Крал на Саудиска Арабија

Крал на Саудиска Арабијаапсолутен монарх на Саудиска Арабија и старешина на династијата Сауд. Го носи звањето Чувар на Двете Свети Џамии (خادم الحرمين الشريفين), што се однесува на старателството врз Светата џамија (Месџид ел-Харам) во Мека и Џамијата на Пророкот (Месџид ел-Небеви) во Медина — воведено во 1986 г. наместо дотогашната „Неговото Величество“.

Крал of Саудиска Арабија
ملك المملكة العربية السعودية

  • Владетел
  • Салман
  • since 23 јануари 2015

ЗвањеЧувар на
Двете свети џамии
ПрестолонаследникМукрин
Прв владетелАбдулазиз
Основање22 септември 1932
СедиштеКралски дворец, Ријад[1]

Историја

Кралот Абдулазиз (ибн Сауд) почнал да ја освојува денешна Саудиска Арабија во 1902 г. со враќањето на семејната надлежност како емири на Ријад. Потоа продолжил со освојвуање на Неџд (1922), а потоа Хиџаз (1925). Звањето гласело „Султан на Неџд“, подоцна сменето во „Крал на Хиџаз и Неџд“, за во 1932 г. да го добие денешното.

Наследување

По смртта на Абдулазиз, сите досегашни владетели се негови синови како наследници. Овој систем се разликува од западните монархии, каде наследувањето оди по син наспроти брат.

Други функции

Покрај владетел и старешина на династијата, кралот има улога и на премиер на државата, при што вицепремиер е престолонаследникот. Следниот на списокот по престолонаследникот ја има функцијата „втор вицепремиер“.

Кралеви на Саудиска Арабија (1932–)

Име
Животен век
Стапил
Отстапил
Белешки
Династија
Слика
Абдулазиз
  • ибн Сауд
  • عبد العزيز
26 ноември 1876(1876-11-26) – 9 ноември 1953(1953-11-09) (возр. 76)22 септември 19329 ноември 1953Сауд
Сауд
  • سعود
12 јануари 1902(1902-01-12) – 23 февруари 1969(1969-02-23) (возр. 67)9 ноември 19532 ноември 1964
(тргнат)
Сауд
Фејсал
  • فيصل
април 1906 – 25 март 1975
(воз. 68)
2 ноември 196425 март 1975
(убиен)
Сауд
Халид
  • خالد
13 февруари 1913(1913-02-13) – 13 јуни 1982(1982-06-13) (возр. 69)25 март 197513 јуни 1982Сауд
Фахд
  • فهد
16 март 1921(1921-03-16) – 1 август 2005(2005-08-01) (возр. 84)13 јуни 19821 август 2005Сауд
Абдула
  • عبد الله
1 август 1924(1924-08-01) – 23 јануари 2015(2015-01-23) (возр. 90)1 август 200523 јануари 2015Сауд
Салман
  • سلمان
31 декември 1935(1935-12-31)(88 г.)23 јануари 2015на властСауд

Тековни престолонаследници

  • Престолонаследникот Мукрин, р. 15 септември 1945(1945-09-15)(78 г.) син на Абдулазиз и Барака ел-Јеменија
  • Заменикот-престолонаследник Мухамед бин Најф, р. 1959 (воз. 64–65 г.), син на Најф бин Абдулазиз и ел-Џаухара бинт Абдулазиз, внук на Абдулазиз бин Сауд и Хеса бинт Ахмед.

Хронологија

Салман бин АбдулазизАбдула бин АбдулазизФахд бин АбдулазизХалид бин АбдулазизФејсал бин АбдулазизСауд бин АбдулазизАбдулазиз ибн Сауд

Кралски стандард

Кралски стандард

Кралскиот стандард се состои од зелено знаме со натпис, бела сабја и државниот амблем со златна во долниот десен кантон.

Натписот е шехадетот, односно сведочењето за верата, напишано со букви во стилот сулус:

لَا إِلٰهَ إِلَّا الله مُحَمَّدٌ رَسُولُ الله
лā ʾилāхa ʾиллā-ллāх, мухамедун расȳлу-ллāх
Нема друг бог освен Бог и Мухамед е Неговиот пратеник.[2]

Поврзано

  • Престолонаследник на Саудиска Арабија

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица