Браун

Вернер Магнус Максимилијан Фрајер фон Браун (германски: Wernher Magnus Maximilian Freiherr von Braun; 23 март 1912- 16 јуни 1977) ― германски, подоцна натурализиран американски, инженер за воздухопловство[1] и вселенски архитект. Бил член на Нацистичката партија и Алгемајне СС, а исто така и еден од најистакнатите научници кои придонеле во развојот на ракетната технологија во нацистичка Германија. Подоцна бил пионер на ракетната и вселенската технологија во САД.[2]

Вернер фон Браун
Вернер фон Браун
Роден(а)23 март
Вижиск, Познањ, Германско Царство
денес Полска)
Починал(а)јуни 16, 1977(1977-06-16) (возр. 65)
Александрија, САД
Причина за смртРак на панкреасот
ПочивалиштеАлександрија, САД
НационалностГерманско, Американско
Алма матерТехнички универзитет во Берлин, ЕТХ Цирих
ЗанимањеРакетен инженер и дизајнер
СопружникМарија Луис фон Квистроп (1947-1977)
ДецаАјрис Карин фон Браун
Маргрит Сесил фон Браун
Питер Константин фон Браун
РодителиМагнус фон Браун (постариот) (1877–1972)
Еми фон Квистроп (1886–1959)

Роден е во Вижиск, Полска, тогаш во покраината Познањ (Позен) на Германското Царство. Уште од детството фасциниран од вселенските летови, фон Браун се зачленил во германското вселенско друштво VfR како адолесцент. Помогнал во дизајнирањето и развивањето на ракетата V-2 во Пенеминде за време на Втората светска војна. V-2 станал прв вештачки објект лансиран во вселената на 20 јуни 1944 година. По војната, заедно со околу 1.600 други германски научници, инженери и техничари бил тајно преместен во САД, како дел од операцијата Спојувалка.[3] Работел за Армијата на Соединетите Американски Држави на програма за балистички ракети со среден дострел и ги развил ракетите што го лансирале првиот американски вселенски сателит Eксплорер 1 во 1958 година. Од 1955 до 1957 година, работел со Волт Дизни на низа филмови, кои во САД и пошироко ја популаризирале идејата за човечко вселенско патување.[4]

Во 1960 година, неговата група била приклучена кон НАСА, каде што бил директор на новоформираниот Маршалов центар за вселенски летови и главен архитект на лансирната машина Сатурн V која го исфрлила вселенското летало Аполо кон Месечината.[5] [6] Во 1967 година, Вернер фон Браун бил примен во американската Национална академија за инженерство, а во 1975 година го добил Националниот медал за наука.

Вернер фон Браун бил многу контроверзна личност. Има широко прифатено мислење дека не одговарал за неговите нацистички воени злосторства затоа што на Американците им било поважно да ги победат Советите во Студената војна.[7] [8] [9] Исто така, тој се смета за: „татко на вселенското патување“,[10] „татко на ракетната наука“[11] и „татко на американската лунарна програма“. [7] Се залагал за човечка мисија на Марс.

Надворешни врски

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица