1287

година
< XII векXIII векXIV век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900

1287 (MCCLXXXVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1287 година од новата ера, 287. од вториот милениум, 87. од XIII век и осма од 1280-тите.

1287 во разни календари
Грегоријански календар1287
MCCLXXXVII
Ab urbe condita2040
Ерменски календар736
ԹՎ ՉԼԶ
Асирски календар6037
Балиски календар1208–1209
Бенгалски календар694
Берберски календар2237
Будистички календар1831
Бурмански календар649
Византиски календар6795–6796
Кинески календар丙戌年 (огн. куче)
3983 или 3923
    — до —
丁亥年 (огн. свиња)
3984 или 3924
Коптски календар1003–1004
Етиопски календар1279–1280
Еврејски календар5047–5048
Хиндуистички календари
 - Викрамска ера1343–1344
 - Сачка ера1208–1209
 - Кали-југа4387–4388
Холоценски календар11287
Игбоански календар287–288
Ирански календар665–666
Исламски календар685–686
Јапонски календарКоан 10
(弘安10年)
Јавански календар1197–1198
Јулијански календар1287
MCCLXXXVII
Корејски календар3620
Мингуо-календар625 пред Р. Кина
民前625年
Нанакшахи−181
Тајландски сончев календар1829–1830
Тибетски календар阳火狗年
(машки оган-куче)
1413 или 1032 или 260
    — до —
阴火猪年
(женски оган-свиња)
1414 или 1033 или 261

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6795 и 6796 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6037 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5047 и 5048 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2040.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1287 година се протега во 3923 и 3924, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3983 и 3984 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1830. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 685 и 686 исламска година.

Настани

По место

Африка

Азија

  • 4 април - Вареру го создава Кралство Хантавади во денешна Долна Бурма.
  • 14 мај - 16 јули - Кублај-кан започнува голема офанзива против бунтовничкиот принц Најан во Манџурија.
  • Декември - Битка кај Паган: Теравадското будистичкото Кралство Паган (во денешен Мјанмар) е освоено од династија Јуен.
  • Монголскиот Илканат на чело со Аргун-кан го испраќа Рабан Бар Саума во Европа да преговара сојуз против муслиманските држави, посебно против Мамелучкиот Султанат.
  • Мамелучкиот султан ел-Мансур го освојува пристанишниот град Латакија во денешна Сирија.

Европа

  • 17 јануари - Потпишен е договорот од Сан Агајз. Кралот Алфонсо III Арагонски го освојува островот Менорка од Маврите.
  • Февруари - Поплава во јужна Англија. Бурата го уништува градот Винчелси[2].
  • 8 јуни - Востание на Рис ап Маредид во Велс. Револтот нема да биде потиснат до 1288.
  • 14 декември - Огромна бура во Северно Море и Ламанш, убива илјадници луѓе и го преобликува крајбрежјето на Холандија и Англија.
    • Во Холандија, се убиени повеќе од 50.000 луѓе
    • Во Англија, делови од Норфолк се поплавени, пристаништето Данвич е уништено заедно со голем број на цркви и манастири[3].
  • Кралот Едвард I наредува протерување на Евреите и го конфискува нивниот имот.
  • Монголската Златна Орда, предводена од Толобуга и Ногај-кан, ја напаѓа Полска по третпат..
  • Во Арагон започнува востание од аристократите. Ова го присилува Алфонсо III Арагонски да направи отстапки за благородништвото.[4]. Кралот им дава на своите барони права, познати како Privilegium Generale[5].
  • Во Милано, Матео I Висконти е именуван за capitano del popolo (капетан на народот).

По тема

Уметност и култура

  • Олтарот од црквата Свети Јаков во Пистоја, Италија е започнат со изградба. Тој нема да биде завршен речиси 200 години.
  • Боденвердер добива градски права.
  • Линшепинг добива градски права.
  • За првпат се споменува населбата Гримен.

Стопанство

  • Италијанскиот град Сиена за првпат наметнува присилен заем на своите даночни обврзници, што е заедничка одлика на средновековните јавни финансии[6].
  • Маркранштет е споменет како трговски град.

Религија

Менорската катедрала денес

Родени

Починале

Наводи

Надворешни врски

  • 1287 на Ризницата ?
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица