Бугари

јужнословенски народ

Оваа статија е за современиот народ. За раносредновековниот народ, видете Прабугари. За други намени, видете Бугари (појаснување).

Бугари
Българи
Вкупен број
8 милиони[1][2][3]
Подрачја со значајно население
 Бугарија 5.700.000
 Турција350.000[4]
 САД92.841[5][6]
 Украина204.574[7]
 Шпанија126,997[8][9]
 Германија95.000[10][11]
 Молдавија76.769[12][13]
 Обединето Кралство75.000[14][15]
 Аргентина70.000[16]
 Грција35.000[17]
 Русија24.038[18][19]
 Франција24.000[20][21]
 Израел20.000[22]
 Србија12.918[23]
 Италија19.924[24][25]
 Канада15.192[26][27]
 ЈАР4.224[28]
 Казахстан4.523[29][30]
 ОАР9.000[31]
 Романија5.975[32]
 Австрија5.388[33]
 Унгарија3.316 - 5.000[34][35]
 Австралија4.902[36]
 Португалија628 - 4.000[37][38]
 Чешка4.000[39]
 Шведска4.000[40][41]
 Холандија2.076[42][43]
 Македонија3.504[44]
 Ирска1.000[45]
 Нов Зеланд816[46][47]
 Норвешка500[48]
Јазици
бугарски
Вероисповед
мнозинска: православие
малцински: ислам, католицизам, протестантство
Сродни народи
други Јужни Словени
Дел од темата
Бугари

Бугарска култура
Книжевност · Музика · Уметност
Кинематографија · Кујна
Ора · Народна носија · Спорт

По региони и земји
(вклучувајќи ја дијаспората)

Република Македонија
Западни Покраини (Србија) ·
Банат (Романија/Србија) ·
Бесарабија (Украина/Молдавија) ·
Северна Добруџа (Романија)
САД · Унгарија · Источна Тракија ·
Малоазиски Бугари ·
Западна Тракија
Помаци

Религија
Православие · Ислам
Католицизам · Протестантство

Дијалекти
на бугарскиот јазик

источни · западни · рупски ·
торлачки ·
банатски

Историја · Владетели

Бугари (бугарски: българи) — јужнословенски народ[49][50][51] чијшто мајчин јазик е бугарскиот. Конечното оформување на денешната бугарска нација се случува во XIX век, а посебно значење имаат два настани: формирањето на Бугарската егзархија (1870) и третата бугарска држава (1878). Голема улога во овој процес одиграла Русија, чие политичко и културно влијание биле од големо значење. Мнозинството Бугари денес живеат во Бугарија, иако постојат бугарски малцинства и имигрантски заедници во повеќе земји во светот. Нивниот број денес изнесува околу 9 милиони луѓе, од кои околу 6 милиони живеат во Бугарија.

Потекло

Бугари празнуваат Водици.

Од историска гледна точка денешните Бугари настанале со мешање на различни народи во Првото Бугарско Царство во периодот од 7 до 10 век, од кои најважен удел имале Тракијците, старите Словени и делот од Прабугарите кои се населиле на Балканот.[52][53] Во етногенезата на Бугарите има исто така келтски, римски, грчки, влашки, кумански и други елементи.[54] Овој процес на мешање се одвивал во текот на повеќевековните историски процеси од кои бил зафатен Балканскиот Полуостров.

Од домородното тракиско население биле земени одредени културни и етнички елементи.[55][56] Тракискиот јазик сè уште се зборувал во 6 век, веројатно станува изумрен потоа,[57][58][59] но тоа што во подоцнежниот период Бугарите ги замениле долго воспоставените грчки/латински топоними со тракиски, може да сугерира дека тој не бил целосно уништен тогаш.[60] Според археолошките докази од доцните периоди на римското владеење, Римјаните не го намалиле значително бројот на Тракијците во поголемите градови. До 4 век, најголемиот град Сердика (денешна Софија) имала претежно тракиско население засновано врз епиграфски докази, што покажува преовладувачки латино-тракиски имиња, но потоа имињата биле целосно заменети со христијански.[61]

Старите Словени се појавиле од нивната оригинална татковина на почетокот на 6 век и се прошириле во поголемиот дел од источна Средна Европа, Источна Европа и Балканот, формирајќи три главни гранки: Западни Словени во источна Средна Европа, Источни Словени во Источна Европа и Јужни Словени во Југоисточна Европа (Балкан). Повеќето научници прифаќаат дека тие започнале големо населување на Балканот во 580-тите години, врз основа на изјавата на историчарот од 6 век Менандар Протектор, зборувајќи за 100.000 Словени во Тракија и последователни напади на Грција во 582 година.[62] Тие продолжиле да доаѓаат на Балканот во многу бранови, но и да заминуваат, најзначајно заминување е кога Јустинијан II (685-695) населил дури 30 000 Словени од Тракија во Мала Азија. Византијците ги групирале бројните словенски племиња во две групи: Склавини и Анти.[63] Некои бугарски научници сугерираат дека Антите станале едни од предците на современите Бугари.

Прабугарите за првпат се споменуваат во 4 век во околината на севернокавкаската степа. Научниците честопати сугерираат дека крајното потекло на Прабугарите е туркиско и тоа може да се следи до номадските конфедерации во Средна Азија,[64][65][66][67] конкретно како дел од лабаво поврзани огурски племиња, кои се протегале од понтиската степа до Средна Азија.[68] Сепак, секоја директна врска помеѓу Прабугарите и постулираните азиски колеги почива на нешто повеќе од шпекулативни и „искривени етимологии“.[69] Во 670-тите години, некои прабугарски племиња предводени од ханот Аспарух, ја преминале реката Дунав и се населиле на Балканот со единствен миграциски бран, за кој Михаил Сириецот опишал дека изнесува 10.000 души.[70][71] За Прабугарите честопати не се смета дека биле многубројни, станувајќи владејачка елита во областите што ги контролирале.[71][72]

Генетски истражувања

По развојот на популационата генетика, во 21. век почнуваат истражувања за бугарскиот ДНК-профил. Меѓу праисториските настани наведени во набљудуваните халпогрупи, најголем е придонесот на земјоделците од неолитот. Бугарскиот генетски фонд носи исто така траги од постледникова реколонизација од различни палеолитски засолништа и експанзијата на неолитски земјоделци од Блискиот Исток. Според резултатите од анализата на Y-ДНК и мтДНК, Бугарите припаѓаат во групата на европските народи, но се наоѓаат малку настрана од главното јато. Генетски, денешните Бугари се потесно поврзани со соседните балкански народи (Македонци, Срби, Романци, Грци и Албанци), отколку со другите Европејци.[73][74][75][76][77] Според комбинирани ДНК истражуванија со различни варијанти тестови, конструирани на основа на автосомна ДНК, хаплоидна ДНК, Y-ДНК и мтДНК, кои даваат најдобра идеја за "потеклото" и "сличноста" помеѓу популациите, во балканскиот генетски кластер постојат неколку генетски субкластери, така во источниот спаѓаат Бугарите со Македонците и Романците. Иако Бугарите се дел од словенската група на народи, тие, како и повеќето други Јужни Словени се одликуваат со доминантен генетски супстрат кој е различен од оној на Западните и Источните Словени. Овој феномен се објаснува со јазичната асимилација на бројно домородно балканско население од средновековните словенски доселеници.[78][79][80][81]

Името Бугари

Името Бугари останалo од Прабугарите, неговото потекло е нејасно па затоа за него постојат повеќе претпоставки. Една претпоставка е дека етнонимот Булгар, кој бил оригиналниот назив за Прабугарите, е изведен од туркискиот збор булга кој значи меша, тресе, мрда,[82] па оттаму и "мешан народ". Друга претпоставка e дека етнонимот е изведен од туркискиот збор булгак кој значи револт, безредие,[83] што вообичаено се преведува како бунтовници.[84] Според некои извори пак, етнонимот Булгар доаѓа од името на животното булга, коe веројатно било тотемот на Прабугарите.

Создавање на бугарската народност

Борис I ги покрстил Бугарите во 864 година, а во 893 година старословенскиот јазик станал официјален, заменувајќи го грчкиот. Покрстувањето и прифаќањето на словенскиот јазик за официјален, имале ефект на спречување на асимилацијата на Словените во византиската култура, кое го промовирало формирањето на посебен бугарски идентитет.[85][86] Така, од времето на Цар Симеон I, (893-927) словенските племиња на широкиот простор од Дунав на север, до Егејот на југ и од Јадран на запад, до Црното Море на исток го прифатиле заедничкиот етникон Бугари.[87] Тие го асимилирале византиското население, составено главно од хелинизирани и романизирани Тракијци, и други предсловенски народи.[88] Прабугарите се претопиле и исчезнале во словенската етничка маса. Со освојувањето на Првата бугарска држава од Византија бугарската народност се лишила од држава. Но таа се стекнала со доволно внатрешна сила и одржливост, за да може да продолжи самостојното постоење и за време на речиси двовековната византиска власт дејствувала изградената "историска меморија" на Бугарите.[89]

Создавање на бугарската нација

Со ликвидирањето на Втората бугарска држава на крајот на 14. век, населените со Бугари земји поминале под власта на Османлиското Царство. Покрај државата била ликвидирана и самостојната Бугарска патријаршија, како резултат на што дошло до големо духовно и етно-религиозно опаѓање. За време на османлиското владеење на Балканот етноними не се користеле, населението било поделено на верски заедници: правоверни и неверници, вклучени во законски признаени религиозни општества (милети). Такви биле муслиманскиот милет и источноправославниот - рум милет. Како дел од рум милетот, Бугарите без сомнение имале свест дека припаѓаат на посебна заедница, но таа не создавала толку силни чувства на приврзаност, каква имал рум милетот. Како резултат, народот почнал постепено да ja губи својата етничка припадност и во 18 век бугарскиот дух останал зачуван главно во изолираните манастири. Сепак, под османлиска власт етнонимите никогаш не биле исчезнати, што укажува дека некоја форма на етничка идентификација била зачувана.[90] Тоа се гледа од султанскиот ферман од 1680 година во кој се наведени народностите во балканските земји на империјата, а тие биле: Грците (Рум), Албанците (Арнаут), Србите (Сирф), Власите (Ефлак) и Бугарите (Булгар).[91] За прв бугарски преродбеник и национален историчар со неговото дело "Историја словенобугарска", напишано во 1762 година, се смета Паисиј Хилендарски. По Големата француска револуција од 1798 година, започнал пораст на национализмот во Европа, вклучително и во Османлиското Царство и почнало распаѓање на рум милетот. Во бугарските земји започнал процес на национална преродба, а првиот протест на национална основа против контролата на Цариградската патријаршија бил кренат во 1824 година. Дополнителна храброст давал почетокот на реформи познати во историографијата како епоха Танзимат и поточно програмата на султанот за промени Ѓулхански хатишериф од 1839 година, која содржела идеи за нови закони со гаранции за правата на сите поданици независно од нивната народност и вера. Како резултат на започнатите црковно-национални борби во 1861 година била признаена Бугарската унија, а во 1870 година и самостојна Бугарска егзархија и така де јуре бил признаен посебен булгар милет или бугарски народ. Постепено, милетскиот систем се распаднал целосно во почетокот на 20-от век. Овој процес се совпаднал со создавањето во 1878 г. и зајакнувањето на Третата бугарска држава, во која се влел дел од булгар милетот. Тој практично го формирал бугарскиот етнос и станал јадрото на новата бугарска нација. Во тоа време составен дел од булгар милетот биле и Македонците. Дел од муслиманскиот милет во лицето на Бугарите-муслимани исто така се вклучил во создавањето на бугарскиот етнос.

Бугарите во соседните земји

Во Бугарија се смета дека денешна Република Бугарија од сите страни е опколена со поранешни бугарски територии[92] на кои има сè уште остатоци од бугарско население.[4][7][12][17][23][32]Поголемиот дел од Бугарите во Србија живеат во општините Босилеград и Димитровград и во некои од селата во Банат каде се нарекуваат Банатски Бугари.[23] Во Романија постојат неколку групи Бугари.[32] Банатски Бугари живеат и во Романија. По преселбата во Австроунгарија, Банатските Бугари се оформуваат како посебна етно-религиозна група. Тие најчесто се католици и зборуваат на свој дијалект. Во Романија, словенското малцинство кое живее на југот од земјата традиционално го означуваат со зборот Срби. Во Бугарија се смета дека Србите во јужниот дел на Романија всушност се етнички Бугари.[93] Бугарите во Северна Добруџа биле автохтоно месно население, но повеќето од нив ја напуштиле Романија во 1940 година поради договорена размената на население меѓу Бугарија и Романија. Бугари живеат и во Трансилванија, но со текот на времето тие се асимилирани. Во Бесарабија денес живеат над 200.000 Бугари, кои таму емигрирале во првата половина на 19 век. Денес оваа територија и припаѓа на Молдавија и на Украина. Во Источна Тракија (Турција) постојат цели села со Бугари-муслимани. Некои податоци укажуваат дека во Турција има над 350.000 Помаци.[94] Бугарите во грчка Западна Тракија, која ѝ припаѓала на Бугарија според Букурешкиот договор од 1913, се прогонети од сопствените огништа откако после Првата светска војна овој регион и припаднал на Грција. Најчесто во минатото Македонците се именувале и биле именувани како Бугари.[95][96][97] Во денешно време Бугарите во Македонија претставуваат мала етничка заедница, како такви на последниот попис се имаат изјаснето 3.504 души.

Бугарите како тема во српската книжевност

Во своето дело „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Бугарите ги мразат припадниците на своето племе и не знаат за идејно пријателство со странците.[98]

Поврзано

Извори

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица