19 март

датум
<<март>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
2024

19 март — 78-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (79-и во престапна година). Остануваат 287 денови до крајот на годината.

Настани:

1628 Англичаните во Америка ја основале колонијата Масачусетс.
1903 Идеологот на ТМОРО, Гоце Делчев со својата чета го разурна тунелот кај реката Драматица (Ангиста), Серско. Тоа беше последната негова акција против османлиската власт пред неговата смрт.
1943 Основана е Комунистичката партија на Македонија, како македонски оддел на Сојузот на комунистите на Југославија.
2017 Франк-Валтер Штајнмајер станува претседател на Германија.

Родени:

1590 Вилијам Брадфорд — англиски предводник на основачите на колонијата Плимут во Масачусетс.
1629 Алексеј I Романов — руски цар.
1813 Дејвид Ливингстон — шкотски истражувач на африканскиот континент.
1818 Петар Прерадовиќ — хрватски писател.
1873 Макс Регер — германски композитор, пијанист и музички педагог, претставник на доцниот романтизам.
1888 Јозеф Алберс — германско-американски сликар.
1900 Фредерик Жолио – Кири — француски физичар.
1910 Страхил Андреевски — македонски боксер.
1933 Филип Рот — американски писател.
1942 Салаедин Билал — македонски глумец од турска националност.
1943 Митко Маџунков — македонски писател.
1947 Глен Клоус — американска глумица.
1949 Валери Леонтјев — советски и руски поп-пејач.
1955 Брус Вилис — американски глумец.
1956 Егор Гајдар — руски економист.
1959 Тери Хол — англиски рок-музичар, член на групата The Specials
1960 Тодор Петров — македонски политичар.
1966 Ања Рупел — словенечка поп-пејачка, членка на групата Видеосекс.
1971 Лазар Еленовски — министер за одбрана на Република Македонија.
1976 Алесандро Неста — италијански фудбалер.
1976 Петар Грашо — хрватски поп-музичар.
1977 Емил Калешковски — македонски поет.
1979 Хидает Туркоглу — турски кошаркар.
1979 Иван Љубичиќ — хрватски тенисер.
1981 Коло Туре — фудбалер од Брегот на Слоновата Коска.
1981 Стив Камингс — британски велосипедист.
1987 Милош Теодосиќ — српски кошаркар.
1988 Максим Михајлов — руски одбојкар.
1993 Хаким Зијеш — марокански фудбалер.
1995 Ектор Белерин — шпански фудбалер.
1997 Рута Мејлутите — литванска пливачка.

Починале:

1241 Александар III — шкотски крал.
1721 Климент XI — римски папа.
1987 Луј де Број — француски нобеловец.
1982 Адем Гајтани — македонски поет и преведувач.
1997 Вилем де Кунинг — холандско-американски сликар.
2008 Артур Ч. Кларк — британски писател на научна фантастика.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица