По

По или Пад (италијански: Po, латински: Padus или Eridanus) е река што тече на исток преку северниот дел на Италија. Долга е 652 км (или 682 км ако се вброи притоката Мајра) и извира од северозападните падини на планината Монвизо во Котиските Алпи и тече низ устие што навлегува во Јадранското Море кај Венеција. Сливното подрачје пофаќа вкупно 74.000 км2, од кои 70.000 ѝ припаѓаат на Италија. Од подрачјето во Италија, 41.000 км2 се планински, а 29.000 се рамничарски.[1] По е најдолга река во Италија, а во најширокиот дел има пречник од 503 м.[2] Течението го следи 45-тиот северен напоредник.

По
Местоположба
Физички особености
УстиеЈадранско Море
44°58′12″N 12°32′49″E / 44.97000° СГШ; 12.54694° ИГД / 44.97000; 12.54694 (Adriatic Sea-Po)
 • надм. вис.
0
Должина652
Особености на сливот
Речното подрачје на По
Стар железен мост на По во Кремона

Реката тече низ разни важни градови како што се Торино, Пјаченца и Ферара. Поврзана е со Милано со мрежа од канали во чие осмислување учествувал Леонардо да Винчи. При крајот на течението, По образува широко устие со стотици мали канали. На јужниот дел до устието се наоѓа местото Комакјо, познато по одгледувањето на јагули. Долината на По влегувала во римската провинција Кисалпска Галија и ја делела на две територијални целини.

По е позната по честите и големи поплави. Затоа денес над половината од течението се регулира со насипи.[2] Наклонот на долината се намалува од 0,35% на запад на 0,14% на исток, што е прилично низок степен. Долж реката има 450 езера.[1]

Притоки

Реката По има вкупно 141 притоки.[2] Гледано низводно, тука спаѓаат (Д = десни, Л = леви):

  • Пеличе (Л)
  • Варајта (Д)
  • Мајра (Д)
  • Дора Рипарија (Л)
  • Стура ди Ланцо (Л)
  • Малоне (Л)
  • Орко (Л)
  • Дора Балтеја (Л)
  • Сезија (Л)
  • Танаро (Д)
  • Скривија (Д)
  • Агоња (Л)
  • Тичино (Л)
  • Верза (Д)
  • Ламбро (Л)
  • Требија (Д)
  • Нуре (Д)
  • Ада (Л)
  • Арда (Д)
  • Таро (Д)
  • Парма (Д)
  • Енца (Д)
  • Ољо (Л)
  • Минчо (Л)
  • Секија (Д)
  • Панаро (Д)

Поврзано

  • Список на реки во Италија

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица