21 август

датум
<<август>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
2024

21 август — 233-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(234-и во престапна година).Остануваат 132 денови до крајот на годината.

Знаме на Обединетите Нации
Лав Троцки, руски комунистички водач и марксистички теоретичар

Настани:

1897 Англискиот лекар Роналд Рос го открил видот на комарец пренесувач на маларијата, што било пресудно за сузбивање на болести која предизвикала смрт на милиони луѓе. Еден од првите нобеловци за медицина во 1902.
1911 Од парискиот музеј „Лувр“ украдена е сликата „Мона Лиза“ на познатиот сликар Леонардо да Винчи. Сликата е пронајдена и вратена во музејот дури по две години во 1913 година.
1944 Во Дамбартон Оукс близу Вашингтон започнала конференцијата помеѓу СССР, САД, Велика Британија и Кина со цел основање на четирите главни органи на ОН, а тоа се Совет за безбедност, Генерално собрание, Меѓународен суд за правда и постојаните секретаријати.
1968 Трупите на членките на Варшавскиот пакт, без Романија, ја окупирале Чехословачка. Околу 200.000 војници ги зазеле сите значајни пунктови во земјата. Со тоа е задушена „Прашката пролет“, т.е. обидот на Комунистичката партија за осамостојување на ЧСР со Александар Дубчек на чело. Со оваа окупација воспоставен е принципот на „ограничен суверенитет“ на источноевропските комунистички земји.
1983 Филипинскиот опозиционен водач Бењино Акино бил убиен по излегувањето од авионот на аеродромот во Манила при враќањето во земјата по тригодишното прогонство во САД. Убиството го организирал филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос.
1990 На централниот градски плоштад во Прага 100.000 граѓани за првпат слободно ја одбележале годишнината од инвазијата на Варшавскиот пакт врз Чехословачка 1968 година.
2000 Словенечкиот пливач Мартин Стрел, под мотото „За мир, пријателство и чисти води“ пливал по Дунав од неговиот извор во Германија до утоката во Црно Море, при што го соборил рекордот за овој вид на пливање и влегол во Гинисовата книга со препливани повеќе од 2.900 км. Стрел го започнал својот поход на 25 јуни.
2006 Во Нов Зеланд крунисан маорскиот крал Тухеитиа Паки.

Родени:

1165 Филип II Август — фрацуски крал.
1725 Жан Батист Грез — фрацуски класицистички сликар.
1780 Јернеј Копитар — словенечки преродбеник.
1789 Огистен-Луј Коши — фрацуски математичар.
1904 Каунт Бејзи — американски џез-музичар.
1936 Вилт Чемберлен — американски кошаркар.
1938 Кени Роџерс — американски кантри-музичар и глумец.
1943 Стеван Ацевски - Стевче — македонски филмски работник.
1944 Питер Вир — австралиски филмски режисер.
1952 Џо Страмер — англиски музичар.
1956 Ким Катрал — британска глумица.
1961 Небојша Зоркиќ — српски и југословенски кошаркар.
1967 Серж Танкијан — ерменско-американски музичар.
1973 Сергеј Брин — основач на Google.
1985 Николас Алмагро — шпански тенисер.
1986 Јусејн Болт — јамајски атлетичар.
1988 Роберт Левандовски — полски фудбалер.
1992 Боби Мојсоски — македонски пејач.

Починале:

1940 Лав Троцкируски комунистички водач и марксистички теоретичар.
1964 Палмиро Тољати — италијански политичар, претседател на Комунистичката партија на Италија.
1978 Чарлс Имс — американски дизајнер и архитект.
1979 Џузепе Меаца — италијански фудбалер.
1988 Реј Имс — американска дизајнерка и архитектка.
1995 Нани Лој — италијански режисер.
1999 Јежи Харасимович — полски поет.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица