Круша

Круша

Крушата (науч. Pyrus) — средноевропско овошје, кое најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Азија. Најпознати производители на круши се Италија, САД и Кина.

Круша
Обична круша
Pear fruit cross section
Научна класификација [ у ]
Царство:Растенија
клад:Скриеносеменици
клад:Евдикоти
клад:Розиди
Ред:Розовидни
Семејство:Рози
Потсемејство:Сливи
Племе:Јаболкови
Род:Круша
L.
Видови

околу 30

Веројатно најстарото сè уште родно дрво на круша во Македонија е од сортата „боздонка“ и се наоѓа во Ресен, во дворот на една семејна куќа во близина на Сарајот. Се претпоставува дека дрвото било засадено во времето на Нијази-бег пред околу 150 години. Крушата е висока над 10 метри и таа е една од ретките круши во Ресен што не ја уништила болеста ервенија.[1]

Крушата како лек

Најновото научно истражување покажало дека крушите не само што го намалуваат нивото на холестерол во крвта, ја олеснуваат констипацијата (запек) и имаат противвоспалително дејство, туку помагаат и во лекувањето на мамурлакот.

Така, пиењето сок од круша пред консумирањето алкохол би можело драстично да го намали ризикот од мамурлак и да го намали нивото на алкохол во крвта. Најдобрата превенција би била 200 мл сок од корејска круша, но и консумирањето на самото овошје е доволно за позитивно дејство. Од друга страна, консумирање на сокот откако веќе сте консумирале алкохол, нема никакво дејство[2].

Крушата е едно од најздравите видови овошје кое може да се јаде свежо, а со него може да се прават и салати и свежи сокови кои изобилуваат со здравје. Крушата има витамин Ц, има фруктоза и гликоза, како и пектин кој служи за добра функција на дебелото црево.

Крушата е извор за енергија, штити од настинки и грипови, го нормализира притисокот и помага да се намали ризикот од појава на рак[3].

Галерија

Сорти на круши

Производство

Производство на круши во 2014 г.
ЗемјаПроизводство
милиони тони
НР Кина
18,0
 Аргентина
0,77
 САД
0,75
 Италија
0,70
 Турција
0,46
Свет
25.8
UN Food & Agriculture Organization, Statistics Division[4]

Крушата како тема во уметноста

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица