Власец

вид растение

Власец (науч. Allium schoenoprasum) — вид растение од родот на луковите,[3] во потесно сродство со лукот, козјиот лук (шалот), празот, кромидот[4] и кинескиот кромид.[5]

Власец
Бумбар на цвет од власец
Ботаничка илустрација
Ботаничка илустрација
Научна класификација [ у ]
Царство:Растенија
клад:Скриеносеменици
клад:Монокотиледони
Ред:Шпаргловидни
Семејство:Кокичиња
Род:Лук
Вид:Власец
Научен назив
Allium schoenoprasum
L.
Синоними[2]
Власец, сиров
Расцветан власец
Хранлива вредност на 100 г
Енергија126 kJ (30 kcal)
4,35 г
Шеќери1,85 г
Влакна2,5 г
Масти
0.73 г
3,27 г
Витамини
Витамин А (екв.)
лутеин зеаксантин
(27 %)
218 μг
(24 %)
2.612 μг
323 μг
Тиамин 1)
(7 %)
0,078 мг
Рибофлавин 2)
(10 %)
0,115 мг
Ниацин 3)
(4 %)
0,647 мг
Пантот. кис. 5)
(6 %)
0,324 мг
Витамин Б6
(11 %)
0,138 мг
Фолна кис. 9)
(26 %)
105 μг
Витамин Ц
(70 %)
58,1 мг
Витамин Е
(1 %)
0,21 мг
Витамин К
(203 %)
212,7 мг
Минерали
Калциум
(9 %)
92 мг
Железо
(12 %)
1,6 мг
Магнезиум
(12 %)
42 мг
Манган
(18 %)
0,373 мг
Фосфор
(8 %)
58 мг
Калиум
(6 %)
296 мг
Цинк
(6 %)
0,56 мг

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA
Цвет на власецот.
Семки од власец.
Расад во ’ртење.

Ова е повеќегодишно растение, природно присутно во голем дел од Европа, Азија и Северна Америка,[6][7][8][9][10][11] и единствениот член на луковите кој е домороден и во Новиот и во Стариот Свет.[12][13]

Власецот е доста застапен како кулинарска билка, чии стебленки и затворени пупки се насекуваат како додаток во риба, компири, чорби и други јадења. Во некои краишта цветовите се ставаат во салати.[14] Растение е корисно и во градината бидејќи ги одвраќа штетните инсекти.[15]

Цветовите даваат големо количество нектар за инсектите-опрашувачи, и со тоа посредно го помагаат размножувањето на останатите растенија.

Опис

Власецот е зелјесто повеќегодишно растение со луковици кое достигнува висина од 30–50 см. Луковиците се долгнавести и конусни, со должина од 2–3 см и ширина од 1 см, и растат во густи гроздови на краевите од коренчињата. Стебленките се цевчести и шупливи, долги до 50 см и широки 2–3 мм; на допир се кревки, иако знаат да бидат покрути пред да се појави цветот. Листовите се пократки од стебленките и имаат тревест изглед,[14] иако и тие се цевчести и шупливи. Цветовите на власецот имаат светловиолетова боја и ѕвездест облик, со по шест ливчиња (широки 1–2 см) распоредени во густо соцветие од 10-30 цвета. Пред да се отвори, соцветието е обвиткано со хартиест прицветник. Семето е сместено во мала торбичка со три залистоци која узрева на лето. Цвета од април до мај во појужните краишта или во јуни во посеверните.[16][17]

Растението покажува значителни разлики во изгледот, зависно од крајот во кој се наоѓа. Иако власецот им е одбивен на инсектите поради сулфурните соединенија кои ги содржи, неговите цветови се привлечни за пчелите и мошне хранливи, продолжувајќи им го животот на единките кои ги посетуваат.[18]

Таксономија

Власецот прв формално го опишал шведскиот ботаничар Карл Линеј во неговото епохално дело „Видови растенија“ (Species Plantarum, 1753).[2][19]

Има два подвида:

  • Allium schoenoprasum subsp. gredense (Rivas Goday) Rivas Mart., Fern.Gonz. & Sánchez Mata
  • Allium schoenoprasum subsp. latiorifolium (Pau) Rivas Mart., Fern.Gonz. & Sánchez Mata.[2]

Природна распространетост

Растението е домородно во умерените краишта на Европа, Азија и Северна Америка.[20]

Употреба

Во кулинарството

Власецот главно се одгледува поради неговите стебленки и листови, кои се користат како додаток во јадењата, и имаат помек вкус од другите видови од истиот род.

Особено е застапен во разни европски кујни, особено во француската и шведската.[21] Во Шведска се става во солени палачинки, чорби, риба и сендвичи.[21] Се меша со павлака и се служи како јадење со харинга по повод празникот Тајане. Цветовите понекогаш се ставаат како украс.[22] Во Полска и Германија, исечканиот власец се меша со урда. Во Франција важи за едно од најценетите зачински растенија, заедно со естрагонот, крбулицата и магдоносот. Во многу земји се продава свеж преку целата година, но може и да се замрзнува, бидејќи тоа не влијае на вкусот.[23]

Во градинарството

Познато е дека во минатото, шведските земјоделци саделе власец помеѓу камењата околу леите, и на тој начин ги штителе насадите од штетници.[21][24] Истото се прави и денес, бидејќи растението ги одвраќа непожелните инсекти. Сокот од листовите се користи како течност за напрскување против ваквите штетници, како и во борбата против габичните зарази, мувлата и пепелавата краста.[25][26][27]

Во треварството

Лековитите особини на власецот се слични со оние на лукот, но со послабо дејство, поради што неговата употреба е претежно кулинарска. Има благи стимулансни, диуретички, антисептички својства.[28] Бидејќи се служи во мали количества, неповолните дејства се мошне ретки, иако знае да предизвика проблеми со варењето доколку се користи прекумерно.[29]

Растението е богато со витамините A и Ц,[30] содржи органосулфурни содиненија,[4][31] и изобилува со калциум и железо.[32]

Одгледување

Власецот се одледува поради неговата кулинарска намена, но и како украсно растение. Виолетовите цветови имаат пријатен изглед во букетни аранжмани, но служат и како додаток во салати.[33] Цветовите исто така се ставаат да одлежат во оцет, што му дава својствена арома.[34]

Растението успева на добро исцедена почва, богата со органски материи и pH-вредност од 6-7 при силна сончевина.[11] Се садат како семки и узреваат на лето или рано следната пролет. Семето ’рти на температура од 15 до 20 °C и треба да се чува влажно. Во студени услови, семето се сади во пластеник или на затворено, па по еден месец се пресадува надвор. Растението исто така лесно се размножува од исечоци.[35]

Во студените краишта, власецот зиме овенува и луковицата останува во мирување, за повторно да се разлиста рано напролет. Кога се зрели за берба, растението треба да се исече сосема долу, до самата почва.[35] Во сезоната на раст, власецот постојано вади нови листови, што дава повеќе берби.[35]

Растението е подложно на оштетувања од ларви на празовиот молец, кои разјадуваат долги шуплини во листовите и луковиците.[36]

Историја и обичаи

Познато е дека власецот во Европа се одгледува како градинарско растение почнувајќи од раниот среден век, иако се знае дека истиот е во употреба веќе 5000 години.[23]

Во I век римскиот поет Марко Валериј Марцијал го споменува растението на шеговит начин, велејќи дека јадењето власец штити од „бакнежи до смрт“. Римјаните го користеле за ублажување на болката од сончеви изгореници и воспалено грло. Сметале дека власецот го накачува крвниот притисок и дека делува како диуретик.[37]

Ромите во некои земји го користеле растението како помагало за претскажување на иднината.[38] Исушениот власец во врзопи се бесел околу куќата за да ги чува домашните од болести и зло.[12][39]

Во XIX век, сточарите во Холандија ги пригранувале кравите со власец за да се добие посебен вкус на млекото.[12]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица