Правоаголник

Правоаголник
Правоаголник е четириаголник со 4 еднакви агли (по 90°)
ВидЧетириаголник
Рабови и темиња4
Шлефлиев симбол{4}
Коксетер–Динкинови дијаграми
Група на симетријаD2, C2
Плоштинаа·b
Внатрешен агол90°
Обем2a+2b
Својстваиспакнат

Во геометријата, правоаголник е рамна, т.е. дводимензионална геометриска фигура со четири прави агли.[1][2]

  • Формално, правоаголник се дефинира како паралелограм со еден внатрешен прав агол. (Бидејќи правоаголник е паралелограм, спротивните агли се складни, а соседните агли се суплементни. Ако еден агол е прав, следува дека сите 4 агли се прави.)
  • Основна регулатива: Правоаголник е потполно определeн со должините на две соседни страни.

Формули и особини за правоаголник

Нека е даден правоаголник со соседни страни a и b. Во долунаведените формули точката · означува множење.

Периметар

Плоштина[3]

Дијагонала

Дијагоналите на правоаголник се исти и   
Доказ: Со Питагоровата теорема.
Следува и од формулите за дијагоналите на паралелограм бидејќи α=90° така штоcos(α)=cos(90°)=0.

Пример: Нека е даден правоаголник со страна a=3 км и b=4 км. Тогаш, периметарот e L=2·a+2·b=2·3 км+2·4 км=14 км. Плоштината е P=a·b=3 км·4 км=12 км2 (квадратни километри). Дијагоналите се складни и: d=√(32+42)km=√(25)km=5 км.

Правоаголник има 4 прави агли.Дијагоналите се складни.Дијагоналите го делат правоаголникот на 2 пара складни триаголници. Меѓутоа, сите 4 триаголници ја имаат истата плоштина. (Доказ: 8-те се складни.)
Дијагоналите се преполовуваат.Средни линии се оски на осна симетрија.Правоаголник има опишана кружница.
  • Бидејќи секој правоаголник е четириаголник, збирот на внатрешните агли е 360°.
  • Бидејќи секој правоаголник има спротивни паралелни страни, отсечките кои ги спојуваат средните точки на спротивните паралелни страни врват низ пресекот на дијагоналите.
  • Бидејќи секој правоаголник е паралелограм, дијагоналите се преполовуваат.

Карактеризации на правоаголник

Четириаголник е правоаголник ако и само ако кој било од следните искази и вистинит.

  • Паралелограм e со еден внатрешен агол по 90°.
  • Четирите внатрешни агли се по 90°.
  • Дијагоналите се еднакво должни.

Впишана и опишана кружница на правоаголник

Доказ: Еден потребен и доволен услов за еден испакнат четириаголник да е тетивен четириаголник е да збирот на спротивни агли бидат 180°. Значи правоаголник е тетивен четириаголник.[4]

Формула: Полупречникот R на опишаната кружница е половина од дијагоналата d на правоаголник, односно

Симетрија

  • Правоаголник има осна симетрија во однос на своите две средни линии, т.е. отсечките кои ги поврзуваат средните точки на спротивни страни се оски на симетрија.
  • Правоаголник има вртежна симетрија од 2-ти ред, т.е. ако го ротираме правоаголникот 360°/2=180° се добива истиот правоаголник.[5]

Обопштување на правоаголник

  • Обопштување во 3Д: Квадар е полиедар со 6 страни, секоја од која е правоаголник.

Златен правоаголник

Златен правоаголник а правоаголник со должина на страните во златен сооднос, 1: (еден спрема фи), т.е. или околу 1:1.618. (Види златен правоаголник.)

Совршен правоаголник

Правоаголникот може да се конструира од низа квадрати. Правоаголникот што може да се конструира од квадрати со различна големина се нарекува 'совршен правоаголник'. Кога ова не е можно, тој е несовршен правоаголник.[6]

Наводи

Поврзани теми

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица