Фолкландска војна

Фолкландската војна (англ. The Falklands War; шпан. Guerra de las Malvinas/Guerra del Atlántico Sur) се водела помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство за спорните Фолкландски острови, Јужна Џорџија и Јужните Сендвички острови. Фолкландските острови се состојат од два големи и повеќе мали острови во јужниот Атлантик источно од Аргентина. Името и суверенитетот на островите се спорни долго во историјата.

Фолкландска војна
Photo montage of the Falklands War
Датум 2 април 1982 - 14 јуни 1982
МестоФолкландски острови, Јужна Џорџија и околните мориња и воздушен простор
ИсходУверлива победа на Британците, враќање на првобитната состојба, пад на аргентинската воена хунта.
Завојувани страни
Аргентина
Аргентина
Обединето Кралство
Обединетото Кралство
 Фолкландски Острови
Команданти и водачи
Претседател Леополдо Галтиери
Вице-адмирал Хуан Ломбардо
Бригаден генерал Ернесто Креспо
Бригаден генерал Марио Менендес
Премиер на Обединетото Кралство Маргарет Тачер
Адмирал Сер Џон Филдхаус
Под-адмирал Сенди Вудвард
Генерал-мајор Џереми Мур
Жртви и загуби
649 загинати
1.068 ранети
11.313 заробени
2 бомбардери
35 ловци
4 Карго авиони
25 специјални авиони
9 авиони за обука
25 хеликоптери
1 крстосувач
1 подморница
4 карго бродови
2 патролни чамци
1 разузнавачки брод
258 загинати[1]
777 ранети
115 заробени
10 ловци
24 хеликоптери
2 разурнувачи
2 фрегати
1 десантен брод
1 амфибиско возило
1 товарен брод
4 бродови повлечени[2]

Војната била предизвикана од окупацијата на Јужна Џорџија од страна на Аргентина на 19 март 1982, а потоа и на Фолкландите, а завршила кога Аргентина се предала на 14 јуни истата година. Војната не била објавена од ниедна од страните. Првобитната инвазија од Аргентина била објаснета како враќање на сопствената територија, а од страна на Британија била сметана за инвазија на британска прекуморска територија.

Во времето пред војната, Аргентина била зафатена од голема економска криза и граѓански немири против воената хунта која владеела од 1976.[3] Аргентинската воена власт настојувала да ја задржи моќта преку пренасочување на вниманието на јавноста на вековниот спор со Британија околу суверенитетот на островите[4], но не очекувала дека Британија ќе одговори со воена сила.[5]

Суверенитетот на Фолкландските острови е предмет на тензии кој ескалирал кога на 19 март група најмени аргентински трговци го истакнале знамето на Аргентина на Јужна Џорџија, што подоцна било сметано за првиот офанзивен акт во војната. Аргентинската воена хунта, сметајќи дека Британија може да го засили военото присуство во јужниот Атлантик,[6] ја наредила инвазијата на островите за 2 април.

Веста за инвазијата најпрво стигнала во Британија преку аматерско радио.[7] Британија најпрво била изненадена од нападот на Аргентина, и покрај повеќекратните предупредувања од своите морнарички офицери за можната инвазија.[8][9] Само неколку недели подоцна, Британците започнале поморска и воздушна офанзива, и за кусо време ги зазеле островите и ги заробиле сите аргентински војници што биле стационирани на нив.

Аргентина сè уште и понатаму ги смета островите за свои, кои ги нарекува Малвински.[10]

Политичките ефекти од војната биле силни и во двете земји, со бранови на патриотизам: поразот во Аргентина предизвикал уште поголеми протести против воената власт, која конечно и паднала; во Британија воената победа предизвикала силна поддршка за владата на Маргарет Тачер и нејзин повторен избор на парламентарните избори во 1983.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица