Папуа Нова Гвинеја

Ова е статија за државата во Океанија. За останати значења на поимот Гвинеја видете ја страницата за појаснување.

Папуа Нова Гвинеја (англиски: Papua New Guinea, ток писин: Papua Niugini) или официјално Независна Држава Папуа Нова Гвинеја — држава во Океанија, која го зазема источниот дел на островот Нова Гвинеја и многубројни околни острови. Островот се наоѓа во југозападниот дел на Тихиот Океан, во регионот Меланезија. Главен град на Папуа Нова Гвинеја е Порт Морзби. Оваа држава е една од државите со голема мултикултура, односно во државата има повеќе од 850 различни етнички групи. Вкупното население на Папуа Нова Гвинеја е околу 6 милиони жители. Таа е една од најруралните држави во светот каде 18% од населението живее во урбаните средини. Исто така, оваа држава е една од најретко истражените држави во светот, што се однесува до флората, фауната и етнологијата.

Независна Држава Папуа Нова Гвинеја
Papua Niugini
Papua New Guinea
Знаме Грб
ГеслоОбединети во различноста[1]
ХимнаО воздигнете се, сите вие синови[2]
Местоположба на Папуа Нова Гвинеја
Главен град
(и најголем)
Порт Морзби
9°30′S 147°07′E / 9.500° ЈГШ; 147.117° ИГД / -9.500; 147.117
Службен јазик англиски, ток писин, хири моту
Демоним Папуанец
Новогвинеец
Уредување Уставна монархија
 •  Монарх Чарлс III
 •  Генерален гувернер Боб Дадае
 •  Премиер Џејмс Марапе
Независност од Австралија 
 •  самоуправувачки 1 декември 1973 
 •  Независност 16 септември 1975 
Површина
 •  Вкупна 462,840 км2 (54.)
 •  Вода (%) 2
Население
 •  проценка за 2007 г. 6,300,000 [3] (104.)
 •  Густина 13 жит/км2 (201.)
БДП (ПКМ) проценка за 2005 г.
 •  Вкупен $14.363 милијарда (126-та)
 •  По жител $2,418 (131-ва)
Џиниев коеф. (1996)50.9
висок
ИЧР (2013) 0.491[4]
низок · 157ма
Валута кина (PGK)
Часовен појас AEST (UTC+10)
 •  (ЛСВ) нема (UTC+10)
НДД .pg
Повик. бр. 675

Потекло на поимот

Двојното име на државата доаѓа од комплексната историја пред независноста. Зборот „папуа“ доаѓа од зборот пепуах кој се користел за да се опише остриот воздух во државата, додека името „Нова Гвинеја“ било дадено од шпанскиот истражувач Ињиго Ортиз де Ретез кој во 1545 година запишал дека месното население го потсетувало на месното население од Гвинеја, Африка.

Историја

Папуа Нова Гвинеја под власта на Британија.

Остатоци од човек на островите биле пронајдени кои датираат од пред 50.000 години. Овие антички жители најверојатно биле од Југоисточна Азија. Земјоделството било развиено уште пред 9.000 години. Поголем бран на доселеници на бреговите на државата дошле пред 2.500 години.

Малку било познато за островите на Западот сè до 19 век, иако трговци од Азија ги посетувале островите.

Северниот дел од државата потпаднал под германска контрола во 1884 и бил дел од Германска Нова Гвинеја. За време на Првата светска војна, државата била окупирана од Австралија и била позната како Британска Нова Гвинеја. Во 1904 година државата го сменила името во Папуа.

Териториите биле соединето во Територија на Папуа и Нова Гвинеја кои подоцна биле преименувани во Папуа Нова Гвинеја.

Потоа следело мирно отцепување од Австралија на 16 септември 1975 година.

Географија и клима

Карта на Папуа Нова Гвинеја.

Со 462.840 km2, Папуа Нова Гвинеја е педесет и петтата држава во светот по територија, после Камерун.

Папуа Нова Гвинеја е повеќето планинска држава со највисок врв од 4.509 метри и повеќето од државата е покриена со тропски дождовни шуми. Околу островот Нова Гвинеја има корален гребен.

Државата се наоѓа во регионот наречен Огнен прстен и има неколку активни вулкани и ерупциите се чести. Исто така земјотресите се чести, понекогаш следени со цунами.

Копното на државата е источниот дел на островот Нова Гвинеја, каде се наоѓаат најголемите градови, вклучувајќи го главниот град Порт Морзби и Лае.

Папуа Нова Гвинеја е една од ретките држави кои се наоѓаат на екваторот, а при тоа да има врнежи од снег.

Политички систем

Папуа Нова Гвинеја е член на Комонвелтот на Нации и кралот Чарлс III е шеф на државата. Во Папуа Нова Гвинеја кралот е претставен од генералниот гувернер. Папуа Нова Гвинеја и Соломонските Острови се различни од другите комонвелтски држави по тоа што генералниот гувернер се избира од страна на парламентот.

Извршната власт е во рацете на премиерот на Папуа Нова Гвинеја кој го предводи кабинетот. Парламентот на Папуа Нова Гвинеја има 109 членови, од кои 20 се зафатени од 19-те гувернери на покраините. Членовите се избрани преки регуларни избори со мандат од пет години.

Административна поделба

Папуа Нова Гвинеја е поделена на 4 региони, кои опфаќаат 20 покраини, еден автономен регион (Бугенвил) и еден национален престолнински округ. Папуа Нова гвинеја не е федерација од покраини, туку унитарна држава, каде покраините се потчинети на централната власт.

Покраини

Карта на покраините во Папуа Нова Гвинеја

Еве список на покраините во земјата:[5]

Бр.ПокраинаАдмин. центарПовршина
(км2)
НаселениеГустина
(жит/км2)
Регион
1ЦентралнаПорт Морсби29.500183.1536,21Папуа
2ЧимбуКундијава6.100258.77642,42Планински
3Источна ПланинскаГорока11.200429.48038,35Планински
4Источна Нова БританијаКокопо15.500220.03514,20Островски
5Источен СепикВевак42.800341.5837,98Момасе
6ЕнгаВабаг12.800289.29922,60Планински
7ЗаливскаКерема34.500105.0503,04Папуа
8МадангМаданг29.000362.08512,49Момасе
9МанусЛоренгау2.10043.58920,76Островски
10Милн БејАлотау14.000209.05414,93Папуа
11МоробеЛае34.500536.91715,56Момасе
12Нова ИрскаКавиенг9.600118.14812,31Островски
13ОроПопондета22.800132.7145,82Папуа
14Бугенвил (авт. регион)Арава9.300175.05315,18Островски
15Јужна ПланинскаМенди15.100360.31823,86Планински
16ЗападнаДару99.300152.0671,53Папуа
17Западна ПланинскаМаунт Хаген4.300254.22759,12Планински
18Западна Нова БританијаКимбе21.000184.8388,80Островски
19СандаунВанимо36.300185.7905,12Момасе
20Национален Престолнински ОкругПорт Морсби240252.4691051,95Папуа
21ХелаТари10.500185.94717,71Планински
22ЏивакаМињ4.800185.64138,68Планински

Региони

Региони на Папуа Нова Гвинеја
  Планински Регион
  Островски Регион
  Момасе
  Папуа

Земјата се дели на четири региони, кои играат значајна улога во секојдневниот живот. Неретко според нив се води организацијата на владините служби, подрачјата на стопанисување, спортските натпревари, па дури и политичките игри. Кај населението има силно чувство на регионална припадност, и постојат сериозни меѓурегионални соперништва. Честопати министрите и другите функционери се назначуваат од сите региони за да се запази рамнотежата.

Четирите региони се:

Стопанство

Папуа Нова Гвинеја е богата со природни ресурси, но ископувањето на рудата е отежнато поради непристапниот терен, скапата инфраструктура и законите. Земјоделството е извор на егзистенција на околу 85% од населението. Минералните депозити, како што се нафта, бакар и злато, се 72% од извозот на Папуа Нова Гвинеја.

Население, јазик и религија

Папуа Нова Гвинеја е најнехомогена нација во светот. Има стотици етнички групи во државата, од кои мнозинството се дел од групата наречена Папуанци чии предци дошле во регионот пред илјадници години. Исто така има и австронезици, кинези, Европејци, филипинци и микронезијци.

Уставот и владата на Папуа Нова Гвинеја гарантираат слободни верски права. Според пописот од 2002, 96% од населението се христијани, припадници на најразлични црковни заедници.

Папуа Нова Гвинеја има многу јазици. Бројката на јазици во државата е над 820 или 12% од вкупната бројка на јазици во светот. Староседелските јазици се делат на две групи: австронезиски јазици и неавстронезиски јазици или папуански јазици. Во државата има три службени јазика, меѓу кои и англиски јазик иако не е многу зборуван. Лингва франка е пиџинскиот јазик ток писин. Во јужниот регион на Папуа Нова Гвинеја не се зборува овој јазик и таму најзастапен и службен е хири моту.

Религија

Верници во Папуа Нова Гвинеја
Католици
  
26 %
Енвегелско-лутеранска црква
  
18,4 %
Црква на Адвентистиѕр од седмиот сен
  
1 %
Пентекостализам
  
10,4 %
Содинети христијани
  
10,3 %
Енвегелска алијанса
  
5,9 %
Англиканци
  
3,2 %
Баптисти
  
2,8 %
Војска на спасот
  
0,4 %
останати
  
10 %

Култура

Културата на Папуа Нова Гвинеја е комплексна и разновидна. Забележани се над илјада културни групи. Поради оваа различитост има многу различни стилови на живеење, секоја група има своја уметност, танци, оружје, архитектура и музика. Повеќето од овие различни групи имаат свој јазик.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Влада
Општи информации
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица