Златен гол

Златен гол било правило во фудбалот користено од страна на ФИФА од 1993 до 2004 година.[1]

Регулатива

Родено по писмо што се појавило во Times на 16 април 1992 година, правилото за златен гол важело во продолженијата на фудбалските натпревари во нокаут-фазата: откако натпреварот завршил со нерешен резултат по регуларното време, првиот постигнат гол во продолженијата ќе му ја донесе победата на тимот кој го постигнал; ова се засновало на концептот на Ненадејна смрт присутен во екипните спортови во Северна Америка.[2]

Во 2002 година, варијантата „сребрен гол“ била воведена од УЕФА, која според правилата му носела победа на тимот кој бил во водство по крајот на едно од продолженијата (небитно дали се работи за првото или второто).[3] Двете правила биле укинати од ИФАБ по крајот на Европското првенство 2004.[4]

Критики

Оригиналната идеја на „Златниот гол“ била да се поттикнат екипите да играат поофанзивно, со што ќе се намали употребата на изведување пенали како параметар кој ќе го одлучува победникот; наместо тоа, се верувало дека правилото дало спротивен ефект, бидејќи екипите на теренот често имале тенденција да се затворат и да се бранат со цел да избегнат да примат одлучувачки погодок кој ќе ги елиминира моментално.[4]

Натпревари решени со златен гол

Репрезентативни натпревари

ПобедникПоразенРезултатМинутаНатпреварДата
 Германија  Чешка2 - 195'Финале на Европското првенство 199630 јуни 1996
 Јапонија  Иран3 - 2105'Бараж за пласман на Светското првенство 199815 ноември 1997
 Уругвај  Австралија0 - 192'Полуфинале на ФИФА Куп на конфедерации 199719 декември 1997
 Франција  Парагвај1 - 0113'Осминафинале на Светското првенство 199828 јуни 1998
 Франција  Португалија2 - 1117'Полуфинале на Европското првенство 200028 јуни 2000
 Франција  Италија2 - 1103'Финале на Европското првенство 20002 јули 2000
 Сенегал  Шведска2 - 1104'Осминафинале на Светското првенство 200216 јуни 2002
 Јужна Кореја  Италија2 - 1117'Осминафинале на Светското првенство 200218 јуни 2002
 Турција  Сенегал1 - 097'Четвртфинале на Светското првенство 200222 јуни 2002
 Франција  Камерун1 - 097'Финале на ФИФА Куп на конфедерации 200329 јуни 2003

Клупски натпревари

ПобедникПоразенРезултатМинутаНатпреварДата
Галатасарај Реал Мадрид2 - 1103'Суперкуп на УЕФА 200025 август 2000
Ливерпул Алавес5 - 4117'Финале на Куп на УЕФА 2000-200117 мај 2001

Останати спортови

Освен во фудбалот, „Златниот гол“ имал и има примена и во некој други споротви како хокеј на трева, хокеј на мраз, рагби, американски фудбал, бејзбол и др.

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица