Халал
„Халал“ (حلال, халаал) е арапски поим со значење „дозволено“. Во контекст на исхраната, поимот означува храна која е дозволива според исламските закони. Се смета дека 70% од муслиманите ширум светот го запазуваат овој начин на исхрана.[1] Антоним на овој збор е зборот „харам“.
„Халал“ како збор
Употребата на поимот варира од арапските говорници до оние кои го користат како заемка или сосема странски збор. На пример, во македонскиот, како турцизам/архаизам се употребува турската варијанта „Алал!“ како извик на одобрение за некој или нешто.
Во арапските земји, зборот се користи за сѐ она што е дозволиво според исламските закони, за разлика од харам, што го означува сѐ она што е забрането. Ова го подразбира човековото поведение, вербалната комуникација, облеката, однесувањето, манирите и законите на исхрана.[2]
Вон Арапскиот свет поимот најчесто се употребува во потесна смисла, само за исламската исхрана, особено кога се работи за месо и живина, иако може да има и поопшто значење.[3]
Различни видови на „халал“
Дабишки „халал“
Приврзаниците на оваа филозофија сметаат дека за храната да биде „халал“, таа не смее да биде забранета и животното мора да биде заклано според традиционалните правила пропишани во Суната, познати како дабиха. Ова е најстрогата дефиниција за „халал“.
Категорички забранети супстанции
Коранот забранува разни супстанции како недозволени („харам“) за консумирање:
- Свинско, или какви било свински производи (како да речеме пача) (Куран, 2:173)
- Крв (Куран, 2:173)
- Животни заклани во било чие име освен Божјето (Куран, 2:173)
- Мрша (Куран, 5:3)
- "Острозаби ѕверки" според Суната - сите месојадни животни, со исклучок на највеќето риби и морски животни
- Сите опојни средства (особено алкохолот). (Куран, 2:219)
Постојат извесни несогласувања помеѓу муслиманите во врска со морската храна, особено во врска со грабливите морски животни. Заставовите на исламските учени, IFANCA (Исламскиот совет за храна и исхрана на Америка) вели:[4]
- Сите се согласуваат дека рибите со крлушки се „халал“
- Сунитите ги сметаат сите риби за „халал“, додека некои Шиити сметаат дека само шкампите и рибите со крлушки се „халал“[5] Во рамките на Ханафистичката школа преовладува мислењето дека морските плодови (шкампите, јастозите, крабите, школките итн.) се забранети.
- Највеќето се согласуваат дека жабите се забранети заради забраната на нивното убивање во Хадисот. Муслиманите од југоисточна Азија сметаат дека животните кои живеат и на копно и во вода (како водоземци, некои влекачи и некои видови птици) не се за јадење.
Поврзано
- „Харам“
- Исламска исхрана
- Дабиха
- Кашрут
- Чисти животни
- Нечисти животни