Кензабуро Ое

Кензабуро Ое (јапонски: 大江 健三郎; 31 јануари 1935 - 3 март 2023) — јапонски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1994 година.[1]

Кензабуро Ое
Кензабуро Ое во 2012 г.
Изворно име大江 健三郎
Роден/а31 јануари 1935(1935-01-31)
Осе, Јапонија
Починат/а3 март 2023(2023-03-03) (возр. 88)
Занимањероманописец, есеист, раскажувач
Националностјапонско
Период1957–2013
Значајни делаЛична работа, Тивок плач
Значајни наградиНобелова награда за литература
1994

Студирал во францускиот универзитет за книжевност во Токио. Дипломирал со своето дело Жан Пол Сартр во 1959 година. Почнал да пишува во 1957 година додека сè уште бил студент. Бил активен и во мировните и во еколошките проекти.[2][3]

Кензабуро Ое е великан на современата јапонска книжевност. Неговите дела биле со политички, општествен и филозофски карактер, како на пример јадреното оружје, неслогите во општеството и егзистенцијализмот. Во романот „Едноставен живот“ од 1990 година пишувал за хендикепираните деца во семејството.[4]

Животопис

Кензабуро Ое е роден во Осе, село во Јапонија, кое денес се наоѓа во префектурата Утико, на островот Шикоку. Бил трето од седумте деца. Неговата баба го учела уметност. Баба му умрела во 1944 година, а истата година подоцна умрел и татко му, како жртва на Втората светска војна. Неговата мајка му купувала книги, меѓу кои Авантурите на Хаклбери Фин и Прекрасното патување на Нилс Холгерсон, чие влијание, како што изјавил самиот Ое, „ќе го носи до гроб“.[5]

Ое се сеќавал на неговиот учител во основно училиште, кој тврдел дека царот Хирохито бил жив бог, и го прашувал Ое секое утро: „Што би направил ако императорот ти нареди да умреш? Ое секогаш одговарал дека ќе умре, ќе си го исече стомакот и ќе умре, иако навечер пред спиење се срамел што се плаши да умре.[6] По војната, сфатил дека на училиште учел многу лажни работи, и се чувствувал предаден. Ова чувство дека е предаден подоцна се појавувало во неговите текстови.[6]

Средно училиште учел во Мацујама. На осумнаесетгодишна возраст, за првпат заминал за Токио, а од наредната година ги започнал студиите по француска литература на Токискиот униврзитет. Ое почнал да објавува раскази во 1957 година, уште додека бил студент, и бил под силно влијание на современата литература објавувана во Франција и САД.

Во 1961 година во јапонско литературно списание биле објавени расказите на Ое Седумнаесет и Смртта на политичката младина. И двата текста биле иснпирирани од седумнаесетгодишниот Јамагучи Отоја, кој извршил атентат врз водачот на Јапонската социјалистичка партија во 1960 година, а три недели подоцна се самоубил во затвор. Јамагучи бил омилен меѓу членовите на екстремната десница, а на кои не им се допаднала Смртта на политичката младина, па поради тоа, Ое и списанието секојдневно со недели добивале смртни закани. Потоа списанието се извинило на читателите, но расказот никогаш повторно не бил објавуван ниту преведен на друг јазик.[6]

Во 1994 година Ое ја добил Нобеловата награда за литература и бил назначен да го добие јапонскиот орден за култура. Тој одбил да го прими орденот кој го доделува царот на Јапонија, велејќи дека не признава авторитет или вредност повисока од демократијата. Поради ова, повторно добивал закани.[6]

Ое во 2013 година на антијадрени демонстрации во Токио

Во 2005 година, двајца јапонски воени офицери го тужеле Ое за клевета поради неговиот есеј од 1970 година со наслов Белешки за Окинава, во кој зборува дека членови на јапонската војска го принудувале народот во Окинава да изврши самоубиство за време на Битката за Окинава во 1945 година. Во март 2008 година, судот во Осака ги отфрлил сите тужби против Ое, при што судијата изјавил дека војската спроведувала масовни самоубиства.[7]

Кензабуро Ое учествувал во мировни и антијадрени демонстрации, а напишал и книги во врска со атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки и хибакуша. По настаните во 2011 година и јадрената катастрофа во Фукушима, Ое го советувал премиерот Јошихико Нода да ги запре плановите за повторно активирање на атомските централи и да ја забрани јадрената енергија.[8] Тој изјавувал дека Јапонија може да доживее нова јадрена катастрофа ако атомските централи продолжат со работа.[9] Ое исто така го критикувал движењето кое барало да се измени членот 9 од Уставот на Јапонија, кој засекогаш се откажува од војната.[10]

Приватен живот

Се оженил во 1960 година со Јукари, која била ќерка на филмскиот режисер Мансаку Итами и сестра на Јузо Итами. Таа година на патување низ Кина, Кензабуро Ое се сретнал со Мао Це Тунг. Тој исто така патувал низ Русија и Европа, а во Париз се сретнал со Жан Пол Сартр.[11][12]Ое живее во Токио, и има три деца.

Надворешни врски

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица