Одрин

град во Турција

Одрин или Едрене (во антиката познат како Адријанопол; (старогрчки: Αδριανούπολις, Адријанополис), турски: Edirne) — град во Источна Тракија, Турција. Се наоѓа во северозападната провинција Одрин, во близина на границата со Бугарија и Грција. Одрин служел како трет главен град на Отоманското Царство во периодот од 1363 до 1453 година[3] кога престолнината била префрлена во Цариград (денешен Истанбул). Според проценките од 2014 година градот има 165.979 жители.[4]

Одрин
Град
Одрин is located in Turkey
Одрин
Одрин
Местоположба на Одрин на картата на Турција
Координати: 41°40′37″N 26°33′20″E / 41.67694° СГШ; 26.55556° ИГД / 41.67694; 26.55556
Земја Турција
РегионМраморен регион
ПокраинаОдрин
Управа
 • ГрадоначалникРеџеп Ѓуркан (РНП)
Површина[1]
 • Покраина6,098 км2 (2,354 ми2)
 • Град844 км2 (326 ми2)
Надм. вис.&1000000000000004200000042 м
Население [2]
 • Густина196,7/км2 (5,090/ми2)
 • Покраина400,280
 • Град165,979
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Регистарски  таблички22

Етмологија

Градот бил основан како Адријанополис (старогрчки: Αδριανούπολις), според римскиот цар Адријан. Ова име сè уште се користи во современиот грчки јазик (Αδριανούπολη). Името Адријанопол се користело и на англиски јазик, до воведувањето на турската латиница во 1928 година кога градот меѓународно бил признат под името Едрене. Денеска на турски и албански јазик градот се нарекува Едрене, на македонски и бугарски јазик - Одрин, додека на српски јазик е познат како Једрене.

Историја

Областа околу Одрин е на местото каде во текот на историјата се одвиле најмалку 16 големи битки или опсади. Воениот историчар Џон Киган градот го идентификува како едно од најоспоруваното место на светот и ова го припишува поради својата географска локација.

Рана историја

Одрин во почетокот на 20 век
Седиште на општината
„Џиханума касри“, дел од Одринскиот сарај

Според старогрчката митологија, Орест, син на кралот Агамемнон, го изградил овој град како Орестијас. Градот бил основан од римскиот цар Адријан на местото на тракиска населба позната како Ускадама или Ускудама. Градот бил главен на тракиското племе Беси и на Одринското Царство. Во времето на римскиот цар Адријан, градот бил развиен и биле изградени неколку споменици додека името било променето според самиот цар - Адријанопол. Во тоа време градот станал главен на римската провинција Тракија. Римскиот цар Лициниј во овој регион бил пораден од страна на неговиот соперник, Константин I во 323 година. Во Битката кај Адријанопол во 378 година, од страна на Готите во градот бил убиен римскиот цар Валенс.

Среден век

Во текот на зацврстувањето на силата на Бугарското Царство, кај Одрин се одржале неколку битки, во кој Бугарите го зазимале регионот но и Византијците последователно го враќале. Бугарскиот хан Кардам ги поразил на византиските сили кај Одрин. Во 813 година градот бил освоен од страна на бугарскиот хан Крум. Во 914 година царот Симеон I влегол триумфално во градот, во 921 по опсадата градот повторно бил заземен од Симеон и вклучен во границите на Бугарското Царство. На 15 август 1002 година цар Самоил повторно го освоил градот и го ограбил. Важна за европската историја е Битката кај Одрин, кога граѓаните на Одрин ги издигнале бугарските знамиња над тврдината и на 14 април 1205 година царот Калојан катастрофално ги поразил силите на Латинското Царство и го заробил царот Болдвин I. Подоцна Теодор Комнин Дука, епирскиот деспот го освоил градот во 1227 година, но три години подоцна бил поразен кај Клокотница од Асен, цар на Бугарите.

Во 1362 година градот бил освоен од страна на отоманскиот султан Мурат I. Тој го променил името на градот во „Едрене“ и во 1363 година престолнината на Отоманското Царство била префрлена од Бурса во Одрин[5]. Како главен град во царството, Одрин бил до 1453 година кога Османлиите предводени од Мехмед II го освоиле Цариград и престолнината била префрлена таму. Самиот Мехмед II е роден во Одрин.

Во градот биле потпишени неколку мировни договори меѓу Османлиското Царство и други земји. Така, во 1547 година бил потпишан договор со Австрија според кој хабсбуршкиот монарх Фердинанд се согласил да му исплаќа на султанот Сулејман I 30.000 дукати на годишно ниво, по претходните успеси на Османлиите во Будим. Во градот бил склучен и договор по крајот на Битката кај Сигетвар повторно со Австрија, според кој Максимилијан II се согласил да плати 30.000 дукати и го признал владеењето на Османлиите над Молдавија и Влашка. Договор од Одрин бил склучен по крајот на Руско-турската војна (1828-1829) помеѓу Русија од страна на Алексеј Орлов и Отоманското Царство од Абдул Кадир Бег на 14 септември 1829 година[6] според кој Грција станала независна држава.

Султанот Мехмед IV ја напуштил Топкапи-сарај и заминал да управува во Одрин, каде и починал во [1693] година. Во 1703 година во градот се случило т.н. Одринско востание кое довело до детонирање на султанот Мустафа II[7].

За време на неговиот егзил во Отоманското Царство, шведскиот крал Карл XII престојувал во градот во поголемиот дел од 1713 година[8]. Основачот на вахабизмот живеел во Одрин во периодот од 1863 до 1868 година кога бил прогонет од градот. Тој се осврнал на градот во неговото дело „Земја на мистеријата[9].

Во следните години, Одрин служел како престолнина на Румелија (Бурса се сметал како престолнина на Анадолија), или како втора престолнина бидејќи голем број султани претпочитале да управуваат со царството од Одрин. Одрин исто така бил престолнина и на истоимениот пашалак, додека по реформите од 1867 година градот станал главен на Одринскиот вилает.

Во периодот од 1700 до 1750 година Одрин бил четвртиот по големина град во Европа со население од 350,000 жители. Сепак работите драстично се промениле во текот на 19 век.

Според сведоштва на американски мисионери кои го посетиле градот во 1858 година, тој имал 140,000 жители, од кои 40,000 Турци кои живеат во повисокиот северен дел на градот, додека Ерменците, Бугарите, Грците и Евреите живеат јужно од центарот на градот. Тие го опишале градот како релативно космополитски и либерален во однос на религијата[10].

Одрин бил окупиран од страна на руски војници во 1829 година за време на Грчката војна за независност и во 1878 година за време на Руско-турската војна од 1877-1878 година. Градот во 1905 година бил опфстен од пожар. Во 1905 година во градот живееле околу 80.000 жители, од кои 30.000 биле Турци, 22.000 Грци, 10.000 Бугари; 4.000 Ерменци и 12.000 Евреи.

Модерна историја

Одрин претставувал важен град за одбрана на Отомански Цариград и Источна Тракија во текот на Балканските војни од 1912-1913. Во 1913 година градот бил окупиран накратко од страна на Бугарите, по опсадата на градот. Големите сили, Велика Британија, Италија, Франција и Русија ја принудиле Отоманското Царство да се откаже од Одрин во корист на Бугарија на крајот на Првата балканска војна, со што се создал политички скандал во османлиската власт во Истанбул. Поради овие настани во овој период се случил државен удар во царството. И покрај тоа што победила во државниот удар, новите османлиски власти не биле во можност да го задржат градот, но под власта на Енвер Паша (кој се прогласил за „вториот освојувач на Едрене“, по Мурат I), и по крајот на Втората балканска војна, градот бил повторно вклучен во составот на Османлиското Царство.

Во текот на Грчко-турската војна, градот бил окупиран од Грција. По прогласување на републиката, градот станал дел од Турција.

Според пописот од 2007 година, провинцијата Одрин имала население од 382.222 жители. Градот е просперитетен центар на трговија за плетен` текстил, свила, теписи и земјоделски производи.

Паноррамски поглед

Црковна историја

Црквата Свети Константин и Елена

Одрин бил седиште на грчкиот митрополит и на ерменскиот епископ. Одрин исто така бил и центар на Бугарската епархија, но таа не била призната и лишени од епископ. Во градот исто така живееле и мал број на протестанти. Латинските католици, кои се во мал број, зависат од Цариградската црква.

Во минатото во градот живееле околу 10.000 Бугари, додека во целата област околу 40.000. Бугарското население било сконцентрирано во населбата „ Барутлук махлеси“ (источно од центарот на стариот град) и „Узункалдарам махлеси„ (во југоисточниот дел на стариот град). Во градот било основано класно училиште[11], кое прераснало во Одринска бугарска машка гимназија. Освен тоа, во градот постоеле и Бугарска женска гимназија, Бугарска католичка гимназија и црквата „Св. Св. Кирил и Методиј“[12]. До 1913 година и излегувањето на Источна Тракија од епархијата на Бугарската егзархија, во градот дејствувале неколку бугарски храмови, но денеска постојат само два: „Црквата Свети Ѓорѓи“ и „Црквата Свети Константин и Елена“. Голем дел од Бугарите биле протерани, иселени или убиени во 1913 година кога Бугарија била поразена во Втората балканска војна. Денес, во градот нема бугарско население но постои Бугарски културен центар.

Географија

Одрин е град кој се наоѓа во северозападниот дел на Турција. Градот се наоѓа на Тракиската рамнина, место каде реката Тунџа се влева во реката Марица.

Градот Одрин се наоѓа на 220 километри западно од Истанбул, во близина на тромеѓето со Бугарија (20 км) и Грција (7км).

Клима

Климатски податоци за Одрин
МесецЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГодишно
Највисока забележана °C (°F)19.3
(66.7)
23.2
(73.8)
28.0
(82.4)
32.4
(90.3)
37.1
(98.8)
42.6
(108.7)
44.1
(111.4)
41.9
(107.4)
39.9
(103.8)
35.8
(96.4)
28.0
(82.4)
22.8
(73)
44.1
(111.4)
Прос. висока °C (°F)6.6
(43.9)
9.2
(48.6)
13.1
(55.6)
19.1
(66.4)
24.7
(76.5)
29.1
(84.4)
31.7
(89.1)
31.7
(89.1)
27.2
(81)
20.4
(68.7)
13.9
(57)
8.4
(47.1)
19.59
(67.28)
Сред. дневна °C (°F)2.7
(36.9)
4.4
(39.9)
7.6
(45.7)
12.8
(55)
18.1
(64.6)
22.4
(72.3)
24.7
(76.5)
24.4
(75.9)
19.9
(67.8)
14.2
(57.6)
9.1
(48.4)
4.6
(40.3)
13.74
(56.74)
Прос. ниска °C (°F)−0.6
(30.9)
0.4
(32.7)
2.8
(37)
7.1
(44.8)
11.6
(52.9)
15.4
(59.7)
17.3
(63.1)
17.1
(62.8)
13.3
(55.9)
9.1
(48.4)
5.0
(41)
1.3
(34.3)
8.32
(46.96)
Најниска забележана °C (°F)−19.5
(−3.1)
−19.0
(−2.2)
−12.0
(10.4)
−4.1
(24.6)
0.7
(33.3)
6.0
(42.8)
9.3
(48.7)
9.1
(48.4)
1.3
(34.3)
−3.7
(25.3)
−9.4
(15.1)
−14.9
(5.2)
−19.5
(−3.1)
Прос. врнежи мм (ин)64.1
(2.524)
51.7
(2.035)
51.9
(2.043)
47.0
(1.85)
52.9
(2.083)
46.2
(1.819)
31.7
(1.248)
23.0
(0.906)
38.0
(1.496)
56.9
(2.24)
68.6
(2.701)
70.4
(2.772)
602.4
(23.717)
Прос. бр. дождливи денови12.99.910.010.510.38.65.54.24.87.911.013.6109.2
Сред. бр. сончеви часови месечно74.4103.6142.6192.0263.5294.0328.6310.0234.0161.299.068.22.271,1
Сред. бр. сончеви часови дневно2.23.44.36.17.69.210.29.47.35.13.22.25.85
Извор: Turkish State Meteorological Service [13]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1400-те70.000—    
1700-те35.000−50.0%
1800-те33.000−5.7%
1900-те68.661+108.1%
192734.528−49.7%
196578.161+126.4%
197084.531+8.1%
197594.449+11.7%
1980105.503+11.7%
1985120.663+14.4%
1990124.361+3.1%
2000140.830+13.2%
2010152.993+8.6%
2014165.979+8.5%
[14]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Цариград во 1878 година, Одрин бил град со население од 16.220 домаќинства, со 18.000 муслимани, 10.000 Бугари, 16.000 Грци, 6.800 Евреи, 5.200 Ерменци и 1.000 други[15].

Според статистиката на професор Љубомир Милетиќ во 1912 година во градот живеле 634 бугарски семејства кои ја претпочитале Бугарската егзархија, и 1.016 бугарски семејства кои ја претпочитале Патријаршијата, како и 2.429 грчки семејства[16][17].

Денес, според податоци од 2014 година, во Одрин живеат 165,979 жители.

Архитектура

Големата синагога
Мостот Фатих

Одрин е познат по своите многубројни џамии, куполи и минариња. Архитектонската знаменитост од меѓународно значење се и неколкуте стари мостови кои се наоѓаат на реките Марица, Тунџа и Арда.

Верски објекти

  • Џамијата Селимија - изградена за само шесто години, во периодот од 1568 до 1575 година од истакнатиот архитект Мимар Синан во чест на Селим II. Џамијата претставува врв во работата на Мимар Синан. Оваа џамија е еден од најзначајните споменици во градот. Таа има највиси минариња во Турција, со висина од 70,90 метри и купола 3 или 4 стапки повисока од онаа на Аја Софија во Истанбул. Според легендата, Синан добил инспирација за ова ремек дело додека ја гледал косата на својата мајка. Ова е првата т.н. султанска џамија која била изградена надвор од престолнината Цариград.
  • Ески џамија[18] - најмалата од трите царски џамии кои се наоѓаат на централниот плоштад на градот. Позната е со калиграфските натписи во внатрешноста на џамијата и малата купола.
  • Џамија Уч Шерефели[19] - се наоѓа на централниот плоштад. Џамијата е препознатлива поради своите четири минариња. Едното од минарињата има три балкони. Џамијата е богато украсена со обоени стенописи на ѕидовите. Џамијата била изградена во текот на 15 век.
  • Црквата Св. Ѓорѓи - била изградена во 1880 година. Оваа бугарска црква е изградена на површина од 320 м2 и претставува трикорабна базилика. Првично богослужбите се вршеле на грчки јазик, но под притисок на бугарската заедница започнал во богослужбите да се користи бугарски јазик. Во 1951 година црквата била затворена, додека во 2004 година црквата била најпрвин обновена и отворена во присуство на бројни бугарски и турски официјални лица.
  • Црквата Св. Константин и Елена - била изградена во 1869 година. Црквата претставува трикорабна базилика на површина од 600 m². По крајот на Балканските војни црквата била напуштена и таа започнала постепено да се руши. Во текот на 2008 година црквата била реновирена.
  • Големата синагога - била изградена на почетокот од XX век, но истата била напуштена и во урнатини неколку години, кога во март 2015 година повторно била отворена[20][21][22].

Мостови

Едрене има неколку историски мостови кои се наоѓаат на реките Мерич и Тунџа.

  • Мостот Фатих се поврзува со Султанската палата од страната на т.н. Кула на правдата. Мостот бил изграден во 1453 година за време на владеењето на султанот Мехмед II. Мостот е изграден од камен и се состои од три широки арки.
  • Мостот Кануни бил изграден во времето на Сулејман Величествениот од страна на султанскиот архитект Мимар Синан во 1553-1554 година со должина од 65 метри. Во 2007 година мостот бил обновен.
  • Мостот Сарачхане бил изграден во 1451 година со должина од 120 метри. Во 2007 година мостот бил обновен.
  • Мостот Јалнизгоз и Мостот Бајазит се наоѓаат во близина на комплексот Бајазит II, и двата моста се одделени еден од друг со еден мал песочен остров во средината на реката.
  • Мостот Гази Михал се наоѓа на местото каде некогаш постоел римски мост кој подоцна бил разрушен. Мостот бил изграден во 19 век.

Други градби

Во Одрин се наоѓаат три историски покриени пазари: Араста, во близина на Селимова џамија, бедестен кој се наоѓа веднаш до Старата џамија и Али Паша чаршија. Покрај џамии, во градот постојат и други туристички атракции кои го одразуваат своето богато минато. Едно од најпознатото место во градот е Одринскиот сарај, кој служел како резиденција на османлиските султани. Изградбата на палатата започнала во 1450 година за време на владеењето на Мурат II, но во следните векови била на неколкупати реновирена[23][24][25].. Палатата останала неискористена од 1718 година, кога Ахмед III своето седиште го преселил повторно во Истанбул, но во 1768 година Мустафа III (1757-1774) се вратил во градот. Палатата била оштетена во голема мера кога руските сили го окупирале градот во 1829 година, кога тие ја користеле како воен логор. Палатата била разрушена за време на Руско-турската војна (1877-1878)[24][25]. Друг значаен објект од ова време претставува комплексот на Бајазит II, кој денеска е претворен во музеј и е дел од Универзитетот Тракија.

Меморијалната спомен-гробница од Балканските војни се наоѓа во близина на палатата[26]. Пред нејзиниот влез се наоѓа споменик на непознатиот војник.

Македонската кула била изградена од Римјаните и е со форма на квадрат. Со векови имала исклучително важна улога за одбрана на градот. Објектот бил реконструиран во византиско и османлиско време. Се смета дека е наречена македонска бидејќи гледа кон Македонија.

Култура

Одрин е дом на традиционалниот турнир во борење наречен Киркпинар. Турнирот се одржува секоја година во јуни. Друг меѓународен фестивал во градот е Какава, ден на Ромите, кој се одржува секоја година на 5 мај.

Одрин е добро познат по специјалитетот „џигер тава“.

Рачно изработената метла со огледало е една од културните слики на градот. Во старите времиња, секоја невеста донесувала метла со огледало за нејзиниот нов дом. Денеска, овие метли се продаваат како сувенири.

Градот се споменува во македонската народна песна „Елено ќерко, Елено“.

Стопанство

Одрин во голема мера зависи од земјоделството. 73% од работата популација е ангажирана во земјоделството, рибарството и ловот. Постојат многу гранки кои се одгледуваат на овие простори, како пченка, шеќерна репа и сончоглед, додека во последно време раст бележи и производство на диња, лубеница и лозарствотото.

Личности

Родени во Одрин
Починати во Одрин

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица