Европско првенство во фудбал 2004


Европско првенство во фудбал 2004 или скратено Евро 2004 — е 12-тото издание на европските првенства во фудбал организирано од страна на УЕФА. Завршниот турнир бил за првпат органиизиран во Португалија, од 12 јуни - 4 јули 2004 година, по нивната кандидатура која била избрана на 12 октомври 1999 година, во конкуренција на Шпанија и Австрија / Унгарија.[1][2].Вкупно триесет и еден натпревар се одиграле на десет локации во осум градови - Авеиро, Брага, Коимбра, Гуимареш, Фаро / Лоле, Леирија, Лисабон и Порто

Европско првенство во фудбал 2004
Европско првенство во фудбал 2004
Општо за првенството
Домаќин(и) Португалија
      градови8
      стадиони10
Период на одржување124 јули 2004
Број на учесници16
Распределба на медалите
Шампион Грција
Второ место Португалија
Трето место Чешка
 Холандија
Статистички податоци за првенството
Посетеност1.156.473  (37.306 по натпревар)
Одиграно натпревари31
Дадено голови77  (2.48 по натпревар)
Најдобар стрелецЧешка Милан Барош (5 голови)
(5 гола)
Најдобар играчГрција Теодоракис Загоракис

Како и на Еуро 1996 и Еуро 2000 изданијата, на завршниот турнир се натпреваруваа 16 екипи - домаќините плус 15 екипи кои успешно ги совладаа квалификациите за Еуро 2004, кој започнале во септември 2002 година. Фудбалската репрезентација на Летонија за првпат обезбеди учество на еден голем турнир елиминирајќи ја Турција во квалификациите, односно баражот, додека Грција се врати на Европските првенства по 24 години.

Турнирот бил полн со изненадувања и импресии: репрезентациите на Германија,Шпанија и Италија биле елиминирани во групната фаза, додека репрезентацијата на Франција, (бранителите на првенството), биле поразени во четврт-финалето од Грција.Португалската репрезентација закрепна од поразот на отворањето на првенството против Грција, и од натпревар во натпревар беа се посилни, елиминирајќи ја Англија и Холандија на патот до финалето. За првпат на еден голем фудбалски турнир, учесниците на последниот натпревар беа истите тимови како на првиот натпревар.[3] Португалија била поразена од Грција, со голот на Ангелос Харистеас.[4] Триумфот на Грција бил неочекуван, со оглед на тоа дека тие учествувале до тогаш само на две други големи првенства, Еуро 1980 и Светско Првенство во фудбал 1994 година, каде што не успеа да победат на ниту еден натпревар.

За време на церемонијата на отворањето на турнирот, бил прикажан брод - кој ги симболизира португалските откритија и патувањата на португалските истражувачи - како и едрење преку морето, при што се претворил во знамињата на сите земји натпреварувачи.[5] На завршната церемонија, португалско-канадската пејачка Нели Фуртадо ја изведе песната"Форца".

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица