Светско првенство во фудбал 1998


Светското првенство во фудбал 1998 година било 16-тото Светско првенство во фудбал, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кои ги минале квалификациите. Првенството се одржало во Франција од 10 јуни до 12 јули 1998 година. Земјата-домаќин била избрана од страна на ФИФА по втор пат во историјата на натпреварувањето, совладувајќи го Мароко во процесот на наддавање. Така, Франција добила можност вторпат да го организира првенството (првиот бил во 1938 година), а по деветти пат тој се одржал во Европа. Ова било првото Светско првенство што се одржало под претседателство на Сеп Блатер. Со времетраење од 32 дена, ова бил најдолгиот мундијал во историјата.

Светско првенство во фудбал 1998
Coupe du Monde - France 98
Официјално лого
Податоци за првенството
ЗемјаФранција Франција
Екипи32
Финални резултати
Прво место  Франција (1. титула )
Второ место  Бразил
Трето место  Хрватска
Четврто место Холандија
Статистики на првенството
Број на натпревари64
Постигнати голови169 (2.64 по натпревар)
Гледачи2.784.687 (43.511 по натпревар)
ГолгетерХрватска Давор Шукер (6 гола)
Најдобар играчБразил Роналдо
Најдобар млад играчАнглија Мајкл Овен
Најдобар голманФранција Фабиен Бартез
Фер плеј награда Англија
 Франција
1994
2002

Квалификациите започнале во март 1996 и завршиле во ноември 1997. Ова првенство било првото на кое групната фаза била проширена од 24 на 32 екипи, со осум групи од по четири екипи. Вкупниот број натпревари на турнирот биле 64, кои се одиграле на 10 стадиони во 10 градови домаќини, а воведниот и завршниот натпревар биле одиграни на новоизградениот Стад де Франс, во Сен Дени.

Титулата на ова првенство му припаднала на домаќинот, репрезентацијата на Франција, која во финалето го победила Бразил со резултат 3-0. Тоа била прва титула за Франција, со што тие станале седма земја која триумфирала на Светското првенство во фудбал и шестата нација на која тоа и успеало на домашно тло (по Уругвај, Италија, Англија, Западна Германија и Аргентина).

Изборот на домаќин

Одлуката за организаторот на светското првенство била донесена во јули 1992 година. Кандидати за организација на светското првенство биле: Франција, Мароко и Швајцарија. Во Цирих на 1 јули 1992 година, ФИФА и го доделила организаторството на Франција. Франција во гласањето го победила Мароко со 12 гласа наспроти 7. Швајцарија не ги исполнила потребните барања па поради тоа не била вклучена во гласањето.[1]

Резултати од гласањето[2]
ДржаваРунда 1
Франција12
Мароко7

Квалификации

Од вкупно 174 репрезентации колку се пријавиле за учество на светското првенство, 172 учествувале во квалификациите за завршниот турнир додека само Франција како организатор на турнирот и Бразил како актуелен шампион имале обезбедено учество на светското првенство. Останатите 30 репрезентации учеството го обезбедиле преку квалификациите.

Четири репрезентации за првпат се квалификувале на Светско првенство во нивната историја: Хрватска, Јамајка, Јапонија и Јужноафриканска Република. Иран и Тунис се квалификувале на СП по првпат после 1978 година, додека Парагвај и Данска првпат се квалификувале по 1986 година. Домаќинот Франција, исто така, се вратил на завршницата на светските првенства по 12 години (ги пропуштиле претходните две првенства). Меѓу поквалитетните репрезентации кој не успеале да се пласираат на првенството биле: Уругвај (кој пропуштиле второ првенство по ред) како и трето пласираната репрезентација на Светското првенство 1994 во САД - репрезентацијата на Шведска. Русија не успеала да се квалификува на првенството за првпат по 1978 година. Највисоко рангираната екипа што не се квалификувала била Чешка (рангирана на 3. место), додека најниско рангираната екипа која се квалификувала била Нигерија (рангирана на 74. место).

Квалификувани репрезентации и начин на квалификување


РепрезентацијаСе квалификвале како:Дата на квалификувањеКонфедерацијаБрој на настапиПоследно учество
на СП
Најголем успех
на СП
 ФранцијаДомаќин1 јули 1992УЕФА101986Трето место (1958, 1986)
 БразилБранител на титулата17 јули 1994КОНМЕБОЛ161994Победник (1958, 1962, 1970 и 1994)
 МарокоПобедник на групата Е во втората рунда на КАФ квалификациите26 април 1997КАФ41994Осминафинале (1986)
 ТунисПобедник на групата Б во втората рунда на КАФ квалификациите8 јуни 1997КАФ21978Групна фаза (1978)
 Јужна АфрикаПобедник на групата Ц во втората рунда на КАФ квалификациите16 август 1997КАФ1--
 КамерунПобедник на групата Д во втората рунда на КАФ квалификациите17 август 1997КАФ41994Четвртфинале (1990)
 НорвешкаПобедник на групата 3 во УЕФА квалификациите20 август 1997УЕФА31994Осминафинале (1938)
 РоманијаПобедник на групата 8 во УЕФА квалификациите20 август 1997УЕФА81994Четвртфинале (1994)
 ХоландијаПобедник на групата 7 во УЕФА квалификациите6 септември 1997УЕФА71994Финале (1974 и 1978)
 АргентинаПобедник на КОНМЕБОЛ квалификациите10 септември 1997КОНМЕБОЛ121994Победник (1978 и 1986)
 АвстријаПобедник на групата 4 во УЕФА квалификациите10 септември 1997УЕФА71990Трето место (1954)
 БугаријаПобедник на групата 5 во УЕФА квалификациите10 септември 1997УЕФА71994Четврто место (1994)
 ШпанијаПобедник на групата 6 во УЕФА квалификациите24 септември 1997УЕФА101994Четврто место (1950)
 МексикоПобедник на 4. круг на КОНКАКАФ квалификациите5 октомври 1997КОНКАКАФ111994Четвртфинале (1970 и 1986)
 НигеријаПобедник на групата А во втората рунда на КАФ квалификациите8 октомври 1997КАФ21994Осминафинале (1994)
 ДанскаПобедник на групата 1 во УЕФА квалификациите11 октомври 1997УЕФА21986Осминафинале (1986)
 АнглијаПобедник на групата 2 во УЕФА квалификациите11 октомври 1997УЕФА101990Победник (1966)
 Германија[б 1]Победник на групата 9 во УЕФА квалификациите11 октомври 1997УЕФА141994Победник (1954, 1974, 1990)
 ШкотскаНајдобра второпласирана репрезентација во УЕФА квалификациите11 октомври 1997УЕФА81990Групна фаза (7 пати)
 ПарагвајВторопласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите12 октомври 1997КОНМЕБОЛ51986Осминафинале (1986)
 КолумбијаТретопласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите12 октомври 1997КОНМЕБОЛ41994Осминафинале (1990)
 Јужна КорејаПобедник на групата Б во втората рунда на АФК квалификациите18 октомври 1997АФК51994Групна фаза (1954, 1986, 1990 и 1994)
 САДВторопласирани во 4. круг на КОНКАКАФ квалификациите9 ноември 1997КОНКАКАФ61994Трето место (1930)
 ЈамајкаТретопласирани во 4. круг на КОНКАКАФ квалификациите9 ноември 1997КОНКАКАФ1--
 Саудиска АрабијаПобедник на групата А во втората рунда на АФК квалификациите12 ноември 1997АФК21994Осминафинале (1994)
 ХрватскаПобедник во втората рунда на УЕФА квалификациите15 ноември 1997УЕФА1--
 ИталијаПобедник во втората рунда на УЕФА квалификациите15 ноември 1997УЕФА141994Победник (1934, 1938, 1982)
 БелгијаПобедник во втората рунда на УЕФА квалификациите15 ноември 1997УЕФА101994Четврто место (1986)
 СР Југославија[б 2]Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите15 ноември 1997УЕФА1--
 ЧилеЧетвртопласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите16 ноември 1997КОНМЕБОЛ71982Трето место (1962)
 ЈапонијаПобедник на плејофот во АФК квалификациите16 ноември 1997АФК1--
 ИранПобедник на плејофот АФК-ОФК29 ноември 1997АФК21978Групна фаза (1978)

Квалификувани репрезентации по конфедерации

Следниве 32 репрезентации, се квалификувале за Светското првенство.

АФК (4)
КАФ (5)
  •  Камерун (49)
  •  Мароко (13)
  •  Нигерија (74)
  •  Јужна Африка (24) 
  •  Тунис (21)
ОФК (0)
  • Нема квалификувани

КОНКАКАФ (3)
КОНМЕБОЛ (5)

УЕФА (15)

  Репрезентации кои се квалификувале
  Репрезентации кои не се квалификувале
  Репрезентации кои не учествувале
  Земји кои не се членки на ФИФА

Ждрепка

Германија, Италија, Аргентина, Шпанија, Романија и Холандија биле поставени за носители, заедно со бранителот на титулата Бразил и домаќинот Франција.

За првпат во историјата извлекувањето на групите било изведено на фудбалски стадион - тоа бил стадионот Велодром во Марсеј, на 4 декември 1997 година.

Шешир 1Шешир 2Шешир 3Шешир 4

Преглед на првенството

  • Општо

Форматот на натпреварување на првенството бил поинаков од оној на Светското првенство 1994 година бидејќи на овој мундијал се натпреварувале 32 репрезентации наместо претходните 24. Сите 32 репрезентации биле поделени во осум групи од по четири екипи. Победниците на групите, како и второпласираните продолжувале понатаму во осминафиналето. За разлика од првенствата кои се одржале во периодот помеѓу 1986 и 1994 година на овој турнир не постоела можност третопласираните екипи да поминат понатаму. Било уведено и правилото златен гол кое се применувало во случај кога регуларниот дел од натпреварот ќе завршел нерешено.

Почнувајќи од ова првенство, репрезентациите морале да патуваат од еден град во друг за да ги играат својте натпревари во групната фаза на натпреварувањето, бидејќи различни стадиони во различни градови биле домаќини на натпреварите од групите. Исто така, бил уведeн и електричниот семафор со кој четвртиот судија го покажувал надополнетото време и замените.

  • Групна фаза

Мундијалот бил отворен со натпреварот меѓу Бразил и Шкотска, кој завршил со победа на бранителот на титулата со 2-1. Норвешка го напрвила најголемото изненадување во групата А со победата над Бразил со 2-1, во последното коло постигнувајќи два гола во завршницата од натпреварот за да дојдат до целосен пресврт. Таа победа им овозможила на норвежаните како второпласирани заедно со кариоките да минат понатаму во осминафиналето.

Италија без проблеми го освоила првото место во групата Б, а пак на Чиле му биле доволни и три нерешени натпревари за да мине во нокаут фазата. Откако пред четири години во финалето на претходното првенство, го промашил клучниот пенал сега Роберто Баџо ја спасил Италија од пораз против Чиле за конечни 2-2 во првиот натпревар одигран од оваа група. Австрија и Камерун, исто така, имале свој шанси да минат натаму но ремито во нивниот меѓусебен двобој ќе се покаже клучно за нивната елиминација. Исто така, Автрија на овој турнир поставила еден многу интересен куриозитет, постигнувајќи голови во самата завршница односно во судиското продолежние на секој од нивните три натпревари од групата.

Франција сигурно го освоила првото место во групата Ц, иако Зинедин Зидан во натпреварот против Саудиска Арабија (завршил 4-0 за французите) заработил црвен картон кој му донел два натпревари суспензија. Од таа група како второпласирана понатаму поминала Данска, откако Јужна Африка не успеала да ја совлада Саудиска Арабија во последното коло.

Нигерија била изненадувачки победник во групата Д (т.н. група на смртта), додека Шпанија била најголемото разочарување на турнирот не успевајќи да ја мине групната фаза. На старотот од турнирот шпанците биле поразени од Нигерија со 3-2 во фантастичен натпревар со многу пресврти, и натаму нивните шанси за понатамошен пласман биле сведени на чекање на резултатите од останатите натпревари. Така, за нив се покажало дека ниту најубедливата победа на турнирот со 6-1 над Бугарија не им била доволна да ја минат групната фаза, затоа што натаму покрај Нигерија минала селекцијата на Парагвај, која по нерешените резултати со Бугарија и Шпанија во првите две кола, ја совладала Нигерија во последното коло во кое Африканците сепак влегле со осигурено прво место во групата и пласман понатаму.

Од групата Е понатаму поминале репрезентациите на Холандија и Мексико. Мексико во двата натпревари во кои одиграл нерешено, губеле со два гола негатива и се спасувале од пораз (особено важно било враќањето против ), но и тоа било доволно за да поминат понатаму. Белгија, исто така, била близу да се пласира во осминафиналето но прокоцканото водство од 2-0 против Мексико и 1-0 во последното коло против Јужна Кореја и ја чинело елиминација и освојување на третото место со 3 бода (сите нерешени резултати), додека Јужна Кореја завршила последна во групата со само еден освоен бод.

Во групата Ф, доминирале репрезентациите на Германија и СР Југославија и многу лесно минале понатаму. Тие ги совладале својте соперници Иран и САД, а во нивниот меѓусебен двобој за првото место одиграле нерешено 2-2, иако СР Југославија водела со 2-0. Во натпреварот кој бил опишан како „мајка на сите натпревари“ и „најполитичкиот натпревар во историјата на Светското првенство“ Иран ги совладал САД со 2-1 и го освоил третото место во групата.

Благодарение на голот пред крајот на натпреварот, Романија ја победила Англија со резултат 2-1 и на тој начин осигурала голема предност во групата Г. Во последното коло тие само го потврдиле првото место во групата играјќи нерешено 1-1 со последнопласираниот тим во групата, репрезентацијата на Тунис, за кои ова бил прв и единствен бод на турнирот. Во натпреварот кој директно одлучувал која репрезентација ќе мине во осминафиналето како втора од оваа група, се сретнале Англија и Колумбија. Двете репрезентации во натпреварот влегле со 3 бода односно по една победа и пораз, а англичаните биле тие кој на крајот и се придружиле на Романија од оваа група во осминафиналето совладувајќи ја Колумбија со 2-0.

Аргентина со три победи и максимален учинок го освоила првото место во групата Х, во која освен нив играле уште три дебитанти на Светските првенства: Хрватска, Јапонија и Јамајка. Хрватска завршила втора славејќи победи над Јамајка и Јапонија во првите две кола, пред во директниот натпревар за првото место да потклекнат пред Аргентина, а во натпреварот без големо резултатско значење Јамајка ја победила Јапонија со 2-1 завршувајќи на третото место во групата.

  • Осминафинале

Првиот ден од осминафиналето не донел изненадувања и фаворитите биле сигурни: Италија ја победила Норвешка со 1-0, додека Бразил убедливо го совладал Чиле со 4-1. Следниот ден, францускиот одбранбен играч Лоран Блан влегол во историјата на светските фудбалски првенства како првиот играч кој постигнал златен гол. Неговиот гол ја одвел Франција во четвртфиналето, откако ја елиминирале селекцијата на Парагвај (1-0 по продолженија) во оваа фаза. Данска неочекувано лесно ја победила во групната фаза одличната репрезентација на Нигерија со 4-1. Место во четвртфиналето обезбедила и Германија која направила пресврт против Мексико за ја надополни негативата од еден гол и да победи со 2-1, со голот на Оливер Бирхоф во самата завршница од натпреварот, а слично сценарио имал и натпреварот меѓу Холандија и СР Југославија, кој бил завршен со идентичен резултат 2-1 во корист на холанѓаните со голот на Едгар Давидс во последните секунди од натпреварот. Хрватска благодарение на голот од белата точка на Давор Шукер ја победила Романија со 1-0 и така изборила место во четвртфиналето, а дефинитивно најинтересниот натпревар во осминафиналната фаза го одиграле селекциите на Аргентина и Англија. На овој натпревар се видени четири гола во првото полувреме: најпрво биле досудени два контроверзни пенала за двете репрезентации кои во голови ги претвориле Габриел Батистута и Алан Ширер, а потоа тогаш осумнаесетгодишниот Мајкл Овен постигнал неверојатен гол за да ја доведе Англија во водство од 2-1. Сепак, во самата завршница на првото полувреме Аргентина израмнила со голот на Хавиер Санети, a потоа на стартот на вториот дел стекнале бројчана предност, откако Дејвид Бекам бил исклучен заради удирање на Диего Симеоне. Меѓутоа, и покрај тоа што имале играч помалку, англичаните играле многу храбро и постигнале погодок преку Сол Кембел кој бил поништен поради прекршок, па се стигнало до изведување пенали како би се одредил победникот. На крајот, Аргентина победила на пенали со 4-3 и станала последниот четвртфиналист.

  • Четвртфинале

Четвртфиналето донело судир на две репрезентации кои претендирале на највисок пласман, домаќинот Франција и трикратниот светски првак и финалист од претходното првенство репрезентацијата на Италија. Тактичкото надмудрување на двете екипи го одбележило натпреварот во кој сепак гол не бил виден во ниту една мрежа (0-0 по 120 минути игра), па морале да одлучат пеналите каде Франција била подобра со 4-3. Одлучувачка била последната петта серија кога ударот на Лујџи Ди Бјаџо завршил во пречката, додека за Франција прецизен бил Блан. Во многу возбудлив и интересен натпревар, бранителот на титулата Бразил на крајот сепак успеал да ја победи Данска со резултат 3-2. Иако данците повеле со 1–0 со раниот гол на Мартин Јоргенсен уште во втората минута, Бразил го свртел натпреварот во своја полза со головите на Бебето и Ривалдо. Бријан Лаудруп изедначил за Данска по 50 минути игра на 2-2, но победата на Бразил им ја донел Ривалдо со својот втор гол десеттина минути подоцна. Најголемото изненадување го направила Хрватска, совладувајќи ја Германија со високи и убедливи 3-0 со одлична и храбра игра. Испаѓањето на германците во четвртфиналето на ова и на претходното првенство, значело дека првпат во нивната репрезентативна историја тие не успеле да стигнат до полуфиналето на две првенства по ред. Натпреварот пак меѓу репрезентациите на Холандија и Аргентина бил многу груб и насилен; Холандија прва дошла во водство со голот на Патрик Клајверт, но само шест минути подоцна резултатот го изедначил Клаудио Лопес. Холанѓаните останале со играч помалку на теренот откако Артур Нуман бил исклучен во 76-тата минута за опасен старт над Диего Симеоне. Неколку минути пред истекот на 90-тата минута, и аргентинскиот репрезентативец Ариел Ортега заработил црвен картон за неспортско удирање на холандскиот голман Едвин ван дер Сар. Тоа скапо ја чинело Аргентина, па само две минути по исклучувањето на Ортега, Денис Бергкамп постигнал одличен погодок за водство на Орање од 2-1 и ја однел својата земја во полуфиналето.

  • Полуфинале

Полуфиналето донело двобои меѓу Бразил и Холандија во првиот натпревар и Франција и Хрватска во вториот.

Во првиот полуфинален натпревар, Холандија со доцниот гол на Клајверт со глава успеала да го поништи водството на Бразил од почетокот на второто полувреме остварено со голот на Роналдо. По 90 минути натпреварот завршил нерешено 1-1, па се играле продолженија во кои не бил постигнат златен гол и така првото полуфинале станало третиот натпревар во нокаут фазата на овој турнир на кој пеналите го одлучиле победникот. Тоа била репрезентацијата на Бразил која славела на пенали со 4-2, во чији редови сите четворица изведувачи на пеналите биле прецизни, додека за Холандија кобни биле промашувањата на Филип Коку и Роналд де Бур.

На бразилците во финалето им се придружила репрезентацијата на Франција, која во второто полуфинале го победила најпријатното изненадување на мундијалот репрезентацијата на Хрватска. Иако хрватите први дошле до водство преку својот најдобар стрелец на ова првенство Давор Шукер, Франција брзо одговорила па радоста на хрватите траела многу кратко. Благодарение на нивниот одбранбен играч Лилијан Тирам, триколорите изедначиле само една минута подоцна по голот на Шукер, а дваесеттина минути подоцна повторно преку Тирам стигнале до целосен пресврт и победа со 2-1 над Хрватска во полуфиналето. Интересно е тоа што за Тирам ова биле неговите први голови во кариерата за репрезентацијата, а и останале единствените на неговата сметка кога тој решил да се повлече од националниот дрес во 2008 година.

Во натпреварот за третото место Хрвтска ја победила Холандија со 2-1 и на тој начин го комплетирала своето деби (како самостојна држава) од соништата на светските првенства. Давор Шукер го постигнал победничкиот гол во 35-тата минута, негов шести на првенството со кој си ја обезбедил златната копачка.[3] Тој бил стрелец во сите натпревари на Хрватска на турнирот освен во поразот со 1-0 од Аргентина во последниот натпревар од групата.

  • Финале

Бразил - Франција

Првпат во историјатот на Светските првенства во финалето играле бранителот на титулата од претходното првенство и домаќинот на првенството. На првиот гол во финалето играно на Стад де Франс се чекало до 27-мата минута, кога Зинедин Зидан со силен и прецизен удар со глава и донел водство на Франција по корнерот од десната страна изведен од Емануел Пети. Истиот играч повтрорно со глава, по нафрлување повторно од корнер, го постигнал и вториот гол за Франција во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме за да и донесе комфорна предност на својата земја на полувремето.

Водството на французите од 2-0 на полувремето се чинело тешко достижно за Бразил во ова финале. Дури и кога Марсел Десаи бил исклучен во 68-мата минута поради груб прекршок над Кафу, Бразил не успеал да ја наметне својата игра која ги красела во другите натпревари на овој турнир и макар со играч повеќе на теренот не направиле доволен број на шанси за гол. На самиот крај од натпреварот, во третата минута од судиското продолжение играчот за врска Емануел Пети ја запечатил победата на домаќините на турнирот со трет гол во мрежата на јужноамериканците, откако добиената топка од неговиот соиграч од Арсенал Патрик Виера, успеал да ја смести во десниот долен агол од мрежата на Бразил.

Била тоа прекрасна вечер за домаќинот на првенството. Проценето е дека милион луѓе излегле на улиците во Париз за да ја прослават победата сè до раните утрински часови. Франција со ова станала седма држава на која и пошло од рака да го освои светското првенство, придружувајќи им се на Уругвај, Италија, Германија, Бразил, Англија и Аргентина. Исто така, тие биле шестата земја во историјата на мундијалите која го освоила првенството на домашен терен. За време на првенството Франција примила само два гола - рекорд кој подоцна бил изедначен од Италија (во 2006) и Шпанија (во 2010).

Стадиони

Турнирот се играл на 10 различни стадиони:

Сен ДениМарсејПаризЛион
Стад де ФрансВелодромПаркот на принцовитеЖерлан
48°55′28″N 2°21′36″E / 48.92444° СГШ; 2.36000° ИГД / 48.92444; 2.36000 (Stade de France)43°16′11″N 5°23′45″E / 43.26972° СГШ; 5.39583° ИГД / 43.26972; 5.39583 (Stade Vélodrome)48°50′29″N 2°15′11″E / 48.84139° СГШ; 2.25306° ИГД / 48.84139; 2.25306 (Parc des Princes)45°43′26″N 4°49′56″E / 45.72389° СГШ; 4.83222° ИГД / 45.72389; 4.83222 (Stade de Gerland)
Капацитет: 80,000Капацитет: 60,000Капацитет: 48,875Капацитет: 44,000
Ланс
Стад Феликс Боларт
50°25′58.26″N 2°48′53.47″E / 50.4328500° СГШ; 2.8148528° ИГД / 50.4328500; 2.8148528 (Stade Félix-Bollaert)
Капацитет: 41,300
Нант
Стад де ла Божоар
47°15′20.27″N 1°31′31.35″W / 47.2556306° СГШ; 1.5253750° ЗГД / 47.2556306; -1.5253750 (Stade de la Beaujoire)
Капацитет: 39,500
ТулузаСент-ЕтјенБордоМонпелје
Стад де ТулузаСтад Жофроа ГишарПарк ЛескјурСтад де ла Мосон
43°34′59.93″N 1°26′2.57″E / 43.5833139° СГШ; 1.4340472° ИГД / 43.5833139; 1.4340472 (Stadium de Toulouse)45°27′38.76″N 4°23′24.42″E / 45.4607667° СГШ; 4.3901167° ИГД / 45.4607667; 4.3901167 (Stade Geoffroy-Guichard)44°49′45″N 0°35′52″W / 44.82917° СГШ; 0.59778° ЗГД / 44.82917; -0.59778 (Parc Lescure)43°37′19.85″N 3°48′43.28″E / 43.6221806° СГШ; 3.8120222° ИГД / 43.6221806; 3.8120222 (Stade de la Mosson)
Капацитет: 37,000Капацитет: 36,000Капацитет: 35,200Капацитет: 34,000

Судии

КАФ (5)
  • Саид Белкола
  • Гамал Ал-Гандур
  • Лусиен Бушардо
  • Лим Ки Чонг
  • Ијан МекЛеод
АФК (4)
  • Абдул Рахман Ал-Зеид
  • Али Бујсаим
  • Масајоши Окада
  • Пиром Ун-Прасерт

УЕФА (15)
  • Марк Бата
  • Гинтер Бенко
  • Пјерлуиџи Колина
  • Хју Далас
  • Пол Дркин
  • Хосе Гарсија Аранда
  • Бернд Хејнеман
  • Николаи Левников
  • Урс Мејер
  • Витор Мело Переира
  • Ким Милтон Нилсен
  • Руне Педерсен
  • Лашло Вагнер
  • Марио ван дер Енде
  • Ришард Војчик

КОНКАКАФ (3)
  • Есфандир Бахармаст
  • Артуро Брицио Картер
  • Рамеш Рамдан
ОФК (1)
  • Едвард Лени
КОНМЕБОЛ (6)
  • Хавиер Кастрили
  • Епифанио Гонсалес
  • Марио Резенде де Фреитас
  • Марио Санчес Јантен
  • Алберто Техада Нориега
  • Џон Торо Рондон

Групна фаза

Првите два тима од секоја група се пласираат во осминафиналето.

Сите наведени времиња се според месното време во Франција, односно Средноевропското време (UTC+1).

  Екипи кои ја поминале групната фаза

Група А

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Бразил6320163+3
2.  Норвешка5310254+1
3.  Мароко43111550
4.  Шкотска1301226-4
v  Шкотска

v  Норвешка

v  Норвешка

v  Мароко

v  Мароко

v  Норвешка

Група Б

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Италија7321073+3
2.  Чиле33030440
3.  Австрија2302134-1
4.  Камерун2302125-3
v  Чиле

v  Австрија

v  Австрија

v  Камерун

v  Австрија

v  Камерун

Група Ц

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Франција9330091+8
2.  Данска43111330
3.  Јужна Африка2302136-3
4.  Саудиска Арабија1301227-5
v  Данска

v  Јужна Африка

v  Данска

v  Саудиска Арабија

v  Данска

v  Саудиска Арабија

Група Д

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Нигерија63201550
2.  Парагвај5312031+2
3.  Шпанија4311184+4
4.  Бугарија1301217-6
v  Бугарија

v  Нигерија

v  Бугарија

v  Парагвај

v  Парагвај

v  Бугарија

Група Е

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Холандија5312072+5
2.  Мексико5312075+2
3.  Белгија43030330
4.  Јужна Кореја1301229-7
v  Мексико

v  Белгија

v  Мексико

v  Јужна Кореја

v  Мексико

v  Јужна Кореја

Група Ф

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Германија7321062+4
2.  СР Југославија7321042+2
3.  Иран3310224-2
4.  САД0300315-4
v  Иран

v  САД

v  СР Југосалвија

v  Иран

v  Иран

v  СР Југославија

Група Г

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Романија7321042+2
2.  Англија6320152+3
3.  Колумбија3310213-2
4.  Тунис1301214-3
v  Тунис

v  Колумбија

v  Тунис

v  Англија

v  Англија

v  Тунис

Група Х

Поз.РепрезентацијаБодОНПНИДГПГГР
1.  Аргентина9330070+7
2.  Хрватска6320142+2
3.  Јамајка3310239-6
4.  Јапонија0300314-3
v  Јапонија

v  Хрватска

v  Хрватска

v  Јамајка

v  Хрватска

v  Јамајка

Нокаут фаза

Резултати

Момент од полуфиналниот натпревар помеѓу Бразил и Холандија.
ОсминафиналеЧетвртфиналеПолуфиналеФинале
              
27 јуни – Париз      
   Бразил 4
3 јули – Нант
   Чиле 1 
   Бразил 3
28 јуни – Сен Дени
    Данска 2 
   Нигерија 1
7 јули – Марсеј
   Данска 4 
   Бразил (п) 1 (4)
29 јуни – Тулуза
    Холандија 1 (2) 
   Холандија 2
4 јули – Марсеј
   Југославија 1 
   Холандија 2
30 јуни – Сент-Етјен
    Аргентина 1 
   Аргентина (п) 2 (4)
12 јули – Сен Дени
   Англија 2 (3) 
   Бразил 0
27 јуни – Марсеј
    Франција 3
   Италија 1
3 јули – Сен Дени
   Норвешка 0 
   Италија 0 (3)
28 јуни – Ланс
    Франција (п) 0 (4) 
   Франција (прод.) 1
8 јули – Сен Дени
   Парагвај 0 
   Франција 2
29 јуни – Монпелје
    Хрватска 1 Трето место
   Германија 2
4 јули – Лион11 јули – Париз
   Мексико 1 
   Германија 0   Холандија 1
30 јуни – Бордо
    Хрватска 3    Хрватска 2
   Романија 0
   Хрватска 1 

Осминафинале

v  Норвешка

v  Чиле

v  Парагвај

v  Данска

v  Мексико

v  СР Југославија

v  Хрватска

v  Англија

Четвртфинале

v  Франција

v  Данска

v  Аргентина

v  Хрватска

Полуфинале

v Холандија 

v Хрватска 

Натпревар за трето место

v Хрватска 

Финале

v Франција 

Победник

Победник на Светското првенство во фудбал 1998


Франција
1. титула

Статистика

Список на стрелци

6 гола
5 гола
4 гола
3 гола
2 гола
1 гол
автоголови
  • Георги Бачев (против Шпанија)
  • Јусеф Шипо (против Норвешка)
  • Том Бојд (против Бразил)
  • Пјер Иса (против Франција)
  • Андони Зубизарета (против Нигерија)
  • Синиша Михајловиќ (против Германија)

Извор: ФИФА.com[4]


Награди

Златна копачкаЗлатна топкаЈашин наградаФер Плеј наградаНајинтересна екипа
Давор Шукер Роналдо Фабиен Бартез  Англија
 Франција
 Франција

ФИФА Идеален тим на првенството

Идеалниот тим е составен од 16 играчи за кој се смета дека најмногу импресионирале на Светското првенство 1998, а избран е од страна на FIFA's Technical Study Group.[5]


ГолманиОдбранаСреден редНапаѓачи
Фабиен Бартез
Хосе Луис Чилаверт
Роберто Карлос
Марсел Десаи
Лилијан Тирам
Франк де Бур
Карлос Гамара
Дунга
Зинедин Зидан
Ривалдо
Едгар Давидс
Михаел Лаудруп
Роналдо
Давор Шукер
Бријан Лаудруп
Денис Бергкамп


Табела

Земјите учеснички на СП 1998 и нивните позиции
Светско првенство во фудбал 1998[6]
Поз.РепрезентацијаГОНПНИДГПГГРБ
1  ФранцијаЦ7610152+1319
2  БразилА74121410+413
3  ХрватскаХ7502115+615
4  ХоландијаЕ7331137+612
5  ИталијаБ532083+511
6  АргентинаХ5311104+610
7  ГерманијаФ531186+210
8  ДанскаЦ521297+27
9  АнглијаГ421174+37
10  СР ЈугославијаФ421154+17
11  РоманијаГ421143+17
12  НигеријаД420269−36
13  МексикоЕ412187+15
14  ПарагвајД412132+15
15  НорвешкаА41215505
16  ЧилеБ403158−33
17  ШпанијаД311184+44
18  МарокоА31115504
19  БелгијаЕ30303303
20  ИранФ310224−23
21  КолумбијаГ310213−23
22  ЈамајкаХ310239−63
23  АвстријаБ302134−12
24  Јужна АфрикаЦ302136−32
25  КамерунБ302125−32
26  ТунисГ301214−31
27  ШкотскаА301226−41
28  Саудиска АрабијаЦ301227−51
29  БугаријаД301217−61
30  Јужна КорејаЕ301229−71
31  ЈапонијаХ300314−30
32  САДФ300315−40


Симболи

Футикс, официјалната маскота на турнирот.

Маскота

Официјалната маскота на турнирот бил „Футикс“ (изворно Footix), петел кој првпат бил претставен во мај 1996 година.[7] Создаден од графичкиот дизајнер Фабрис Пијало, Футикс бил избран во потесниот избор од пет маскоти.[8] Истражувањето спроведено во врска со изборот да се има петел како маскота покажале дека маскотата била многу добро примена: 91% од испитаниците го поврзале веднаш со Франција, традиционалниот симбол на нацијата.[7] Името Футикс, било избрано од француските телевизиски гледачи, а претставува синоним за фудбал („Foot“) со завршеток „ix“ кој доаѓа од популарниот стрип „Астерикс“.[7] Боите на маскотата ги рефлектираат знамето на земјата-домаќин и опремата со која настапува француската репрезентација - костумот е во сина боја, грбот во црвена а зборовите „Франција 98“ на костумот се обоени во бела боја.

Официјална песна

Официјалната песна на Светското првенство во фудбал 1998 била The Cup of Life (изворно La Copa de la Vida, во превод на мак. Првенството на животот) во изведба на Рики Мартин.[9][10]

Топка

Топката за овој мундијал, била произведена од Адидас и именувана како „Триколоре“, што на француски значи „трибојно“.[11] Тоа била осмата топка на турнирите од Светското првенство која била изработена од германската компанија и била прва во серијата која била разнобојна.[12] Трибојното знаме и петелот, традиционални симболи на Франција биле користени како инспирација за дизајнот.[12]

Маркетинг

Спонзори

Спонзорите на Светското првенство во фудбал се поделени во две категории: спонзори на Светското првенство во организација на ФИФА и спонзори-поддржувачи на француската репрезентација.[13][14]

Кока-Кола еден од спонзорите на Светското првенство 1998.
Спонзори на Светското првенствоСпонзори на Франција

Видео игри

Во поголемиот дел од светот, официјалната видео игра била, World Cup 98 издадена од EA Sports на 13 март 1998 за Microsoft Windows, PlayStation, Nintendo 64 и Game Boy. Тоа била прва меѓународна фудбалска игра развиена од Електронски уметности откако ги добила правата од ФИФА во 1997 година и добила претежно поволни критики.[37][38][39]

Наводи

Надворешни врски


Статијата Светско првенство во фудбал 1998 е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица