1226

година
< XII векXIII векXIV век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900

1226 (MCCXXVI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1226 година од новата ера, 226. од вториот милениум, 26. од XIII век и седма од 1220-тите.

1226 во разни календари
Грегоријански календар1226
MCCXXVI
Ab urbe condita1979
Ерменски календар675
ԹՎ ՈՀԵ
Асирски календар5976
Балиски календар1147–1148
Бенгалски календар633
Берберски календар2176
Будистички календар1770
Бурмански календар588
Византиски календар6734–6735
Кинески календар乙酉年 (дрв. петел)
3922 или 3862
    — до —
丙戌年 (огн. куче)
3923 или 3863
Коптски календар942–943
Етиопски календар1218–1219
Еврејски календар4986–4987
Хиндуистички календари
 - Викрамска ера1282–1283
 - Сачка ера1147–1148
 - Кали-југа4326–4327
Холоценски календар11226
Игбоански календар226–227
Ирански календар604–605
Исламски календар622–624
Јапонски календарКароку 2
(嘉禄2年)
Јавански календар1134–1135
Јулијански календар1226
MCCXXVI
Корејски календар3559
Мингуо-календар686 пред Р. Кина
民前686年
Нанакшахи−242
Тајландски сончев календар1768–1769
Тибетски календар阴木鸡年
(женско дрво-петел)
1352 или 971 или 199
    — до —
阳火狗年
(машки оган-куче)
1353 или 972 или 200

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6734 и 6735 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5976 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4986 и 4987 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1979.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1226 година се протега во 3862 и 3863, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3922 и 3923 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1769. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 622 и 624 исламска година.

Настани

  • Папа Хонориј III го екскомуницирал Ремона VII од Тулуза.
  • Кралот Луј VIII започнува голема јужна офанзива против Катарите и Грофовија Тулуза. Рамон Беренгер IV ја користи можноста да го потврди својот авторитет над автономните општини на своите територии. Повеќето градови мораат да го прифатат авторитетот на грофот, но Марсеј и Ница се спротивставиле[1]. Луј VIII го освоил Авињон.
  • 8 ноември - Луј IX започнува да владее, по смртта на Луј VIII.
  • Кралот Саншу II Португалски започнува голема офанзива против муслиманите и го зазема градот Елвас[2].
  • На градот Нанитон му е доделен статус на трговски град од страна на кралот Хенри III.
  • Во Норвешка, Роберт ја пишува Saga Af Tristram ok Ísodd, една од ретките целосно преживеани верзии на легендата за Тристан и Изолда[3]
  • Поради стравот од моќта на Ломбардија, Фридрих II, цар на Светото Римско Царство, ги натерал да го обноват својот сојуз како би се одржал мирот според договорот од Констанца. Царот истовремено им ги одзел и нивните привилегии.
  • Во југоисточнна Индокина, Јаја Парамесвар-Аварман II е крунисан за крал и повторно неговото Кралство Чампа се осамостоило.
  • Џингис-кан организирал поход за да го казни непослушното вазалско кралство на Тангутите.
  • За првпат се споменува градот Рајнбек.
  • Фридрих II го прогласува градот Либек за слободен царски град.
  • За првпат се споменува градот Гревесмилен.
  • Војводата Хајнрих I на градот Лебус му доделува статус на град.
  • Основан е манастирот во Прец и е доделен на монасите.
  • Изградени се градските ѕидини на Дутинхем, денешна Холандија.
  • Биоград на Море е споен со епархијата Скрадин.

Родени

  • 21 март - Крал Карло I Анжујски (п. 1285)
  • 21 јуни - Крал Болеслав V Пјаст (п. 1279)
  • Абу ел-Фараџ бин Харун - сириски научник, историчар и епископ (п. 1286)
  • Хетум I, крал на Ерменија
  • Гертруда Бабенберг (п. 1288)

Починале

Луј VIII
  • 7 март - Вилијам Долгиот Меч, англиски воен водач
  • 16 септември - Пандулф Верацио, римски црковен политичар
  • 3 октомври - Франциск Асиси, италијански светец (р. 1181 или 1182)
  • 8 ноември - Крал Луј VIII (р. 1187)
  • 14 ноември - Фредерик Исенберг, германски (р. 1193)
  • непознатадата - Роберт де Рос, англиски барон (р. 1177)
    • Света Беатриса де Есте, италијански светец
    • Агнес Австриска, ќерка на Леополд VI, војвода на Австрија

Наводи

Надворешни врски

  • 1226 на Ризницата ?
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица