21 декември

датум
<<декември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
293031
2024

21 декември — 355-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(356-и во престапна година). Остануваат 10 денови до крајот на годината.

Настани:

1991 Во Минск, БССР формирана е Заедницата на независни држави.
1994 Група селани во Перу, открија 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југоисточниот дел на земјата. Археолозите веруваат дека, откриените мумии се стари 800 години.
1994 Русија успешно ја тестира новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесецк, во северниот регион Архангел. Ракетата „Топол-М“, претставува прва ракета целосно направена во Русија, која ќе ги замени седумте поранешни видови на ракети што беа произведени во Украина.
1968 Соединетите Американски Држави го лансираа кон Месечината вселенскиот брод „Аполо 8“ со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколи Месечината и на 27 декември 1968 година, успешно се спушти на Земјата.
1945 Грчката жандармерија го уапси секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкати, Костурско. Идниот ден во селото Калевишта, костурско на ѕверски начин беа убиени.

Родени:

1879 Јосиф Сталинсоветски државник и политичар.
1880 Донка Ушлинова — македонска револуционерка.
1906 Игњат Крстевски — македонски градежен инженер.
1914 Иван Генералиќ — југословенски и хрватски сликар.
1917 Хајнрих Бел — германски писател, добитник на Нобеловата награда во 1972 година.
1922 Мито Хаџивасилев - Јасмин — македонски револуционер.
1924 Крум Томовски — македонски академик.
1937 Џејн Фонда — американска глумица.
1940 Френк Запа — американски рок-музичар.
1941 Џон Хикс — американски џез-музичар.
1942 Ху Ѓинтаопретседател на НР Кина.
1947 Пако де Лусија — шпански гитарист.
1953 Светислав Басара — српски писател.
1954 Крис Еверт — американска тенисерка.
1959 Флоренс Грифит Џојнер — американска атлетичарка.
1967 Михаил Сакашвили — претседател на Грузија.
1996 Бен Чилвел — англиски фудбалер.
2000 Јам Мадар — израелски кошаркар.

Починале:

1375 Џовани Бокачо — славен италијански писател и хуманист.
1401 Мазачо — италијански уметник.
1881 Франческо Ајец — истакнат италијански академски сликар и портретист
1940 Френсис Скот Фицџералд — американски писател .
1987 Виктор Аќимовиќ — југословенски и македонски публицист.
2006 Сапармурат Нијазов — туркменистански автократ.
2014 Васил Шишков — македонски глумец, син на глумецот Ристо Шишков.
2019 Емануел Унгаро — француски моден творец.

Празници:

Краткодневица, на северната полутопка денот е долг само 8 часа, а ноќта 16.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица