Мека моќ

Во политиката (и особено во меѓународната политика ), меката моќ е способност е способност да се влијае на однесувањето на другите преку привлекување (за несвесно и доброволно) да ги посакуваат резултатите кои вие ги посакувате. Ова е спротивно на концептот на присилување (концепт на тврда моќ). Меката моќ потекнува од културните вредности, политичките вредности и надворешната политика. Во 2012 година, Џозеф Нај од Универзитетот Харвард објаснил дека кај мека моќ, „најдобра пропаганда е да нема пропаганда“, и објаснил дека за време на информатичката ера, „кредибилитетот е најоскуден ресурс“.[1]

Терминот за прв пат бил употребен од Нај во неговата книга од 1990 година, „Предодредена да води: Променливата природа на американската моќ“.[2] Во оваа книга тој напишал: „кога една земја ќе ги натера другите земји да го сакаат она што таа го сака, ова може да се нарече привлечна или мека моќ, за разлика од тврдата или командната моќ кога таа им наредува на другите да го прават она што таа го сака“.[3] Концептот бил доразвиен во неговата книга од 2004 година, „Мека моќ: Средства за успех во светската политика“.[4]

Опис

Книгата на Џозеф Нај од 2004 година која го опишува концептот на „мека моќ“

Џозеф Нај го вовел концептот на „мека моќ“ кон крајот на 1980-тите.[5] Според Нај, моќ е способност да се влијае на однесувањето на другите за да се добијат посакуваните резултати. Ова може да се постигне на неколку начини: може да ја присилите другата страна со закани; може да ја поттикнете со плаќање; или може да ја привлечете и да ја убедите да го сака она што вие го сакате. Оваа мека моќ - да ги убедите другите да ги посакуваат резултатите што вие ги сакате - ги поттикнува луѓето наместо да ги принудува.[3]

Спротивно од неа е „тврдата моќ“, и се однесува на употреба на принуда и плаќање. Меката моќ не се однесува само на државите, и можат да ја користат сите актери во меѓународната политика, како невладини организации или меѓународните институции.[6] Меката моќ на една земја, според Нај, потекнува од три извори: „нејзината култура (кога е привлечна за другите), нејзините политички вредности и нејзината надворешна политика (кога другите ја перцепираат како легитимна и има морален авторитет).“[7]

Изворите на мека моќ се алатки кои предизвикуваат привлечност, што најчесто води до покорност. Нај тврди дека „Привлечноста секогаш е поефикасна од принудата, а многу вредности како демократијата, човековите права и индивидуалните можности се многу привлечни“.[8] Анџело Кодевила забележал дека честопати се занемарува суштинскиот аспект од меката моќ дека различни делови од населението се привлечекувани или одбивани од различни нешта, идеи, замисли или перспективи.[9]

Ограничувања на концептот

Некои автори (како Ниал Фергусон во предговорот на Колос) ја критикуваат меката моќ како неефикасна. Неореалистите и другите рационалистички и неорационалистички автори (со исклучок на Стивен Волт) ја отфрлаат меката моќ бидејќи тврдат дека актерите во меѓународните односи реагираат само на два вида стимулации: економски стимулации и сила.

Како концепт, тешко е да се разликува меката од цврста моќ. На пример, Џенис Биали Матерн тврди дека употребата на фразата од Џорџ В. Буш „или сте со нас или со терористите“ всушност била искажување на цврста моќ. Иако врз другите држави не била употребена воена или економска сила за да се принудат да се приклучат на коалицијата, сепак била употребена еден вид сила - покажувањето на моќ. Овој вид на сила го загрозува идентитетот на неговите партнери, принудувајќи ги да се приклучат или да ризикуваат да бидат етикетирани како злобни. Така, меката моќ не е толку мека.[10]

Мерење

Мека моќ во 2022 според Брендфајнанс [11]Истражување на Монокл за мека моќ (2020) [12]
Извештај на Портланд за мека моќ (2019) [13]
РангЗемја
1  САД
2 Обединето Кралство
3  Германија
4 НР Кина
5 Јапонија
6  Франција
7 Канада
8  Швајцарија
9  Русија
10  Италија
РангЗемја
1  Германија
2  Јужна Кореја
3  Франција
4 Јапонија
5  Тајван
6  Швајцарија
7 Нов Зеланд
8  Шведска
9 Грција
10 Канада
РангЗемја
1  Франција
2 Обединето Кралство
3  Германија
4  Шведска
5  САД
6  Швајцарија
7 Канада
8 Јапонија
9 Австралија
10  Холандија

Поврзано

  • Културна хегемонија
  • Теорија за демократски мир
  • Нематеријално средство
  • Средна моќ
  • Остра моќ
  • Паметна моќ

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица