Тјурингова награда

информатичка награда

Тјурингова награда (англиски: Turing Award, формално: ACM A.M. Turing Award) — престижна награда која ја доделува Здружението за сметачка машинерија (ACM) на личности со придонеси од „голема и трајна техничка важност на полето на информатиката“.[2] Наградата важи за највисокото прознание што може да го добие еден информатичар[3][4] и неформално се смета за „Нобелова награда за информатика“.[5][6]

Тјурингова награда
ACM Turing Award
Статуа на Алан Тјуринг во Блечли Парк
Доделена заисклучителни придонеси на полето на информатиката
ДржаваЊујорк, (САД)
ДоделуваЗдружение за сметачка машинерија (ACM)
Награда/и1.000.000 долари[1]
Прво
доделување
1966
Мрежно место{{URL|example.com|незадолжителен текст за приказ}}


Наречена е во чест на британскиот математичар Алан Тјуринг (1912-1954) и академски работник во Манчестерскиот и Кембричкиот уинверзитет. Тјуринг се смета за основоположник на теоретската информатика и вештачката интелигенција.[7] Од 2007 до 2013 г., заедно со наградата се доделувале и 250.000 американски долари, со парична помош од „Интел“ и „Гугл“.[2] Почнувајќи од 2014 г. паричниот дел од наградата е накачен на милион долари,[1] со парична помош исклучиво од „Гугл“.[8]

Прв добитник на наградата (1966) бил Алан Перлис од универзитетот „Керниги Мелон“, а прва жена-лауреат (2006) била Френсис Елизабет Ален од ИБМ.[9][10][11]

Наградени

ГодинаДобитникОбразложение
1966Алан ПерлисЗа неговото влијание на полето на напредните техники на програмирање и осмислување на програмски преведувачи (компајлери)[12]
1967Морис ВилксОсмислувач и изработувач на EDSAC — првиот сметач со внатрешно складиран програм во 1949 г. кој користел живина линија за задршка на складираното. Познат е и како еден од основоположниците на програмските библиотеки (1951)[13]
1968Ричард ХамингЗа неговата работа на бројчените методи, системите за автоматско кодирање и системите за утврдување и исправка на грешки[14]
1969Марвин МинскиЗа неговата стожерна улога во создавањето, обликувањето, распространувањето и унапредувањето на вештачката интелигенција.[15]
1970Џејмс ВилкинсонЗа неговите истражувања на полето на бројчената анализа за употреба во големобрзински дигитален сметач. За ова има добиено посебно признание за придонесот за линеарната алгебра и обратната анализа на грешки[16]
1971Џон МекартиЗа значајниот придонес на полето на вештачката интелигенција, со неговото познато предавање „Сегашната состојба на истражувањето на вештачката интелигенција“[17]
1972Едсгер ДејкстраГлавен учесник во разработката на програмскиот јазик од високо ниво ALGOL кон крајот на 1950-тите, која станала пример за јасно и математички строго програмирање. Еден од главните застапници на програските јазици во јавноста, со голем придонес за општото осознавање на нивната структура, претставување и примена. Има напишано многу дела од својата, и сродни области.[18]
1973Чарлс БахманЗа неговите извонредни придонеси за технологијата на базите на податоци[19]
1974Доналд КнутЗа значајните придонеси во анализата на алгоритмите и осмислувањето на програмските јазици, а особено со дела како „Уметноста на програмирањето“ и неговите продолженија[20]
1975Ален Њуел и
Херберт Сајмон
За основните придонеси за вештачката интелигенција, прихологијата на човековото спознание и обработката на списоци[21]
1976Михаил О. Рабин и
Дана Скот
За нивниот заеднички труд „Конечните автомати и нивниот проблем на одредување“[22] во кој се појавува идејата за недетерминистички конечни автомати со огромна вредност и значење, како и големо влијание врз понатамошното истражување на оваа тема[23][24]
1977Џон БекусЗа темелните, влијателни и трајни придонеси за осмислувањето на практички програмски системи на високо ниво, особено со работата на FORTRAN, како и клучните трудови за формалните процедури и определби на програмските јазици[25]
1978Роберт ФлојдЗа јасно влијание врз методологиите на создавање на делотворна и доверлива програмска опрема, како и учество во основањето на следниве важни полиња на информатиката: теоријата на синтактичката анализа (расчленување), семантиката програмските јазици, формалната проверка, автоматската програмска синтеза и анализата на алгоритми[26]
1979Кенет АјверсонЗа неговите основоположничките напори на полето на програмските јазици и математичкото бележење, од кои произлегол програмскиот јазик APL, за придонесите во примената на интерактивните системи на APL за образовни цели, како и за теоријата и праксата на програмските јазици[27]
1980Тони ХорЗа неговите темелни придонеси за утврдувањето и осмислувањето на програмските јазици[28]
1981Едгар КодЗа неговите темелни и постојани придонеси во теоријата и практиката на системите за раководење со бази на податоци, особено односните бази[29]
1982Стивен КукЗа унапредувањето на нашето разбирање на сложеноста на смтањето на значаен и темелен начин[30]
1983Кен Томпсон и
Денис Ричи
За разработката на теоријата за генеричките оперативни системи, како и примената на оперативниот систем UNIX
1984Никлаус ВиртЗа разработка на низа иновативни сметачки јазици — EULER, ALGOL-W, MODULA и Паскал
1985Ричард КарпЗа постојаните придонеси за теоријата на алгоритмите, вклучувајќи ја разработката на делотворни алгоритми за проток во мрежите и други проблеми комбинаторската оптимизација, утврдувањето на полиномско-временската пресметливост со интуитивната претстава за алгоритамска делотворност. Од најголемо значење се неговите придонеси во теоријата на NP-потполност
1986Џон Хопкрофт и
Роберт Тарјан
За темелни достигнувања во осмислувањето и анализата на алгоритмии податочни структури
1987Џон КокЗа значајни придонеси за осмислувањето и теоријата на програмските преведувачи, архитектурата на големите системи и развојот на сметачите со смалено множество наредби (RISC)
1988Ајван СадерлендЗа основоположничките и визоонерски придонеси на полето на сметачката графика, почнувајќи со Sketchpad и продолжувајќи понатаму
1989Вилијам КаханЗа неговите темелни придонеси за бројчената анализа. Еден од најголемите стручњаци за сметање со подвижна запирка. Се посветил на задачата „светот да биде безбеден за бројчени пресметки“
1990Фернандо КорбатоЗа основоположничката работа во уредувањето на поимите и предводењето на општонаменски системи за делење време и ресурси во големи размери, CTSS и Multics.
1991Робин МилнерЗа три посебни целосни достигнувања: 1) докажувачот на теореми LCF, механизацијата на Скотовата логика за пресметливи функции — веројатно првата теоретски заснована, но сепак практична алатка за машински-потпомогнато срочување на докази; 2) ML — првиот јазик со полиморфен типски извод заедно со типски безбеден механизам обработка на исклучоци; 3) пресметката на заемодејствувачки системи (CCS) — општа теорија на истовременоста. Покрај тоа, срочил и мошне ја напреднал целосната апстракција, која го проучува односот помеѓу работната и означувачката семантика.[31]
1992Батлер ЛампсонЗа придонеси во развојот на околини на распределени лични сметачи у технологијата на нивната примена: работни станици, мрежи, оперативни системи, програмерски системи, монитори, безбедноста и објавувањето на документи.
1993Јурис Хартманис и
Ричард Стернс
За клучниот труд со кој ја основале теоријата на пресметковна сложеност.[32]
1994Едвард Фајгенбаум и
Раџ Реди
За основоположничкото осмислување и изработка на системи на вештачка интелигенција во големи размери, притоа покажувајќи ја практичната важност и можното влијание на ваквата технологија врз комерцијалните производи.[33]
1995Мануел БлумЗа придонеси во основите на теоријата на пресметковна сложеност и нејзината примена во криптографијата и проверката на програмите.
1996Амир ПнуелиЗа клучната работа со која ја вовел врмеенската логика во информатиката, како и за неговите извонредни придонеси за проверката на програмите и системите.
1997Даглас ЕнгелбартЗа осмислувањето на иднината на интерактивното сметачко работење и изумувањето на клучни технологии за спроведување на таа замисла.
1998Џим ГрејЗа клучни придонеси во истражувањето на полето на базите на податоци и обработка на трансакции, како и за техничко водство на примената на системите.
1999Фред БруксЗа значајните придонеси за сметачката архитектура, оперативните системи и програмското инженерство.
2000Ендру ЈаоЗа неговите темелни придонеси во теоријата на сметањето, вклучувајќи ја теоријата на создавањето на псевдослучајни броеви, криптографијата и сложеноста на поврзаностите.
2001Оле-Јохан Дал и
Кристен Нигорд
За идеите од темелно значење за објектно-ориентираното програмирање, осмислувајќи ги програмските јазици Симула I и Симула 67.
2002Рон Ривест,
Ади Шамир и
Леонард Ејдлман
За нивниот генијален придонес за практичната примена на асиметричната криптографија.
2003Алан КејЗа поставување на темелите на многу идеи во основата на современите објектно-ориентирани програмски јазици, предводејќи ја екипата што го осмислила јазикот Smalltalk, како и за темелни придонеси за личните сметачи.
2004Винтон Серф и
Роберт Кан
За основоположничката работа на меѓувмрежувањето, including the design и примената на основните поврзувачки протоколи на семрежјето TCP/IP, како и за инспиративно водство во работата на мрежите.
2005Петер НаурЗа темелните придонеси за осмислувањето на програмските јазици и определбата на ALGOL 60, за осмислувањето на програмските преведувачи, како и за програмерскиот занает.
2006Френсис Е. АленЗа основоположничките придонеси за теоријата и практиката на оптимизација на технологиите на програмско преведувачи и автоматското напоредно извршување.
2007Едмунд Кларк,
Ернест А. Емерсон и
Јосиф Сифакис
За улогата во разработката на проверката на модели во високоделотворна технологија за проверка, нашироко прифатена во сметачката индустрија на програмско и машинско ниво.[34]
2008Барбара ЛисковЗа придонеси за практичните и теоретски основи на програмските јазици и осмислувањето на системите, особено во врска со апстракцијата на податоците, толеранција на грешки и распределеното сметачко работење.
2009Чарлс ТекерЗа основоположничото осмислување и примена на Ксерокс Алто — првиот современ личен сметач, како и за неговите придонеси за етернетот и табличниот сметач.
2010Лезли ВалијантЗа придонесите кои ја преозбразиле теоријата на сметањето, вклучувајќи ја теоријата за „веројатно приближно точно“ учење (PAC), сложеноста на набројувањето и алгебарското пресметувањ, како и теоријата на напоредно сметачко работење.
2011Јудеја Перл[35]За темелни придонеси за вештачката интелигенција преку развојот на математичка анализа за веројатносно и причиносно расудување.[36]
2012Силвио Микали
Шафи Голдвасер
За преобразителната работа која ги поставила темелите за теоријата на сложеноста во криптографијата и за процесот кој вовел нови методи на делотворна проверка на математички докази во неа.[37]
2013Лезли ЛампортЗа темелните придонеси за теоријата и практиката на рапсределените и истовремените сиситеми, особено за измислувањето на концептите како причиност и логички часовници, безбеднос и живост, автомати со умножени состојби и доследност во низите.[38][39]
2014Мајкл СтоунбрејкерЗа темелни придонеси за концептите и практиките на кои се темелат современите базни системи.[40]
2015Мартин Хелман
Витфилд Диф
За темелни придонеси за современата криптографија. Во нивниот епохален труд „Нови насоки во криптографијата“ (New Directions in Cryptography) ја вовеле идејата за асиметричната криптографија и дигитален потпис — камен-темелник на највеќето денешни сигурносни протокли на семрежјето.[41]
2016Тим Бернерс-ЛиЗа неговиот епохален изум — семрежјето (т.е. светската пајажина, интернет), првиот прелистувач и фундаменталните протоколи и алгоритми кои го овозможиле проширувањето на семрежјето.[42]
2017Џон Л. ХенесиЗа основополагањето на систематски и квантитативен приод кон осмислувањето и оценувањето на сметачките архитектури со трајно влијание врз индустријата на микрообработувачите.[43]
Дејвид Патерсон
2018Јошуа БенжиоЗа концептните и инженерски новини во длабоките невронски мрежи, суштинска составница на сметачите.[44]
Џефри Хинтон
Јан Лекен
2019Едвин КетмалЗа темелните придонеси кон тридимензионалната графика и револуционерно влијание на овие техники врз сметачки создадените слики (CGI) во кинемотографијата и други полиња.[45]
Пет Ханрахан
2020Алфред АхоЗа фундаменталните алгоритми и теоријата на која почива спроведувањето на програмски јазици и за срочување на овие резултати и оние на други во нивните влијателни книги од кои се образуваат поколенија информатичари.[46]
Џефри Улман
2021Џеј ДонгараЗа основоположничките придонеси кон бројчените алгоритми и библиотеки кои им овозможуваат на високоделотворниот пресметковни програми да бидат во тек со експоненцијалните подобрувања на машинската опрема повеќе од четири децении.[47]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица