Хири моту

еден од службените јазици на Папуа Нова Гвинеја

Хири моту (наречен и полициски моту, пиџински моту) — еден од службените јазици на Папуа Нова Гвинеја.[1] Претставува упростена варијанта на моту од семејството на австронезиските јазици.

Хири моту
полициски моту
Застапен воПапуа Нова Гвинеја
Говорници(многу малку во 1992 г.)e17
120.000 (како втор) (1989)
Јазично семејство
упростен облик на моту (австронезиско семејство)
Статус
Службен во Папуа Нова Гвинеја
Јазични кодови
ISO 639-1ho
ISO 639-2hmo
ISO 639-3hmo

Иако во потесна смисла јазикот не е ниту пиџин ниту креолски, има одлики на двата типа. Говорниците на хири моту не разбираат моту поради фонолошките и граматичките разлики, а истото важи и обратно, и покрај големите лексички сличности.

Дури и во подрачјата каде некогаш бил втемелен како лингва франка, веќе подолг период употребата на хири моту е значително намалена за сметка на ток писин и англискиот.

Дијалекти

Хири моту има два дијалекта, наречени „австронезиски“ и „папуански“. Обата се впрочем австронезиски по граматиката и лексиконот бидејќи се изведени од моту. Називите на дијалектите се однесуваат на мајчините јазици на говорниците на оваа лингва франка. „Папуанскиот“ (наречен и „нецентрален“) бил многу позастапен и барем 1964 г. се користел како стандарден и книжевен јазик. „Австронезискиот“ (или „централен“) дијалект е поблизок до моту по граматиката, фонологијата и лексиконот денес е позастапен, па затоа денес важи за престижен и поисправен.

Денес нема јасна разлика помеѓу моту и неговите пиџински говори и претставува контонуум поради улогата на креолските варијанти како контактни јазици со народи од други говорни подрачја.[2]

Историја

Хири моту се користел како јазик на трговската размена наречена „хири“ (претежно во саго и грнци) помеѓу Мотуанците и соседните народи на југоисточното крајбрежје на островот Нова Гвинеја уште пред контактите со Европејците.[3] Во раниот колонијален период бил усвоен како службен јазик на полицијата бидејќи кадрите морале да се земаат од разни подрачја во земјата каде се говореле различни јазици. Јазикот го достигнал својот врв во раните 1960-ти како лингва франка на голем дел од територијата на земјата и бил мајчин јазик на многумина од мешани бракови (претежно државни службеници).

Почнувајќи барем од раните 1970-ти, важноста и застапеноста на хири моту почнала да се намалува и за сметка на англискиот и ток писин. Денес говорниците на јазикот се постари лица и претежно живеат во Централната и Заливската покраина на државата. Поради ова, помладите говорници на „матичниот“ јазик (моту) слабо го разбираат и говорат, за разлика од претходните поколенија.

Поврзано

Наводи

Литература

  • International Bible Students (2014). Iehova Ena Witnes Taudia—Ai be Daidia? http://www.jw.org/ho/
  • International Bible Students (2014). Dahaka Dainai Baibel Oi Stadilaia? http://www.jw.org/ho/vidio-dahaka-dainai-stadi-Baibel/
  • Tom Dutton (1985). Police Motu: iena Sivarai (its story). Port Moresby, Papua New Guinea: The University of Papua New Guinea Press.
  • Lister-Turner, R and Clark, J.B. (1931), A Dictionary of the Motu Language of Papua, 2nd Edition (P. Chatterton, ed). Sydney, New South Wales: Government Printer.
  • Lister-Turner, R and Clark, J.B. (1931), A Grammar of the Motu Language of Papua, 2nd Edition (P. Chatterton, ed). Sydney, New South Wales: Government Printer.
  • Brett, Richard; Brown, Raymond; Brown, Ruth and Foreman, Velma. (1962), A Survey of Motu and Police Motu. Ukarumpa, Papua New Guinea: Summer Institute of Linguistics.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица