Лубеница

Лубеница[2] или карпуз[3] (латински:Citrullus lanatus) е растение, што потекнува од Северна Африка и се смета како вид диња. Во Европа, најголеми производители на лубеници се Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Грција. Во Македонија во 2010 година биле произведени 134.885 тони лубеници.[4]

Лубеница
Лубеница
Пресечена лубеница
Научна класификација [ у ]
Царство:Растенија
клад:Скриеносеменици
клад:Евдикоти
клад:Розиди
Ред:Тиквовидни
Семејство:Тикви
Род:Лубеница
Вид:Лубеница
Научен назив
Citrullus lanatus
(Thunb.) Matsum. & Nakai
Синоними[1]

Агротехнички услови

Топлина

Минималната температура на земјата за ртење е од 14-16 °Ц, а оптималната температура преку 25 °Ц. Оптималната температура за раст и развивање е од 26-28 °C. При температурата пониска од 13 °C престанува цветањето, а при температура пониска од 10 °Ц престанува растот на билака. На температура пониска од 8 °Ц доаѓа до труње и пропаѓање.

Барања во поглед на влажноста

Лубеницата за растење и развивање бара голема количина на вода, пред сè затоа што ствара голема вегетациона маса и многу плодови, од која произзлегува значајна количина на вода.

Земјиште

За одгледување на лубеници оптимално е потребно плодно, добро дренирано земјиште, со неутрална до блага и кисела реакција (pH 6,0-6,5). Погодни земјишта за одгледување на лубениците се чернозем, ливадска црница и алувијална почва, секако добро обезбедена со хумус, структурна и исцедна.

Лубеницата како тема во уметноста и во популарната култура

Понекогаш, лубеницата се јавува како тема во одделни области на уметноста и во популарната култура:

Галерија

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица