Кристофер Нолан

Кристофер Џонатан Џејмс Нолан (англиски: Christopher Jonathan James Nolan; роден на 30 јули 1970)[2] — британско-американски кинорежисер, сценарист и продуцент.

Кристофер Нолан
Нолан во 2013 на премиерата на Човекот од челик во Лондон
Роден(а)Кристофер Џејмс Нолан[1]
УстановаУниверзитетски Колеџ во Лондон
Занимањекинорежисер, продуцент и сценарист
Активен1989–денес
СопружникЕма Томас (1997–)
Деца4
РодниниЏонатан Нолан (брат)
Џон Нолан (чичко)

По неговото режисерско деби со филмот Следење (1998), Нолан бил забележан како режисер на филмот Мементо (2000), за кој бил номиниран за бројни признанија, вклучувајќи и Оскар за најдобро оригинално сценарио. Потоа ја добил можноста да го режира големиот буџетски трилер "Инсомнија" (2002) и мистериозната драма "Престиж" (2006). Понатамошен популарен и критички успех доживеал со трилогијата Темниот витез (2005-2012), Почеток (2010), кој добил осум номинации за Оскар, вклучително за најдобар филм и за најдобро оригинално сценарио, Интерстелар (2014) и Денкирк (2017). Неговите десет филма заработиле над 4,7 милијарди долари ширум светот и освоиле вкупно 26 номинации за Оскар со седум победи. Нолан заедно со брат му Џонатан Нолан и со сопругата Ема Томас ја води продукциската компанија Syncopy Inc. Тајмс го прогласил за еден од 100-те највлијателни луѓе во светот во 2015 година.

Филмовите на Нолан имаат епистемолошки и метафизички теми, истражување на човечкиот морал, конструкција на времето, природата на меморијата и на личниот идентитет. Неговото дело е проткаено со материјалистички перспективи, нелинеарно раскажување на приказните, специјални ефекти, иновативни звучни снимки, филмска фотографија во голем формат и аналогни врски помеѓу визуелниот јазик и наративните елементи.

Животопис

Детство и почеток на кариерата (1970-1998)

Нолан студирал на Универзитетскиот Колеџ во Лондон а Галерија Флаксман ја употребил во сцена на Почеток (2010).[3]

Нолан е роден во Лондон. Татко му, Брендан Џејмс Нолан, бил Британец и работел како извршен директор за рекламирање, а мајка му, Кристина (со моминско презиме Џенсен), била Американка која работела како стјуардеса и професор по англиски јазик.[4][5][6] Тој има британско и американско државјанство и детството го поминувал на релација Лондон и Еванстон, Илиноис.[7][8][9][10] Постариот брат на Нолан, Метју Френсис Нолан, е осуден криминалец,[11] а негов помлад помлад брат е сценаристот Џонатан Нолан.[12] Тој почнал да снима филмови на седумгодишна возраст со 8 мм камера на татко му, снимајќи кратки филмови со своите акциони фигури.[13][14] Додека растел, Нолан бил под влијание на "Војна на ѕвездите" (1977). На единаесетгодишна возраст, веќе знаел дека сака да биде професионален режисер.[12]

Кога семејството на Нолан се преселило во Чикаго за време на неговите студентски години, тој почна да прави филмови со Адриен и Роко Белиќ. Ја продолжил соработката со браќата, учествувајќи во документарниот филм номиниран за Оскар, Џингис Блуз (1999)[15] Нолан работел со Роко и со понатамошниот добитник на Пулицерова награда Џефри Џетлмен на документирање сафари низ 4 африкански земји, организирано од починатиот фото репортер Ден Елдон во раните 1990-ти.[16][17] Нолан се школувал во Хајлејбери и Империјал Сервис Колеџот, независно училиште во Хертфорд Хит, Хертфордшир, а подоцна слушал англиска книжевност на Универзитетскиот колеџ во Лондон (УКЛ). Тој го избрал УКЛ специјално заради филмските капацитети, кои се состоеле од монтажен пакет Steenbeck и 16 мм филмски камери.[18] Нолан бил претседател на Филмското друштво[18] и со Ема Томас (неговата девојка и идна сопруга) снимал 35 милиметарски играни филмови во тек на учебната година а заработените пари ги користел за правење 16 мм филмови во тек на летото.[19] За време на годините во колеџот, направил два кратки филма. Првиот бил надреалниот 8 mm Тарантела (1989).[20] Вториот бил Ларсени (1995), снимен за време на викендот во црно-бело со ограничена техника и мала глумечка и филмска екипа.[21]

Кариера: 1998–2004

Кристофер Нолан и сопругата Ема Томас во 2010

Во 1998 година Нолан го режирал својот прв филм, Следење, кој лично го финансирал и го снимил со пријателите. Филмот Следење имал скромен буџет од 3.000 фунти и бил сниман за време на викендите во период од една година.[22] Копродуциран со Ема Томас и Џереми Теобалд, Нолан самиот го напишал, го снимил и го монтирал филмот. Тој добил неколку награди на фестивалот[23] ибил добро прифатен од критиката. На 11 декември 2012, филмот Следење бил објавен на DVD и на Blu-ray.[24]

Како резултат на успехот на Следење, на Нолан му била дадена можност да го направи својот успех со "Мементо" (2000). За време на патот пат од Чикаго до Лос Анџелес, брат му Џонатан ја спомнал идејата за "Мементо мори", за човек со антероградна амнезија, кој користи белешки и тетоважи за да го фати убиецот на неговата жена. Нолан развил сценарио што ја раскажало приказната обратно. Арон Рајдер, извршен директор на "Њумаркет Филмс", изјавил дека тоа "веројатно е најиновативното сценарио што некогаш го видел".[25] На филмот му бил доделен буџет од 4,5 милиони долари.[26] Премиерата на Мементо, во кој настапуваат Гај Пирс и Кери-Ен Мос, била во септември 2000 на Венецијанскиот филмски фестивал.[27] Голем број критичари го сметале Мементо за еден од најдобрите филмови на 2000-те.[28] Во 2017 година, филмот бил избран од Библиотеката на Конгресот за чување во Националниот филмски регистар на Соединетите Американски Држави, заради неговата "културна, историска или естетска важност".[29]

Успехот и серијалот за Бетмен

На почетокот на 2003 година, Нолан на Ворнер Брос им ја понудил идејата за создавање на нов филм за Бетмен.[30] Тој започнал со снимање на првиот дел од трилогијата со филмот Бетмен почнува[30] чија премиера била во јуни 2005 а филмот добил одлични критики и доживеал комерцијален успех.[31] Во главната улога бил Кристијан Бејл, заедно со Мајкл Кејн, Гери Олдман, Морган Фриман и Лиам Нисон.[32][33] Филмот ја раскажува приказната за потеклото на стравот на Брус Вејн од лилјаци, смртта на неговите родители, неговото патување да стане Бетмен и борбата против заговорот на Ра-Ал Гал да го уништи Готам Сити. Филмот бил пофален за неговата психолошка длабочина и современа релевантност[34] Бил номиниран за Оскар за најдобра кинематографија и три награди БАФТА.[35][36]

Нолан (лево) со глумечката екипа на Темниот витез на европската премиера во 2008 во Лондон.
Глумечката екипа на Почеток на премиерата во 2010.

Во јули 2006 година Нолан објавил дека делот по Бетмен почнува ќе се вика Темниот витез.[37] Прикажан во 2008 година со добивање на големо критичко признание, Темниот витез се наведува како еден од најдобрите филмови на 2000-тите години и еден од најдобро направените филмови за суперхерои.[38][39] Режисерот Кевин Смит го нарекол „Кум II на филмовите снимен според стрип".[40] Темниот витез заработил $534,858,444 во Северна Америка и $469,700,000 во останатиот дел на светот, забележувајќи вкупна заработувачка од $1,004,558,444.[41] Филмот билснимен во 15/70 мм IMAX формат.[42] На 81-то издание на Оскарите, филмот бил номиниран за осум Оскари, освојувајќи два: Оскар за најдобро сценско уредување и посмртен Оскар за најдобар глумец за Хит Леџер.[43]

По успехот на Темниот витез, Ворнер Брос потпишал договор со Нолан за снимање на Почеток. Нолан го напишал и го копродуцирал филмот. Филмот бил прикажан во јули 2010 а главната улога ја играл Леонардо ди Каприо.[44] Ричард Роер од Чикаго СанТајмс му доделил на филмот совршен резултат од "А +" и го нарекол "еден од најдобрите филмови на 21 век",.[45] Тој заработил 820 милиони долари ширум светот[46] и бил номиниран за осум Оскари, вклучувајќи и за најдобар филм. Добил наградата за најдобра кинематографија, најдобра мешавина на звук, најдобра обработка на звук и најдобри визуелни ефекти.[47] Нолан, исто така, ги добил номинации за БАФТА, Златен глобус.

Нолан на снимањето на Подемот на темниот витез август 2011

Во 2012, Нолан го режирал својот трет и последен филм од серијалот за Бетмен, Подемот на црниот витез.[48][49], прикажан во јули 2012, добивајќи многу позитивни критики.[50] Филмот имал огромна заработка од над милијарда долари.[51][52] Во тек на прикаувањето на филмот во Аурора, Колорадо, во киното човек отворил оган со пушка, убивајќи 12 луѓе и повредувајќи 58 други жртви.[53] Нолан на прес изразил сочувство до жртвите на оваа, според неговите зборови, „бесмислена трагедија“.[54]

За време на дискусиите за приказната на Подемот на темниот витез во 2010 година, Гојер му ја кажал на Нолан идејата да го претстави Супермен во модерен контекст.[55][56] На Нолан му се допаднала идејата и истата им ја претставил на Warner Bros,[55] коишто го ангажирале Нолан да го продуцира а Гојер да го напише филмот Човек од челик (2013).[57][58] Нолан му понудил на Зак Снајдер да го режира филмот, врз основа на неговите стилизирани прилагодувања од 300 (2007) и Чувар (2009) и неговата "вродена способност за справување со суперхероите како тие да се вистински ликови".[59] Човекот од челик каде главните улоги ги играат Хенри Кавил, Ејми Адамс, Кевин Костнер, Расел Кроу и Мајкл Шенон, заработил повеќе од 660 милиони долари.[60][61]

Братот

Џонатан Нолан]], кој бил и еден од сценаристите на Интерстелар.|173x173пкс]]

Поновите успеси: 2014-2018

Нолан го режирал, го напишал и продуцирал научно-фантастичниот филм Интерстелар (2014). Првите нацрти на сценариото ги напишал Џонатан Нолан, а првично филмот бил во режија на Стивен Спилберг.[62] Врз основа на научните теории на реномираниот теоретски физичар Кип Торн, филмот прикажува "херојско меѓуѕвезденото патување до најоддалечените граници на нашето научно разбирање".[63] Глумечката екипа на Интерстелар била составена од Метју Мекконахи, Ен Хатавеј, Џесика Частејн, Бил Ирвин, Мајкл Кејн и Елен Бурстин, и тој бил првата соработка на Нолан со кинематограферот Хојте ван Хојтема. Парамаунт и Ворнер Брос го кофинансирале и ко-дистрибуирале проектот, прикажан на 5 ноември 2014 година кој заработил над 670 милиони долари ширум светот.[64][65][66]

Во 2017 година, Нолан го режирал и продуцирал Денкирк, врз основа на негово оригинално сценарио. Приказната е за Втората светска војна и евакуацијата на сојузничките војници од плажите на Денкирк, Франција, во 1940 година.[67] Филмот се состои од три приказни, кои се одвиваат на копно, море и во воздух. Во првата британски војник се обидува да најде превоз до Британија, во втората група цивилни морепловци со своите јахти спасуваат војници преку каналот Ламанш, а третата се одвива во воздух кога група пилоти од британското воздухопловство се обидуваат да ги стопираат нападите од германската авијација на британските бродови.

„Данкирк“ е познат како исклучително скап и амбициозен проект на продуцентската куќа „Ворнер Брос“ и во него глумат млади глумци заедно со Том Харди, Килијан Мерфи, Кенет Брана, Марк Рајленс и др[68].

Признание

Отисок од рацете и чевлите на Нолан пред кинескиот театар Грауман во Холивуд.

Режирајќи некои од највлијателните и популарни филмови на своето време,[69] делото на Нолан е "интензивно прифатено, анализирано и дебатирано од љубителите на филмови, но и од критичарите и филмските академици".[70] Филмскиот аналитичар Дејвид Борвел го споредил Нолан со Стенли Кјубрик, наведувајќи ја неговата способност да ги претвора жанровските филмови во уметнички и филмски настани. Скот Фаундас од Варајети го прогласил за "најдобриот раскажувач на приказни од неговата генерација".[71] Дискутирајќи за разликата помеѓу уметничките филмови и големите студиски филмови, Стивен Спилберг се осврнал на серијалот на Нолан за Бетмен, наведувајќи го како пример за двете[72] а Мементо и Почеток ги опишал како филмски "ремек-дела".[73] за Нолан воедно коментирале филмски имиња како Џејмс Камерон,[74] Гијермо дел Торо,[75]Стивен Содерберг,[76] Сем Мендес,[77] Вернер Херцог,[78] Метју Вон,[79] и други.[80] Во 2007 година Тотал Филм го прогласил Нолан за 32. најголем директор на сите времиња,[81] а во 2012 Гардијан го рангирал на 14 место на нивниот список "23 најдобри филмски режисери на светот".[82] Во 2013 година, истражувањето на седумнаесет филмски академици покажало дека Нолан бил меѓу најзначајните режисери во Британија. А неговата работа извршила влијание и врз видео игрите.[83][84] Во 2015 Тајмс го прогласил Нолан за еден од 100-те највлијателни луѓе на светот.[85]

Филмографија

ГодинаНасловПотврда заБелешки
ПродуцентПисателДруго
1989ТарантелададаН/ПНеприкажан краток филм
1995ЛарсенидадаН/ПНеприкажан краток филм
1997Ларвададада[I][II]Краток филм
1998Следењедадада[I][II]
2000Мементода
2002ИнсомнијаБез потврда за учество во сценариото[86]
2005Бетмен: Почетокда
2006Престиждада
2008Темниот витездада
2010Почетокдада
2012Подемот на Темниот витездада
2014Интерстелардада
2015Кејдада[I][II][III]Краток документарен филм
2017Денкиркдада

^ I Потврда за монтажа
^ II Потврда за филмска кинематографија
^ III Потврда за композиција

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица