Герт Вилдерс

Герт Вилдерс (холандски: Geert Wilders; р. 6 септември 1963) — холандски политичар и основач и водач на Партијата за слобода (Partij voor de Vrijheid, PVV), која е политичка партија во холандскиот парламент.[1][2] Вилдерс е најдобро познат по неговите критики кон исламот. Гледиштата на Вилдерс во врска со исламот го направиле контроверзна фигура во Холандија и пошироко, и од 2004 година е постојано лично заштитен од страна на вооружени телохранители.[3]

Герт Вилдерс
Geert Wilders
Вилдер на говорница во 2010 г.
Водач на Партијата за слобода
На должноста
Стапил
22 февруари 2006
Водач на парламентарната група на Партијата за слобода во Парламентот на Холандија
На должноста
Стапил
30 ноември 2006
Пратеник
На должноста
Стапил
26 јули 2002
На должноста
25 август 1998 – 23 мај 2002
Лични податоци
Роден(а)6 септември 1963(1963-09-06)(60 г.)
Фенло, Холандија
НационалностХоланѓанец
ПартијаПартија за слобода (2006–)
независен (2004–2006)
VVD (1989–2004)
СопружникКристина Вилдерс
ЖивеалиштеХаг, Холандија
УстановаОтворен универзитет
Занимањеполитичар
ПорталГерт Вилдерс

Вилдерс водел кампања за да ја стопира како што тој кажува „исламизацијата на Холандија“. Го споредил Куранот со книгата „Мојата борба“ и водел кампања да се забрани книгата во Холандија.[4][5][6] Тој се залага за ставање крај на имиграцијата од муслиманските земји[4][7] и поддржува забрана на изградба на нови џамии.[8] Опишан е во медиумите како популист[9][10][11] и етикетиран како екстремен десничар,[12][13] иако ова е спорно кај други набљудувачи.[9][14][15] 

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица