Трир

град во Рајнската област-Пфалц, Германија

Трир (германски: Trier, луксембуршки: Tréier) — град во покраината Рајнска област-Пфалц, западна Германија, близу границата со Луксембург.

Трир

Trier

Поглед на Трир
Поглед на Трир
Поглед на Трир
Грб на Трир
Трир во рамките на Германија
Трир
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаРајнска област-Пфалц
Округсамостоен
НадградоначалникВолфрам Либе (СДП)
Основни податоци
Површина117,13 км2
Надм. височина137 м
Население110.674 (31 декември 2020)[1]
 - Густина945 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.TR
Пошт. бр.54290–54296 (освен 54291)
Повик. бр.0651
Порталtrier.de
Координати49°45′N 6°38′E / 49.750° СГШ; 6.633° ИГД / 49.750; 6.633

Градот е основан е од Келтите кон крајот на IV век п.н.е. под името Тревор. По три века е освоен од Римјаните, кои го нарекле Августа Треверорум („град на Октавијан Август меѓу Треверите“), и многумина го сметаат за најстар град во Германија.[2][3] Важи за најстарото епископско седиште северно од Алпит. Во средниот век, изборниот архиепископ на Трир бил важен кнез на црквата кој владеел со територијата од француската граница до реката Рајна. Архиепископскиот кнез имал исклучително влијание како еден од седумте изборни кнезови на Светото Римско Царство.

Со население од околу 105.000 жители, Трир е на чеврто место по големина во покраината, по Мајнц, Лудвигсхафен и Кобленц.[4] Најблиски поголеми градови се Луксембург (50 км на ЈЗ), Сарбрикен (80 км на ЈИ) и Кобленц (100 км на СИ).

Во градот се сместени Трирскиот универзитет, управата на административниот округ Трир-Сарбург, Дирекцијата на службите и Академијата на европското право. Се смета за еден од петте „средишни места“ на Рајнската област-Пфалц. Заедно со Луксембург, Мец и Сарбрикен, го сочинува сојузот на градови Кватрополе, но е и средиште на поширокиот регион Сар-Лор-Лукс (Сар, Лотарингија и Луксембург), Рајнската област-Пфалц и Валонија.

Трир е сместен во долина западниот дел на покраината црвен песочник, во средното течение на реката Мозел. Падините на долината се покриени со лозови насади кои се протегаат сè до висорамнината Хунсрик јужно од венецот Ајфел. Границата со Луксембург е на 15 км од градот.

Историја

Августа Треверорум во IV век.
Порта Нигра

Најстарите наоди на подрачјето на Трир се од жителите припадници на културата на линеарнопругестата керамика од раниот неолит. Неколку века пред христијанизацијата, на местото на денешен Трир се доселило келтското племе Тревери.[5] Името на градот доаѓа од латинското Августа Треверорум.

Римското Царство ги потчинило Треверите во I век п.н.е. Градот Августа Треверорум е основан во 16 п.н.е.[6] и наречен во чест на римскиот цар Октавијан Август. Подоцна станал главен град на провинцијата Белгиска Галија, а по Диоклецијановите реформи, седиште на префектурата на Галите, од каде се управувал голем дел од Западното Римско Царство. Во IV век, Трир прераснал во еден од најголемите градови во Римското Царство, со население од 75.000 до 100.000 жители.[7][8][9][10] Во овој период е изградена познатата градска порта, наречена Порта Нигра („Црна порта“), кога бил седиште на западниот римски цар. Во 407 г. римската управа го преселила преторијанската префектура од Трир во Арл. Градот изгубил на важност, но сепак останал седиште на управникот; во градот и понатаму работеле државните заводи за производство на балисти, оклоп и волнени униформи за војската, облека за државните чиновници и висококвалитетна облека за дворот. Северна Галија под римска власт се протегала долж линија почнувајќи северно од Келн до брегот на Булоњ преку денешна јужна Белгија сè до 460 г. Јужно од оваа линија, римската власт останала мошне силна, што може да се заклучи од понатамошното работење на царските оружарници во Амјен.

Макета на Трир околу 1800 г.
Трирската катедрала
Кнежевскиот дворец во Трир.

Во 459 г/ Франките го зазеле Трир од Римјаните. Во 870 г. градот влегол во состав на Источна Франкија, која подоцна прераснала во Светото Римско Царство. Неговата улога како духовен центар започнала со пренесувањето на моштите на св. Матеј. Епископите постепено стекнале голема моќ, и Триската архиепископија станала изборно кнежевство на царството, и една од најсилните држави во Германија. По овој политички успех, следел и процутот на образованието со основањето на Трирскиот универзитет во 1473 г. Во XVII век, архиепископите и изборните кнезови на Трир ги преселиле нивните седишта во замокот Филипсбург во крепоста Еренбрајтштајн кај Кобленц. Во 1512 г. е одржана седница на Царскиот собор (Рајхстаг), на која конечно е усвоена поделбата на териториите во царски окрузи.

Во периодот од 1581 до 1593 г. во Трир се одржани најголемите ловови на вештерки во историјата на Европа. Прогонствата започнале во надворешноста на епископијата во 1581 г. и стасале во самиот град шест години подоцна; во нив се осудени на смрт околу 368 лица, што во тоа време било најмасовното погубување во Европа во мирновременски услови. Бројот на погубените во целата епископија бил повисок, иако се смета дека вкупниот број е поблизок до 1.000 лица.

In XVII и XVIII век, Трир станал привлечен за Франција, чија војска го зазмала на повеќе наврати: во Триесетгодишната војна, во Деветгодишната војна, во Војната за шпанското и во Војната за полското наследство. Франција конечно успеала да го присвои во 1794 г. за време на Француските револуционерни војни, со што е распуштено епископско кнежевство. Со крајот на Наполеоновите војни во 1815 г. Трир прешол во Кралството Прусија. Тука во 1818 г. е роден Карл Маркс.

Како дел од Рајнската покраина, Трир доживеал значаен стопански подем во XIX век. Неговите граѓани се кренале на востание во Германската револуција од 1848-49 г., иако бунтовниците биле приморани да ги напуштат барањата. Во 1871 г. Трир станал дел од Германското Царство.

Во јуни 1940 г. во Динкерк и северна Франција се заробени преку 60.000 британски војници и одведени во Трир, од каде се распоредувани во разни военозаробенички логори. Трир доживеал страшни бомбардирања од страна на Сојузничките сили во 1944 г. во Втората светска војна. По војната, станал дел од Рајнската област-Пфалц. Во 1970-тите е обновен универзитетот, распуштен во 1797 г., а во 1974 г. Триската катедрала повторно ги отворила вратите за верниците и посетителите. Градот свеченјо одбележал две илјади години постоење во 1984 г.

Население во минатото
ГодинаНас.±%
10020.000—    
30080.000+300.0%
40050.000−37.5%
125012−100.0%
136310−16.7%
15428,5−15.0%
16136−29.4%
17024,3−28.3%
18018,829+105.3%
187121,442+142.9%
190043,506+102.9%
191049,112+12.9%
191953,248+8.4%
191957,341+7.7%
193376,692+33.7%
193988,15+14.9%
195075,526−14.3%
196187,141+15.4%
1970103,724+19.0%
198794,118−9.3%
2011105,671+12.3%
2018110,636+4.7%
Извор:[11]

Управна поделба на градот

Окрузи на Трир

Подрачјето на Трир е поделено на 19 градски окрузи. Секој од нив има свој месен совет (Ortsbeirat) со 9 до 15 члена, како и месен началник (Ortsvorsteher). Месните совети се задолжени да расправаат по проблематика што се однесува на округот, иако конечната одлука ја носи градскиот совет. Сепак, тие имаат извесни ограничени права да донесуваат извесни мерки во рамките на своите окрузи и доделениот буџет.

Ова се градските окрузи на Трир со нивното население во 2009 година:

Бр.Округ со подокрузиПовршина
(км2)
Население
11Мите/Гартенфелд2,9811.954
12Север (Нелс Лендхен, Максимин)3,7713.405
13Југ (Санкт Барбара, Санкт Матијас)1,729.123
21Еранг/Квинт26,139.195
22Пфалцел2,353.514
23Бивер5,181.949
24Рувер/Ајтелсбах9,163.091
31Запад/Палиен8,497.005
32Ојрен (Херестал)13,194.207
33Цевен (Оберкирх)7,493.634
41Олевиг3,103.135
42Киренц (Стар Киренц, Нов Киренц)5,828.708
43Тарфорст4,186.605
44Филш1,60761
45Ирш4,082.351
46Керншајд3,76958
51Фајен/Вајсмарк5,095.689
52Хајлигкројц (Стар Хајлигкројц, Нов Хајлигкројц, Санкт Матернус)2,036.672
53Маријахоф (Санкт Михаел)7,043.120
Вкупно117,21105.076

Клима

Трир се одликува со океанска клима (класа: Cfb), но со поголеми крајности од приморската варијанта застапена во северна Германија. Летата се топли со повремени топлински бранови, а зимите се редовно студени, но не се сурови. Градот прима доста врнежи, иако не излегува на море.[12] Највисоката забележана температура е 39 °C измерена во август во 2003 г., а најниската е -19,3 °C во февруари 1956 г.[13]

Знаменитости

Римски споменици, катедрала „Св. Петар“ и Богородична црква
светско наследство на УНЕСКО
Остатоци од Царската бања
Вклучуваамфитеатар, римски мост, Варварина бања, Игелски столб, Порта Нигра, Царска бања, Константинова базилика, катедралата и Богородичната црква
КритериумCultural: i, iii, iv, vi
Навод367
Запис1986 (X заседание)

Трир е познат по добро зачуваните градби од римско и средновековно време:

  • Порта Нигра — најдобро зачувана римска градска порта северно од Алпите;
  • Константинова базилика — огромна римска базилика со престолна сала на римскиот цар Константин Велики, долга 67 м; денес служи како протестантска црква;
  • Римски амфитеатар;
  • Римскиот мост од II век (Römerbrücke) преку реката Мозел — најстариот сè уште прометен мост северно од Алпите;
  • рушевини на три римски бањи, меѓу кои најголемата бања северно од Алпите; меѓу нив се Варварината и Царската бања;
  • Трирската катедрала „Св. Петар“ (Trierer Dom или Dom St. Peter) — католичка црква во романски стил која води потекло од римско време; во неа се чува Ризата Господова во која бил облечен Исус при неговото распнување, воедно и многу скапоцености и релкивии во Катедралната ризница;
  • Богородична црква (Liebfrauenkirche) — една од најважните раноготски цркви во Германија, стилски споредлива со француската готика;
  • Опатија „Св. Матеј“ (Abtei St. Matthias) — манастир во чија средновековна црква и единствено почивалиште на апостол северно од Алпите;
  • Црква „Св Ганголф“ — градска црква во готски стил
  • Црква „Св. Павлин“ — една од најважните барокни цркви во покраината; делумно дело на прочуениот архитект Балтазар Нојман;
  • стари пристанишни дигалки со нагазни тркала — едната „стара“ или „готска“ од 1413 г., а другата „нова“ или „барокна“ од 1774 г.

Музеи

Музејот на Рајнската област.
  • Музеј на Рајнската област (Rheinisches Landesmuseum) — важен археолошки музеј на артефакти од римско време; има ранохристијански и романски скулптури;
  • Катедрална ризница (Domschatzkammer) — моштите на св. Егберт, реликвијар на Светиот Грал, путирот на св. Елена и други реликвии, богослужбени предмети, ракописи итн., претежно од средниот век);
  • Катедрален музеј (Museum am Dom) — музеј на Триската епископија со верска уметност и извесни римски артефакти;
  • Градски музеј „Симеонова задолжбина“ (Stadtmuseum Simeonstift) — музеј на историјата на Трир
  • Куќа на Карл Маркс; спомен-куќа на личната историја на Маркс, со стихотворби, писма и фотографии со лична посвета. Има и збирка на ретки први и меѓународни изданија на неговите дела, како и поставки од развојот на социјализмот во XIX век;
  • Музеј на играчките;
  • Етнолошки музеј на отворено „Рошајдски двор“ (Roscheider Hof) — музеј во соседниот Конц на самиот крај на Трир, во кој е прикажан народниот живот во северозападниот дел на Рајнската област-Пфалц и местото каде Германија се среќава со Луксембург и Лотарингија;
  • Музеј на шкриларството — музеј во Фел, на 20 км од Трир, со подземен рудник, руднички музеј и патека на рудата.

Образование

Трирскиот универзитет.

Најстарата високообразовна установа во градот е Трирскиот универзитет, отворен во 1473 г., затворен во 1796 и обновен во 1970 г. Други вакви установи се Трирски универзитет за применети науки и Академијата за европско право (ЕРА), отворена во 1992 г. со цел да обучува правници за целите на ЕУ.

Во 2010 г. во Трир работеле 40 детски градинки,[14] 25 основни и 23 средни училишта. Такви се гимназиите „Хумболт“, „Маскс Планк“, „Августа Викторија“ и реалните училишта „Нелсон Мандела“, „Кнез Балдуен“ и „Еранг“.[15]

Сообраќај

Градот има добри железнички врски со поважните градови во регионот како Келн, Сарбрикен и Луксембург. Низ него минуваат автопатните магистрали A 1, A 48 и A 64, кои водат до Кобленц, Сарбрикен и Луксембург. Најблиски меѓународни аеродроми се Луксембург (40 мин со автомобил), Франкфурт-Хан (1 ч), Сарбрикен (1 ч), Франкфурт (2 ч) и Келн/Бон (2 ч). Реката Мозел игра важна улога во стопанскиот сообраќај, но по неа се одвиваат и речни крстарења. Има и железничка линија која поаѓа западната страна на реката.[16]

Познати жители

Ова се некои попознати личности кои се родени, живееле или работеле во Трир:[17]

Валентинијан I
Карл Маркс
Каспар Олевијан
  • Евхариј († ~250) — прв епископ на Трир
  • Максимијан (~250–310) — римски цар
  • Валериј († 320) — втор епископ на Трир
  • Атанасиј Александриски — светец, во прогонство во Трир ~335 г.
  • Света Елена (~250–330) — светица и царица, мајка на Константин Велики[18]
  • Павлин († 358) — епископ на Трир
  • Валентинијан I (321–375) — римски цар
  • Авсониј (~310–395) — римски конзул и поет
  • Амвросиј Медиолански (~340–397) — црковен отец
  • Каспар Олевијан (1536–1587) — богословец
  • Јени Маркс, мом. фон Вестфален (1814–1881) — револувионерка, драмски критичар и сопруга на Карл Маркс
  • Карл Маркс (1818–1883) — општестевен мислител и револуционер, основоположник на марксизмот
  • Ханс ем Енде (1864-1918) — сликар
  • Шарл де Гол (1890-1970) — француски генерал и државник
  • Волф Граф фон Бсаудисин (1907–1993) — генерал, воен планер и мировник
  • Клаус Барби (1913–1991) — чиновник во СС и Гестапо
  • Ерик Јелен (р. 1965) — тенисер

Меѓународни односи

Градот членува во сојузот на градови „Кватрополе“ (QuattroPole), заедно со Луксембург, Сарбрикен и Мец, од кои два се во соседни земји.

Збратимени градови

Трир е збратимен со следниве градови:

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица