Лав Троцки

Лав Давидович Троцки (руски: Лев Давидович Троцкий) (7 ноември 187921 август 1940), роден Лав Давидович Бронштајн (руски: Лев Давидович Бронштейн) — руски болшевички комунистички водач и марксистички теоретичар. Пред револуцијата од 1917 г. Троцки бил противник на Владимир Илич Ленин и на неговото крило во руската социјалдемократија, но оттогаш тој и неговите приврзаници влегуваат во редовите на Лениновата партија. Троцки станува еден од водачите на Октомвриската револуција и на повоената изградба на Советска Русија. По смртта на Ленин е еден од најсериозните кандидати за негов наследник, но како негов наследник станува Јосиф Сталин. Троцки, како член на Левата опозиција, заради својата опозиција кон Сталин бидува деградиран и протеран, прво во советскиот дел на Средна Азија, а потоа и во странство. Убиен е во Мексико од страна на советскиот атентатор Рамон Меркадер кој се инфилтрира во Троцкиевата непосредна околина.

Лав Троцки

Денес неговите теории и идеи се обединети во едно учење - троцкизам, што е една гранка на марксизмот и е сосема спротивно на сталинизмот.

Надворешни врски


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица