Којсански јазици

Којсански јазици — група јазици во Африка со чкрапави гласови (наречени и „кликови“) што не припаѓаат на други јазични семејства. Порано се сметало дека тие се генеалошки поврзани, но ова денес е отфрлено.

Којсански јазици
Khoesaan
Географска
распространетост:
Калахари, централна Танзанија
Класификација:(условна)
Гранки:
квади-кое
к’ха
туу
сандаве
ISO 639-2 и 639-5:khi

Распространетост на којсанските јазици (со зелено) во рамките на Африка

Во групата спаѓаат автохтони јазици од јужна и источна Африка, но и некои (како на пр. од групата кое), што се преселиле на сегашното подрачје не долго пред проширувањето на банту-јазиците.[1] Во јужна Африка, којсански говорници се Хотентотите (Кои) и Бушманите (Сан), а во источна Африка тоа се народите Сандаве и Хаѕа.

Пред проширувањето на банту-јазиците, којсанските јазици (и слични на нив) биле широко распространети во јужна и источна Африка. Денес говорното подрачје им е ограничено на пустината Калахари, претежно во Намибија и Боцвана, и во Раседната Долина во централна Танзанија.[2]

Највеќето којсански јазици се загрозени, а неколку се на умирање или веќе мртви. Најголем број од нив не се воопшто запишани. Единствениот пошироко распространет којсански јазик е коекое (нама) во Намибија со 250.000 говорници; на второ место е сандаве во Танзанија (40.000 говорници, некои еднојазични) и оние од јазичната група к’хунг (жу) на северот на Калахари (30.000 говорници).

Најкарактеристично за којсанските јазици е употребата на чкрапави согласки (чкрапки) како фонеми. Овие гласови се запишуваат со знаци како ǃ и ǂ. Јазикот жуц’оан (Juǀʼhoan) има околу 30 чкрапави согласки, не сметајќи ги групите со 90 фонеми вклучувајќи пискави и фарингализирани самогласки и четири тонови. к’хонг (ǃXóõ) и ч’оан (ǂHõã).

Граматички, јужнокојсанските јазици се прилично изолирачки, и односот помеѓу деловите од реченицата се означува многу повеќе со збороред отколку со збороизмена (флексија). За разлика од нив, јазиците во Танзанија имаат голем број на збороизменителни наставки.

Предавање на чкрапавите гласови на македонски

Чкрапавите согласки на македонски не се предаваат со посебните знаци, туку се транскрибираат со македонско писмо и апостроф, кој го означува наглиот прекин.[3] По ова се водат сите имиња на јазиците во статијава.

МФАмак.Назив
ʘп’двоуснена
ǀц’забна
!к’венечна
ǁл’странична
ǂч’преднонепчена

Семејства

Условните гранки на којсанските јазици честопати се сметаат за независни семејства, бидејќи не можат да се покажат како меѓусебно сродни според стандардниот споредбен метод. Кај меѓусебно сродните јазици, според една класификација којсанските јазици можат да се поделат на две групи: „бушмански“ и „хотентотски“.[4]

Хаѕа

Јазикот хаза има околу 800 говорници во Танзанија и не е во сродство со ниеден јазик. Народот Хаза е генетски несроден со којсанските народи во јужна Африка. Според некои претпоставки, нивни најблиски сродници се можеби Пигмејците од централна Африка.

Сандаве

Постојат некои показатели дека јазикот сандаве (~ 40.000 говорници во Танзанија) можеби е сроден со оние од семејството кое (слични заменки и доста совпаѓања во Сводешовиот список), но овие наоѓања не се доовлни за да се утврди складност во гласовите. Иако се географски блиски, сандаве не е во сродство со јазикот хаѕа.

Кое

Семејството кое е најбројно и најразновидно во групата на којсански јазици, со седум живи јазици и преку 250.000 говорници. Иако постојат мошне малку податоци за јазикот квади, направена е реконструкција на заменките и некои основни зборови на прајазикот квади-кое. Треба да се напомене дека врската со квади не е признаена од сите којсанисти.

  • ? квади-кое (Kwadi-Khoe)
    • квадиски (Kwadi) - мртов, Ангола.
    • кое (Khoe)
      • коекое (Khoekhoe) или хотентотски - оваа гранка има влијанија од јазичниот сојуз на жуу-туу.
        • нама (Nama) - 270.000 говорници, народите Коекоен, Нама, Дамара. во дијалектната група спаѓаат акое (Aakhoe) и хајл’ом (Haiǁom)
        • ејни (Eini) - мртов.
        • јужен коекое
          • корана (Korana) - 6+ говорници. на умирање.
          • к’хири (Xiri) - 90 говорници. на умирање. дијалектна група.
      • чу-кве (Tshu–Khwe) или калахарски - многу од овие јазици имаат претрпено делумна загуба на чкрапки.
        • источни чу-кве (источнокалахарски)
          • шуа (Shua) - 6000 говорници. дијалектна група, вклуч. дети (Deti), ц’иха (Tsʼixa), ц’хајсе (ǀXaise) и ганади (Ganádi)
          • цоа (Tsoa) - 7300 говорници. дијалектна група, вклуч. сире сире (Cire Cire) и куа (Kua)
        • западни чу-кве (западнокалахарски)
          • кхое (Kxoe) - 9000 говорници. дијалектна група, вклуч. л’ани (ǁAni) и буга (Buga)
          • наро (Naro) - 14.000 говорници. дијалектна група.
          • л’гана-ц’гви (Gǁana–Gǀwi) - 4500 говорници. дијалектна група, вклуч. л’гана (Gǁana), ц’гви (Gǀwi) и можеби ч’аба (ǂHaba)

Туу

Семејството туу се состои од две јазични групи, меѓусебно сродни колку што се коекое и чукве во групата кое. Типолошки се мошне слични на јазиците к’ха (подолу), но немаат докажана генетска врска со нив. (т.е. сличностите може да се должат на ареалот).

  • туу (Tuu)
    • таа (Taa)
      • к’хонг (ǃXoon) - 4200 говорници. дијалектна група.
      • долноносопски (Lower Nossob) - два дијалекта, ц’ауни (ǀʼAuni) и ц’ааси (ǀHaasi). мртов.
    • к’ви (ǃKwi)
      • л’нг (Nǁng) - дијалектна група. на умирање.
      • ц’хам (ǀXam) - дијалектна група. мртов.
      • ч’ункве (ǂUngkue) - дијалектна група. мртов.
      • л’хегви (ǁXegwi) - мртов.

К’ха

Семејството к’ха (Kx'a) е во далечно сродство, предложено во 2010 г.

  • к’ха (Kx'a)
    • ч’оан (ǂHoan) - 200 говорници, Боцвана. на умирање.
    • к’хунг (!Kung, !Xun, Ju) (порано: „севернокојсански“) претставува една дијалектна група. (~45.000 говорници) Добро познати дијалекти се северниот к’хунг (ǃʼOǃKung), жуц’оан (Juǀʼhoan) и л’хаул’ен (ǂKxʼauǁʼein).

Други јазици со чкрапки

Не сите јазици што имаат чкрапави гласови како фонеми се сметаат за којсански. Највеќето некојсански јазици со оваа одлика се среќаваат меѓу соседните банту-јазици во јужна Африка: нгунските јазици (коса, зулу, свази, пути и северен ндебеле); сото; јеји во Боцвана; и мбукушу, квангали, и дирику во појасот Каприви. Чкрапките се прошириле и во неколку околни јазици. Од овие, коса, зулу, ндебеле и јеји имаат сложени системи на чкрапави согласки; останатите попрости чкрапави гласови. Тука треба да се спомене и јужнокушитскиот јазик дахало во Кенија ко јима забни чкрапки во извесен број зборови, како и мртвиот северноавстралиски обреден јазик наречен дамин, кој имал само носни чкрапки.

Чкрапките во другите јазици (како македонскиот) не се согласни фонеми, туку призвуци за изразување на расположение кон нешто. Таков пример е извикот „ц-ц-ц!“ кога осудуваме некоја постапка или состојба.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица